Вечерва овде, без тебе...

  • Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.665
Ми фалат твоите лиги. Буквално. :)
 
B

babsyy

Гостин
Денес без тебе, тапа :)
Ти ветив дека ќе го потрошам цел алкохол испиен вчера, нема да се качувам по столици веќе, да ме бркаат газдарици пошо им го реметам редот, нема да праам мрднати денс мувс, и да се смеам со задњи здив дур тромаво одам.
Ова му доаѓа ко "од утре не пушам" муабетот, али шта ќу, кога сум навлечена на тебе и вотка.:свиркам:
Толку време поминуваме заедно, што наместо да се заситам, осеќам необјаснива празнина кога не сме заедно.
Да ми ја бушавиш косата, да ме тешиш дека симпатично ми стои килцето плус и дека секако сум ти најубава, да ме креваш во раце и да се вртиме во круг дур се дерам да ме спуштиш, иако најсигурна сум во твоите раце.
Да си пуштаме хорор филмчиња и да пискам дур притаено под ќебенце ти се врткам, па да го баталиме филмот и да се мазиме. :noze:
Да ми го праиш секогаш утнатото горко кафе и подизгорената пица. А и таква ми е највкусна, мајке ми.
Ми фали твоето најубаво насмевче, твоите раце силно да ме стегаат околу половината. Само тогаш се чувствувам заљубено и сакано. :love:
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Јас на работа ти на работа и двајцата работни чоечи :D а добро овие 2 ипол дена што преостанвуаат да се видиме се ко 2 ипол недели... :/ Глупави се овие ноќи каде што сум без тебе... си знаеш знам ама сепак пак да те потсетам :D
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Во име на старите денови со задоволство би ти ја пуштила Black од Pearl Jam, ама џабе ќе биде се. Ти ни тогаш не разбираше, ни сега не би разбрал, после толку години. А и да разбереш, џабе, ти мразиш такви песни, најверојатно не си ни свесен за нејзиното постоење, ниту пак си ја слушнал некогаш.

Ама ако. И тоа е ок. Се е ок. Јас сум ок. Ти си ок. Под исто небо, а не се познаваме. Тоа е сосем ок. Велат дека ок не е доволно добро, ама во нашиот случај, тоа е најдобро.

Чудно е само како врнежливи денови ме потсеќаат на тебе. Има тука нешто. Можеби затоа што само дожд и ми донесе во мојот живот.
 
Член од
16 јуни 2014
Мислења
314
Поени од реакции
797
И вечерва без тебе...
И неможам да се навикнам без тебе...
И се е празно без тебе..
И се е бесмислено без тебе...
И секаде те барам, и секаде околу мене си, а не си...
Врежан си ми во главава, ми шеташ низ мисливе секоја секунда, како ехо ми се вртка низ глава твојот глас, твојата насмевка... и секоја помината секунда без тебе изгледа како вечност...
Ги затворам очиве и пред мене си ти, како ме гледаш, како ми се смешкаш, и одеднаш се појавува мала насмевка на моето лице...
Ми недостигаш.. секој миг !
 
Член од
6 август 2014
Мислења
5
Поени од реакции
16
Вечерва овде без тебе...
Исто ко и таа пред неа.
Имам потреба да ти се развикам, да те обвинам, барем за момент да живеам во илузијата дека ти си крив што се распаднавме, што не нема.
Ама јас си отидов, јас те оставив.
Затоа ќе ја спуштам слушалката. Ќе почекам уште некој ден.
Може ќе си ја признаам вината. Па ќе имам образ да те побарам.
 
Член од
8 јули 2014
Мислења
144
Поени од реакции
93
Вечерва овде без тебе ги повикувам спомените за ме присетат на времето кога беше до мене. Ги повикувам за да не ги заборавам, зошто потоа нема да можам да се сеќавам. А што ќе правам без сеќавањата? Сеќавањата на тебе ми се важни. Тие ме држат во живот. Ме охрабруваат да продолжам напред, без да застанувам. Ги доживувам, како трчање по оган без да се изгорам, како пливање во вода без да се натопам... Те чувствувам дека си блиску до мене, а се прашувам дали можеш да ме слушнеш вечерва. Дали можеш да го слушнеш гласот на копнежот по тебе кој гори во мене ? Многу работи никогаш не стигнав да ти ги кажам. Вечерва, и сите преостанати вечери ги кажувам постојано, ги кажувам насекаде. Би викал и на цел глас доколку знам дека дека ќе бидат слушнати од тебе. Но, не знам. Никогаш нема ни да дознаам. Останав сам. И покрај тоа што сите се окулу мене, јас оваа вечер сум сам овде без тебе. За жал за мене така ќе биде секоја моја вечер и секаде.
Ти си таму некаде, а јас вечерва овде и утре било каде засекогаш сум повторно без тебе...
(Ова што го напишав не е со љубовен мотив...)
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
1.966
Поени од реакции
2.876
Вечерва овде без тебе.. Баш ми е лабаво. Една од ретките вечери кога не излегувам натаму наваму да скитнам да утепам време и онака на тебе не ми ни текнува воопшто освен вака еднаш во 10 дена сосема случајно нешто ќе ме потсети на тебе.
Пс Мажи ли сте женски ли сте? Повеќето сте многу депресивни и се понашате бетер од женскине (за машките). Можеби и на фејсбук лупате вакви статуси и се губите како исцелителот? :)
 
Л

Лигеја

Гостин
Вечерва овде без тебе мило ми е што конечно се изјасни и расчистив со тебе засекогаш.Барем знам на што сум и ќе бидам мирна.Мислам дека никогаш повеќе не би се вратила дури и да ми простиш.Сфатив дека е опасно и за двете. :)
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Вечерва овде без тебе за прв пат се чувствувам слободна од обврска која ја имав кон тебе сите овие години. И мирна сум. Може по малку и се плашам, но секој нов почеток носи мали сомнежи и стравови. Ќе ги надминам, голема сум. Сепак пораснав со тебе и ти беше тој што секогаш ме храбреше дека можам се што сакам. Имај убав живот пиле, каде и да си, што и да правиш, понатаму без мене.
 
S

StormRage

Гостин
Рече дека ќе дојдеш да пиеме пиво.
Го испив пивото, сите 3 литра... Го изглеав Хобит пошо имаше добра снимка.
Животот одеднаш ми снема смисла исто како што снема пиво... Требит далеку да одам да си купам пиво, ќе продолжам со ракија.
Требаше да дојдеш да пиеме пиво... :kuracc:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom