Витаминка - Прилеп

Дискусија во форумот 'Гурманско катче' започната од .Lost Angel., 27 октомври 2012.

  1. .Lost Angel.

    .Lost Angel. Гостин

    Повеќето имаме слушнато па и купено по некој производ од фабриката Витаминка ( Прилеп ) некој има омилени производи некој не но сепак ќе се потрудам да ве запознаам повеќе со оваа наша фабрика која според мене со која треба да се гордееме што ја имаме во нашата земја. :)

    Информации за компанијата

    "Витаминка" е целосно приватизирана компанија, со процес завршен во 1999 год. Доминантниот пакет на акции се наоѓа во помала група на вработени во компанијата. Процесот на концентрацијата на акциите продолжува.

    По нашиот слоган "Свет на вкусови", по производната програма со широка лепеза на вкусови (слатки и солени, и кисели и лути), по програмите на производството на производи за предјадења, и за појадења, по додатоците за јадењата, по десертите, по производите за ужина, по производната програма за сите возрасти на населението, светот се повеќе не препознава, со основна стратегија да тоа и натаму се повеќе го шириме и потврдуваме, кај се' поиширока група на потрошувачи низ светот.

    "Витаминка" нема групи на производи посебно наменети за домашниот а посебно за странските пазари. На квалитетот на производството подеднакво се приоѓа без разлика на тоа за каде е наменето.

    Клучната стратегија на компанијата е да во иднина се' повеќе излегува на светските пазари со целокупната своја производна прогрма, која стратегија од година во година се повеќе и повеќе дава високо' позитивни резултати.

    Мали сме како фирма, но големи по знаење, со големи и рални желби но и упорност за континуиран развој, и за постојано ширење на пазарите ширум светот.
    Историјат

    Прехранбената индустрија "Витаминка" ја заврши 2007-та година со забележително позитивни резултати подобри од остварените во 2006-та кои заслужуваат да бидат потенцирани уште во почетокот на овој вовед.

    - Ја зголеми реализацијата на домашниот пазар за цели 12%,

    - Го зголеми и обемот на продаја на странските пазари за 7,0%,

    - Го зголеми бројот на нововработени за околу 7%,

    - Ја приврши инвестицијата, една од најголемите од нејзиното постоење за производство на меки кекси прелиени (или не) со чоколадо, со додаток на желе маса (или без неа), чиј старт во производство се очекува оваа година и

    - Пушти во производство печено мелено кафе и еѕргеѕѕо кафе.

    Севкупните ефекти од работењето од аспект на остварениот профит, ќе беа далеку поголеми доколку не се случеа познатите настани на сите пазари со огромниот раст на цените на земјоделските сировини и производите од нив кои посебно дојдоа до израз од есента во минатата година.

    Растот на цените на мастите од растително потекло, на млекото и прашкастите производи од него, на царевката и преработките од неа, на јајцата во прав, на цените на нафтата и сл., буквално го преполовија профитот кој се очекуваше во забележителна големина во таа година.

    Клучните зафати кои беа реализирани и од кои зависи во најголем степен и штета на работењето на "Витаминка", иднина од наредните 5-10 години, беа следните два:

    Под прво, компанијата го прошири, докомплетира , и го оспособи за ефикасна работа - стручниот кадар од областа на продајата, млад стручен кадар како одлична база и гаранција за идното очекувано добро работење на овој во следните 5-10 години. И како второ, ја приведе во завршна фаза инвестицијата поврзана со изградбата на новата фабрика за производство на меки кекси (soft cake) која се очекува да влези во редовно производство до средината на оваа година.

    Фабриката за течен природен јаглен двеоксид, пред се за примена во газираните сокови и минерални води, се повеќе го стабилизира работењето, го зголемува производството и продажбата со план да во оваа година нејзиното работење до максимум ги даде очекуваните резултати. Во оваа фабрика се очекува и влез на странски капитал кое нешто се совпаѓа со генералната концепција за идното работење и развој на "Витаминка".

    Моменталните активности потврдуваат дека "Витаминка" се повеќе и повеќе го зголемува бројот на своите купувачи во земјава и во странство но и го зголемува, шири, бројот на земји во кои ги пласира се повеќе своите производи . Квалитетот на производите кои ги има , нивниот постојан и многу добар квалитет, убавиот и ценет дизајн на поединечните и транспортните паковања, експедитивноста во испораките и релативно ниските продајни цени во однос на квалитетот на производите, се основните карактеристики кои ја одбележуваат работата на "Витаминка".

    Во годинава во која работиме, ќе продолжиме по зацртаниот план на работа и развој со многу повеќе посветување на работа и време на воведувањето на новите производи - кексите во редовно производство и на пазарот како и брзо ширење на асортиманите кои ќе се произведуваат во оваа наша нова фабрика..

    "Витаминка" врши интензивни припреми на ширење на капацитетот на snaks (флипс и corn flakes) производството, на ширењето и модернизирањето на производството на кечапите и мајонезите, на модернизирање и проширување на капацитетот на здравите, витаминизирани инстант напитоци и на модернизирањето на работењето на Логистичкиот центар.

    "Витаминка" навлезе во новиот 5-10 годишен период на развој и работа во кој длабоко е убедена дека ќе го продолжи своето успешно работење како и досега, без разлика на крупните и крајно опасни светски случувања поврзани со растот на цените на прехранбените сировини и нивна делумна пренамена за други потреби.

    Резултатите од работењето во почетокот на годинава споредени со истиот период од минатата, го поткрепуваат овој наш оптимизам, и ни потврдуваат дека зафатите кои ги презедовме во минатата година биле целосно исправни.
    Сертификати

    На 30ти март 2005 година П.И. „Витаминка“ А.Д. ја објави имплементацијата и сертификацијата на HACCP системот за своите индустриски операции со храна
    haccpbig.jpg
    Производи:
    losopStpoi.jpg
    Стоби Флипс

    Стоби флипс е екструдиран производ со врвен квалитет, кој се произведува од првокласен пченкарен гриз, прелиен со прелив од печена мелена кикирика, растителна маст, сол и други додатоци.
    Привлечниот вкус и изобилството со комплексот на витаминот В го прави Стоби флипс погоден за консумирање во секоја прилика и во секој дел од денот како инстант храна. Стоби флипсот е популарен кај сите генерации, а најомилен е сепак кај децата.

    Бар кодови:
    150gr - 5310005010191.
    85gr - 5310005003117.
    40gr - 5310005003117.
    icia0cgnri.jpg
    Чоколадни морски школки АТЛАНТИС

    Традицијата, љубовта и умеењето ги обликуваат чоколадните морски школки - Атлантис.
    Тие се произведуваат со современа технологија од одбрани и рафинирани состојки.
    Прекрасниот вкус на млечното чоколадо идеално е надополнет со маса од лешник и арома на ванила.
    По квалитетниот чоколаден производ се трага цел живот, затоа запрете сега и уживајте во фантастичните форми и вкусот на Атлантис.

    ppSigbtsit.jpg
    ЧОКО СТОБИ ФЛИПС (црн)

    Овој производ претставува екструдирано јадро од житарици прелиено со првокласно млечно чоколадо.

    Чоко Стоби Флипсот спаѓа во групата на чоколадирани производи на „Витаминка“ кои се изработуваат од чоколадирани јадра на лешник, леблебија,кикиритка и суво грозје.


    Несекојдневниот вкус на Чоко Стоби Фипсот како и привлечната дизјанирана амбалажа го привлекуваат вашето внимание.
    tlmrciciel.jpg

    СИРИУС - Млечен бел крем
    Полнетите чоколада Сириус со тежина од 32gr се произведуваат со најсовремена технологија, а направени се од одбрани и рафинирани состојки.

    Тие се произведуваат од најквалитетно млечно чоколадо со различен полнеж, а ги има во четири асортимани.

    kdmtiimocr.jpg

    ВИТАКРЕМ (кафено-бел)

    Витакрем е мешавина од какао и млечен крем со лешник. Овој првокласен производ ја освои детската фантазија и трпеза со својот неодолив вкус на лешник. Витакремот е подеднакво вкусен и како додаток на разни други слатки задоволства како на пример крем палачинките.

    Се произведува и Витакрем - какао крем (само какао маса), за оние потрошувачи кои го преферираат само тој вкус.
    coTtTotlsc.jpg
    ТВИСТЕР (чоколаден прелив)

    Чоколадниот прелив Twister од 'Витаминка' претставува извонвреден и незаменлив прилог на голем број десерти.

    Тој може да се се користи како декорација на пудинзи, шлагови, торти, сладоледи и слично.
    n4taeami_t.jpg
    Melodi, чајно пециво прелиено со вистинско чоколадо

    Чоколадираното чајно пециво „Melodi“ е нов производ во нашиот асортиман.

