Вечерва овде, без тебе...

  • Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување
P

Patrick

Гостин
Како минуваат деновите сфаќам дека секој миг поминат без тебе е залудно потрошен и одвеан во заборавот на бесполезноста. Анѓелу, мене животот не ме праша дали сакам да бирам надевајќи се на вистинскиот избор, јас едноставно бев допрен од нежната рака на љубовта која беше накитена со твоите очи и твојата насмевка. Немој да се плашиш и немај сомнежи, зашто твоето место седеше недопрено сиве овие години чекајќи да се појавиш ти и да седнеш на престолот. Жалам, но јас не можам да те сакам се повеќе и повеќе како што минуваат дните, затоа што мојата љубов е бесконечна и нема крај.

Зарем има ли нешто повеќе од и после бесконечноста?

Вечерва ладна е постелата, очајна е, како што сум и јас очаен, по твоето топло тело да ја загрее и разубави. Ги бројам деновите без тебе... вечност!
 
S

StormRage

Гостин
Сестра ми ме потсети дека деновиве ти бил роденден, а ја уште се смеам на дизелашот шо те шета... а уствари 25ти беше? или 26ти ? Пооојма неам...
 
P

parvati

Гостин
Не сам гу сакаја, ама шмекале смо се, по чаршију пијани
и видују гу после толко време, вози и ме собира, ни пет ни шес викам одамна се видуемо, а у сфе она беќарче, никад ништо не пробасмо поише, ск постари да пробамо, да идемо куде мене,ама нејќе, а има половину и гзе ненормално, овој според мушки муабет кажано, а слатка е и фина, овој според женски муабети а у
Е ск, дреми си дома, а ја туја , без тебе, а како се викаше?
Леееј а моеше да падне јако зе(г)зање
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Вечерва кажи ми што е љубов
моето срце вистината да ја знае
вечерва кажи ми што е среќа
кога се будиш и ме гледаш во очи
вечерва кажи ми дали ме љубиш
моиве раце ќе ти дадат се што сакаш
од мојот живот земи го секој трепет на љубовта

Вечерва кажи ми што е љубов
радост и тага заедно поминавме
вечерва кажи ми што е среќа
во своите срца да остане ме млади
вечерва кажи ми дал ме љубиш
кога нашиот прозор ќе светне во ноќтта
секоја моја нежност примија како збор на љубовта.
 
J

J.LO

Гостин
Вечерва овде без тебе ми е вечност..ништо нема смисла...дури немам ни воља да се поместам од креветов...сите околу мене се трудат да ми дадат барем малку воља за живот...им благодарам за подршката... веќе два дена се немам поместено од местово каде што седам...сите ги мрзам...се ме нервира...го молам небото за нас...да те слушнам да те видам... ништо не сакам..потребен си ми само ти...само си плачам и мислам дека тоа ќе ми ја излечи болката...и тоа помага но само на кратко...и пак кога ќе се сетам дека више те нема ме боли дури и секое влакно на косава....не знам дали од дното може подолу...:(
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Вечерва овде без тебе, како и многу ноќи без твојот глас. Пуштив музика но што кога ни таа не помага...не помагаат повеќе ниту песните а оние омилените веќе се досадни бидејќи времето ги погази. Ти додека спиеш таму далеку, а јас тука се прашувам што ли се измислија но едно не измислија...да можам ноќва на чудесен начин да се створам во твоето креветче, да те бакнам и топла прегратка да ти подарам. Знаеш ли кои ноќи се најдолги? овие ноќи во кои си во исчекуње нешто кое го чекаш, да го слушнеш,погледнеш, допреш, едноставно да те почуствувам. Да овие ноќи како да застаната часовникот, времето не минува...знам не била само оваа ноќ имало и предходни, но желбата како желба расте се повеќе и повеќе а ноќите стануваат се подолги. Вечерва јас тука без тебе на работа, ти во својот топол кревет нурната во соништата... да драга недостигаш.
 
Ф

Флеш

Гостин
Вечерва овде,без тебе
Наутро таму,со тебе
Ти си ми во мислите ...
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Вечерва овде без тебе
слушам шепоти во ноќта
и осеќам болка во градите
и се прашувам зар така мора да биде
зар животот мојата среќа ми ја краде,
и све додека се сеќавам на твојот лик
прекрасен лик, ќе плачам јас
јас знам дека твојот живот му припаѓа на друг
и тоа ми прави болка што не сопира
плачам бидеиќи се уште те сакам
плачам што моја повеќе неси.
 
Член од
11 септември 2008
Мислења
106
Поени од реакции
88
Светот губи смисла без тебе.Душата ми е празна.Се молам кога ќе заспијам во сон да те видам.Нема дел од секундата да не помислам на тебе.Твојата насмевка,твојот допир ме прогонуваат.Несебично сакав да бидеш среќна.Убеден дека не те заслужувам и неможам да те направам среќна те отргнав од мене потсвесно,а знаев дека ме сакаш,иако тоа никојпат не ми го кажа,го почуствував.Капка надеж останува во мене дека ќе ни се спојат патиштата и ќе бидеме среќни заедно.Те сакам,ти си дел од мене,те молам помисли на мене. :love:
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Поминавме заедно,само една луда ноќ,
после тоа никогаш,после повеќе никогаш
мислам дека животот сакаше да се поигра
една шанса да ми даде,после тоа никогаш
кога утрото се разбуди не беше повеќе тука
како се што донесе така се со себе однесе
чудната љубовна игра
твојте очи жалосни
твоето ведро лице
твоето право име
а те нареков кукличка,о моја кукличка
сега во сон го правам твојот лик
и него го љубам,о моја кукличка.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
ноќеска овде без тебе, јас сам и мојата гитара
Ајде свири,свири ти гитаро,тивко свири бидеиќи сум сам,
ајде свири ја онаа песна,бидеиќи сега тагувам знам,
свири да плачам, бидеиќи ја сакав само нејзе,
свири да плачам,бидеиќи таа повеќе не е тука,
свири да плачам, бидеиќи секоја ноќ ми е долга.
Таа повеќе не е тука, на друг ја даде љубовта сета,
а на мене ми остана само бол и тага,затоа свири...
свири вечерва овдека,бидеиќи таа отиде засекогаш.
 
Член од
8 јуни 2012
Мислења
374
Поени од реакции
830
Ми недостигаш многу.
Ми фалат нашите долги разговори на фб, понекогаш по навика го барам твоето именце на фб, луда сум знам...
Сакам да те слушнам но немам храброст да ти се јавам.
Можевме многу работи да имаме, само ако ми дадеше шанса.
Твојата рамнодушност уништи се.....
Се прашувам , ти фалам ли ?
Мислиш ли некогаш на мене ?
Криво ти е ?
 
Последно уредено:
Член од
25 февруари 2014
Мислења
41
Поени од реакции
32
Вечерва овде, без тебе.. тешко ми е, се прашувам дали повторно некој ќе ме привлекува толку многу како тебе..
Дали направив добра одлука таа вечер кога ти кажав дека не сакам да бидам со тебе, дека немам сили да се трудам за да те променам, да ти го покажам светот од друг агол?
Дали уште се правиш фраер, се курчиш, се тепаш, правиш глупости, муваш други девојчиња само за една вечер?
Дали твоите зборови дека ќе се промениш, дека ќе бидеш сосема друга личност беа вистинити?
И зошто чувствувам дека сум те издала, дека не сум ти дала шанса да бидеш подобра личност?
Зошто чувствувам дека кога си со мене, ко да бегаш од сите лоши работи..
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Се додека трае оваа ноќ
и додека треперат ѕвездите
сакам да имам среќни сни
и твојота топла прегратка.
Додека и последните светла се гасат
и во темнината тоне ноќта
јас те сакам покрај мене
бидеиќи те сакам
тебе те сакам
те сакам
 

Kajgana Shop

На врв Bottom