    Во неговата припрема користени се квалитетни суровини и прелив од чисто млечно чоколадо кој е 23% од вкупната маса на кексите.

    Сигурни сме дека со својот висок квалитет овој производ брзо ќe го најде своето место на пазарот.
    cnocazygtg.jpg
    Витанез

    Витанез Екстра мајонезот е деликатесен производ со врвен квалитет. Се произведува од најквалитетни, внимателно одбрани, домашни сировини, како што се рафинираното сончогледово масло, жолчки и специјална комбинација на зачини.
    Витанез е збогатен со витамините А и Е кои го штитат организмот од слободните радикали, го подмладуваат и ја зголемуваат виталноста. Витанез се вбројува во редот на најдобрите, најпрефинетите и најприфатени мајонези во светот.
    cetTucTp33.jpg
    Томато (благ)

    Кечапот од „Витаминка“ е вкусен, незаменлив прилог кон многу специјалитети од месо и риба како и за популарните пици и сендвичи.
    Основна состојка на кечапот е доматот, којшто откинат од срцето на еколошки чистата македонска почва на овој производ му дава особен белег на изворност. Се произведува под имињата: „Томато кечап“, „Пица кечап“ и „Помфрито Кечап“. Кечапот го има во два вкусови, и тоа: кечап благ и кечап пикантно лут.
    Па повелете со коментарите околу производите и околу оваа компанија :)

    Се надевам дека на некој начин повеќе ве запознав со компанијата и со производите на Витаминка ( Прилеп )
    Имам уште повеќе за постирање бидејќи не може да се постира уште бидејќи до 18,000 карактери е дозовлено во текот на денов ќе постирам и за другите производи. (y)

    Прикачени податотеки:

    На AnonymousB, _Филип, Плавиот^ и уште 13 други им се допаѓа ова.
  2. Македонец

    Македонец мразам патетика во натпис

    Член од:
    12 февруари 2007
    Мислења:
    3.351
    Допаѓања:
    2.819
    Добро бе ти нормален ли си....у 3h отвараш теми за витаминка.....немаш осет дека се е затворено нема смока од кај да се купи????
    DeviAngel, Saladin, Петар Р. и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. .Lost Angel.

    .Lost Angel. Гостин

    :pos: е сеа зависи кај живееш :D сеа малце ќе се помачиш едно 2-3 км пеш :sneaky: и ќе си најдеш ако си од град :D
  4. Рудници и

    Рудници и ...железарница

    Член од:
    9 декември 2009
    Мислења:
    9.254
    Допаѓања:
    12.017
    За квалитетот е неспорно, меѓу најдобрите фирми за храна кај нас.Верувам цел форум мање више е со исто мислење, е сега да искористам забелешка можда некој од вработените е на форумов.
    Добро бе мајка му стара, кога планирате да спаковате мајонез не во тегла, не во најлон, туку во пластика како кечапот???Чоек, нејчам да сркам мајонез од тегла ебаго!
    Во Тамаро, во Стоп Шоп, во Тобако, на бенЅинска :icon_lol:
    На CiTro... и Tantur>.< им се допаѓа ова.
  5. .Lost Angel.

    .Lost Angel. Гостин

    aiKiinoT_h.jpg
    ЕКСТРА Пасиран Ајвар

    Ајварот и Лутеницата се вистински домашни специјалитети кои се подготвуваат според оригинални македонски рецепти. Богатата традиција на подготвувањето на благ и лут Ајвар го има доведено до совршенство вкусот на овој незаменлив прилог кон јадењата.

    Ајварот е пастеризиран производ, без конзерванси, коj се произведуваат со висока технологија. Ајварот се произведува во два квалитети: Ајвар и Екстра Ајвар.
    0CS10_S7CC.JPG
    Frutti jaffa soft cake, кекс со овошно желе

    Овај спој од мек бисквит прелиен со вкусно желе од портокал и сето тоа прелиено со квалитетно чоколадо е одичен деликатес за секоја прилика.
    _hnocklahc.jpg
    Чока Мока

    Корнфлексот претставуваат крцкави цереалии од пченка, со три вкусови, погодни за доручек на децата и целата фамилија, но и на сите оние кои сакаат лесен здрав и брзо припремен оброк.
    Tgmhgacki1.jpg
    Милкос

    Корнфлексот претставуваат крцкави цереалии од пченка, со три вкусови, погодни за доручек на децата и целата фамилија, но и на сите оние кои сакаат лесен здрав и брзо припремен оброк.
    ngPdagd40l.jpg
    Пудинг Ванила

    Пудинзите се лесни за подготовка и готови за неколку минути.Топли или ладни сервирани тие се вкусен десерт. Ги имаме со вкус на ванила, чоколадо и јагода.


    На marama. и Лубрикант им се допаѓа ова.
  6. stojatoni

    stojatoni

    Член од:
    8 август 2012
    Мислења:
    108
    Допаѓања:
    23
    Порано знаевме само за една прехранбена фирма во Македонија која беше синоним за квалитет:Тоа беше Агроплод

    Витаминка одсекогаш знаела да си прави мучки т.е малверзации.Пример за тоа се колачите со облик на морски плодови Атлантис.Порано редовно беа дел од нашата трпеза.Али откако почнаа да прават едни убави,па потоа да пуштат лоши веќе раскрстив и со нив.Супите им се катастрофа(според мене тотално утната работа е тоа што се зафатиле да произведуваат супи.Си го валкаат со нив брендот)

    Едноставно само смоките ги купувам.Внимавајте имаат смоки со 5 вида на напишани дати.Јас секогаш си земам исти и ми се погодуваат.

    Инаку се надевам дека во иднина,доколку престанат да ги прават оние (мајмунски)финти со два убави,а пет неубави и доколку квалитетот и вкусот на еден производ е ист верувам дека ќе ги користам повторно нивните производи....
    На stela_maris, AlternativeF и Ilumious им се допаѓа ова.
  7. .Lost Angel.

    .Lost Angel. Гостин

    tTaz5thiia.jpg
    Цевитана портокал
    Како што говори самото име, бонбоните-компримати се бонбони кои се произведуваат по светски познатата рецептура на компримирање.

    Бонбоните-компримати се произведуваат со природна арома на банана, лимон, портокал, малина, ананас, мандарина и јагода, а особено се популарни аромата на пеперминт и млечните бонбони Милко.
    Пеперминтот стимулативно делува на органите за дишење и ја освежува усната шуплина, а се произведува и диететска варијанта на бонбоните со оваа арома.

    eaaanmkta7.jpg
    Портокал
    Цевитана е инстант прашок за подготовка на освежителен витамински напиток со 9 витамини (А, В-комплекс, С и Д).

    Три до четири чаши Цевитана, подготвени брзо и едноставно, се сигурен начин за задоволување на потребите и надополнување на дефицитот од витамини во дневната исхрана.
    Цевитана е ароматизирана со природни ароми на лимон и портокал и не содржи вештачки засладувачи.
    Делотворната моќ на овој популарен витамински напиток е очебијна кај сите возрасти, а особено кај спортисти, деца, болни и пушачи.
    c9ttKieeht.jpg
    Милко Експрес инстант-какао
    Милко Експрес е инстант-какао производ кој служи за приготвување на извонреден какао напиток.
    Лесно се раствора во чаша топло млеко со што експресно се добива пријатен напиток. Особено е популарен кај децата. Милко Експрес е збогатен со витамините А, В1, В2 и С кои се неопходни во здравата дневна исхрана.

    k7tkaenTcc.jpg
    ogata_Soco.jpg
    СИНТАГМА - Млечно чоколадо

    Желбата да се направи квалитетно и добро чоколадо ги создаде новите млечни чоколада од Витаминка.

    Тие се произведуваат со најсовремена технологија од одбрани и рафинирани состојки.
    Квалитетно млечно чоколадо Синтагма се произведува во седум асортимани

    oodceltcot.jpg
    Чоколадо 'Чоко-Кидс'
    Традицијата, љубовта и умеењето ги обликуваат чоколадните производи на „Витаминка“.

    Млечното чоколадо „Чоко-Кидс“ се произведува со современа технологија од одбрани и рафинирани состојки.
    --- надополнето: 27 октомври 2012 во 03:17 ---
    Производите на Витаминка во Обединетите Арапски Емирати

    proizvodite-na-vitaminka-vo-obedinetite-arapski-emirati.jpg
    „Обединетите Арапски Емирати се последната дестинација на која ќе може да се најдат производите на Витаминка со што се отвора пазар од 8 милиони потрошувачи. Секако, нашиот пласман на светскиот пазар не застанува тука, бидејќи визијата на тимот на Витаминка е да работиме на експанзија и промоција на нашите производи секаде низ светот’’, изјави Љупчо Велески, директор на извоз на Витаминка.

    Прилеп (25.10.2012) - Витаминка го прошири својот пазар кон Обединетите Арапски Емирати, извезувајќи ги корнфлексите „Дардо“ и „Чока Мока“ и на арапскиот пазар.
    „Нашата компанија отсекогаш била извозно ориентирана, тоа го покажува и процентот на извоз што е речиси 50% од нашето производствоп. Со извозот во Обединетите Арапски Емирати отвораме дополнителен пазар од 8 милиони потрошувачи. Секако, нашиот пласман на светскиот пазар не застанува тука, бидејќи визијата на тимот на Витаминка е да работиме на експанзија и промоција на нашите производи секаде низ светот“’ - изјави Љупчо Велески, директор на извоз на Витаминка.
    Покрај извозот во Обединетите Арапски емирати, Витаминка започна и извоз на Чоко стоби флипс во Саудиска Aрабија. Со овој чекор, Витаминка го проширува својот пазар за дополнителни 28 милиони потрошувачи.
    Досега, Витаминка ги извезува своите производи во над 25 земји, станувајќи препознатлив бренд и надвор од границите на нашата држава. Кон тоа секако придонесува квалитетот на нивните производи. Едни од најпрепознатливите се секако крцкавите корнфлекси од пченка „Дардо“ и „Чока Мока“, кои се погодни за појадок на децата и целото семејство и претставуваат здрав и лесен за приготвување оброк.
    На Лубрикант му/ѝ се допаѓа ова.
  8. STEALTH

    STEALTH God is a DJ

    Член од:
    25 ноември 2011
    Мислења:
    4.874
    Допаѓања:
    5.606
    На Агроплод еурокремот што беше е најдобар у цел свет!
    Види Фотос, Пратеник, Morgan Freeman и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Psyside

    Psyside Nocturnal

    Член од:
    30 јануари 2009
    Мислења:
    12.874
    Допаѓања:
    11.305
    Се им е ок, ама Цевитаната е невидена утка, омилен производ ми се смоките.
  10. Бомбастичен Дрогираш

    Бомбастичен Дрогираш пензиониран дрогираш

    Член од:
    28 септември 2012
    Мислења:
    8.919
    Допаѓања:
    8.000
    Водечки најдобрата фабрика за храна во Македонија. Омилени производи немам т.е. сите ми се, а најмногу ги сакам овие Стоби Флипсот. Иначе браво за тебе што ја отвори темава.
    На marama. и Tantur>.< им се допаѓа ова.
  11. .Lost Angel.

    .Lost Angel. Гостин

    Редно беше да се помачам малце и јас :D Инаку во секој случај фала (y)
    На Rossonero :) му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Бомбастичен Дрогираш

    Бомбастичен Дрогираш пензиониран дрогираш

    Член од:
    28 септември 2012
    Мислења:
    8.919
    Допаѓања:
    8.000
    [​IMG]

    Како што говори самото име, бонбоните-компримати се бонбони кои се произведуваат по светски познатата рецептура на компримирање.
    Бонбоните-компримати се произведуваат со природна арома на банана, лимон, портокал, малина, ананас, мандарина и јагода, а особено се популарни аромата на пеперминт и млечните бонбони Милко.
    Пеперминтот стимулативно делува на органите за дишење и ја освежува усната шуплина, а се произведува и диететска варијанта на бонбоните со оваа арома.
    На Tantur>.< му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Kadaif

    Kadaif M.D.

    Член од:
    21 јануари 2008
    Мислења:
    2.311
    Допаѓања:
    1.407
    Со отворањето на Кам маркет на македонскиот пазар и нудењето на германски, поевтини и мноогу поквалитетни прехрамбени производи, не и се гледа светла иднина на Витаминка.
  14. Andrew

    Andrew ќ

    Член од:
    27 октомври 2011
    Мислења:
    4.444
    Допаѓања:
    10.025
    [​IMG]

    best !
    и смоките секако :)
    На Tantur>.< и Branchez им се допаѓа ова.
  15. Verdict

    Verdict Galadriel

    Член од:
    21 мај 2012
    Мислења:
    1.527
    Допаѓања:
    1.295
    Која утка секојдневно ја пијам не треси глупости, цевитаната ми е 100% поубава од онаа цедевита, пф нема врска. Абе наше си е наше.
    --- надополнето: 27 октомври 2012 во 11:11 ---
    http://www.sitel.com.mk/proizvodite-na-vitaminka-na-pazarot-na-obedinetite-arapski-emirati
    Одлично, браво !
    alekjov, тапа фраер, HoLfElDeR и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.

Сподели преку: