Ауфвидерзен Македонијо!

Член од
24 април 2008
Мислења
10.514
Поени од реакции
11.582
Еф да ти дам подршка и јас! Во слична ситуација сум! Добив понуда за работа во Немачка, а овде во МК кај и да се јавив за волонтирање, секаде глуви уши! А додека бев таму, на пробно, за 2 недели добив работна понуда, што секој сонува за тоа, а јазик само основа, али ценат способност и други работи....секако јазикот ќе го учам таму на курс, неколку месеци (во тој период ќе сум како на платена пракса), па после веќе ќе можам да барам работна виза...
А Господ не ми ја гледа маката 6 години се напраја кај што талкам навака натака по државиве, уште ова... а желба ми е Македонија, да си се средам, годинките тука за мажење, дечиња ова она... АМА... тоа е, патот под нозе и на печалба...
Ич не се лесни ваквите одлуки!
Еве и за тебе истиот коментар од пост #4874.
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Мојот коментар можеби ќе ти делува суров, но сепак е реалистичен.

Не само како лекарка, туку и како човечко суштество, несомнено го знаеш едно од златните правила на природата, кое гласи:

Децата речиси секогаш ги надживуваат и ги погребуваат сопствените родители.

Од тука следува заклучокот дека твојот избор е едноставен:

1. Можеш да останеш за да бидеш блиску до родителите и семејството, но кога повеќе нема да бидат меѓу живите - извини бидејќи делувам вака сурово - ќе се погледнеш во огледало и ќе видиш што си постигнала додека родителите ти биле живи, а што се си можела да постигнеш ако си заминела во странство во потрага по подобар живот и огромни се шансите да ти биде криво бидејќи си пропуштила ваква шанса;

или

2. Можеш да заминеш во странство во потрага по подобар живот и да ги посетуваш родителите секогаш кога ќе имаш слободно време, а благодарејќи на Интернетот, секој ден можеш да одржуваш редовен аудиовизуелен контакт со нив, а твоите родители сигурно ќе бидат пресреќни кога ќе видат како напредуваш, без разлика дали напредуваш во или надвор од Македонија.

Доколку веќе ги имаш решено прашањата за работничка виза, за сместување и кирија, за студиите, за секојдневните трошоци и за месечните сметки, и доколку сите овие трошоци можат да ти бидат покриени од платата што ќе ја примаш во Германија или во било која друга држава, само напред - искористи ја шансата што ти се нуди, бидејќи можеби нема повторно да ти се понуди ваква шанса.

Секако дека е тешко за родителите да живеат оддалечени од сопствените деца, особено бидејќи нашите родители се родени и израснати во Народна/Социјалистичка Република Македонија, која била дел од СФР Југославија - држава во која имале многу повеќе и многу поголеми можности од можностите кои ги имаме ние денес во денешна Република Македонија.

Се соочуваат со нова сурова реалност - дека сите сме оставени сами на себеси, во држава комплетно поинаква од таа која постоеше се до 8 септември 1991, држава која последниве повеќе од 5 години се обидува да им се продаде на странските профитери како даночен и профитерски рај со евтина работна сила, а во таква држава нема место за високообразовани личности кои сакаат да напредуваат и да примаат плати кои ќе бидат задоволителни не само за нивните најосновни потреби, туку и за да можат да остварат и класен напредок, односно од сиромаштија да напредуваат во средна класа - а во вакви околности, нашите родители не успеваат да најдат излез од ваквата сурова реалност.

Но во едно можеш да бидеш 100% сигурна - твоите родители, колку и да им е тешко да живеат оддалечени од тебе, сепак ќе бидат среќни знаејќи дека напредуваш, примаш плата не само за живот, туку и за трошење, и дека си задоволна од својата работа и својот работодавач.

Со тек на време ќе можеш да заштедиш доволно пари за да те посетат родителите во Германија, со македонски пасош можат да останат во туристичка посета дури 3 месеци во текот на годината без виза. Германија не е од другата страна на Атлантскиот Океан како САД и Канада, или уште полошо, од другата страна на планетата како Австралија и Нов Зеланд. Oсвен преку воздушен превоз, односно со авион, може и преку копнен превоз, односно со автомобил, со автобус и со воз да се пристигне од Македонија до Германија и назад, а ќе можеш и да дојдеш да ги посетиш нив во Македонија секој пат кога ќе бидеш слободна и со тоа ќе бидете подеднакво задоволни и среќни.

Батали ја - но за памет не ја заборавај - татковината која ги остава сопствените деца на милост и немилост на околностите, таква татковина не го заслужува ни твојот измет, а камо ли па твојата жртва за нејзиниот корумпиран здравствен систем или за, не дај Боже, во случај на војна да ги лекуваш наивните бранители кои не знаат или намерно игнорираат како завршија нивните претходници од војната во 2001 година.

И батали го - но за памет не го заборавај - тоа традиционалното македонско трпение-спасение, тоа е наменето за тие кои не сакаат да излезат надвор од сопствената психолошка ќелија која тие самите ја создале по своја волја и во која тие самите своеволно се затвориле.
Што би можел здрав разум да даде одговор на писаниево?Кога за писаниево би требало да гласам би дал чиста десетка...Би го препорачал за редовна терапија на небањативе како дневна доза пред и после спиење.
 
Rokko

SiFU 師父
Член од
30 мај 2014
Мислења
714
Поени од реакции
299
Јас еве исто да дадам коментар, јас на пример се повеќе размислувам како да направам некој фонд и да им помогнам на овие млади луѓе кои сакаат да работат у странство, да можам да им ги остварам желбите и да станат успешни во тие тамошни држави во кои има се !!!, само нема корупција, национализам и расизам, мешање на култури онака здраво, ГМО храна и нехемиски протеини, нема болести ама има вакцини кои се ефтини, сите на улица ти праќаат заводливи насмевки и те поздравуваат и едвај чекаат да те викнат на гости кај нив да се дружите. И ние кога сме таму секогаш си викаме, мајку му кај сме живееле досега во оваа дупка и мизерија наречена Македонија. Овде се ти е забрането само казни фрчат, ама една добра работа можеби е убаво да си ги гледам децата како си играат по комшиски дворови, и како многу полесно се социјализираат и покрај градинките и го развиваат основниот инстинкт како да преживеат.

За сите што сакаат да заминат, топло им го препорачувам документарниот филм Австралија, Австралија од 1976, и да македонски е, и да се работи за истите проблеми за кои денес зборуваме, а замислете тоа се 70-тите. Одете заработете, ама не заборавајте дека од Македонија сте и различни сте.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.023
Поени од реакции
949

Абе брат, Австралија, Австралија е сниман 1976 година, кога луѓето оделе од бес во австралија и кога во југославија навистина се живеело поубаво од таму. гледај дека само ние гнидите не можеме да се снајдеме. И јас сакам детето мое да го гледам како си игра по комшии во двор, ама умре тоа време. Нас не тепаа на училиште учителките, и беа авторитет, кој ќе биде авторитет за моето дете, некој што не го примиле земјоделски, па завршил во штип педагошки и некако влегол на работа, а поважно од тоа да ги усмери децата му е што земал пари на заем за да пише спортска, па сега се таму му е паметот, или наставничка што земала кредит за да го дошколува синот, па сега ќе мисли како да ти го воспитува твоето дете, а неможе крај со крај да врзе...тоа е реалност овде кај нас, во Скопјево кај вас може е поинаку или не си заприметил?
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Незнам како така се жалите немало работа :) кога ете пример завршуваш факултет и почнуваш да работиш во владата :vozbud::pos: Rokko има право ,како можи толку млади да бегаат кога има толку многу отворени работни места кај нас.

https://www.linkedin.com/pub/dragan-miloseski/93/584/38a

Ова е само еден околу 10 тина последно видов , од кој неколку се и Амбасадори или незнам на какви државни позиции.
За разлика од кај нас, во Данска имаат само еден министер кој што бил на 27 и тој е исклучок, бидејќи најчесто се професионалци со 10-20 години искуство на различни позиции релевантни на тоа што го работат.
 
Последно уредено:
I

izotop

Гостин
Последно уредено од модератор:

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Јас еве исто да дадам коментар, јас на пример се повеќе размислувам како да направам некој фонд и да им помогнам на овие млади луѓе кои сакаат да работат у странство, да можам да им ги остварам желбите и да станат успешни во тие тамошни држави во кои има се !!!, само нема корупција, национализам и расизам, мешање на култури онака здраво, ГМО храна и нехемиски протеини, нема болести ама има вакцини кои се ефтини, сите на улица ти праќаат заводливи насмевки и те поздравуваат и едвај чекаат да те викнат на гости кај нив да се дружите. И ние кога сме таму секогаш си викаме, мајку му кај сме живееле досега во оваа дупка и мизерија наречена Македонија. Овде се ти е забрането само казни фрчат, ама една добра работа можеби е убаво да си ги гледам децата како си играат по комшиски дворови, и како многу полесно се социјализираат и покрај градинките и го развиваат основниот инстинкт како да преживеат.

За сите што сакаат да заминат, топло им го препорачувам документарниот филм Австралија, Австралија од 1976, и да македонски е, и да се работи за истите проблеми за кои денес зборуваме, а замислете тоа се 70-тите. Одете заработете, ама не заборавајте дека од Македонија сте и различни сте.
Оди бе закопај главата во песок со твоите затуцани "размислувања" од 76та, а се плашам дека ни таму не би те примиле.
Нормално дека ќе бидеш од Македонија и различен ако не се трудиш да се вклопиш во општеството во кое си отишол, да живееш, пази, ти си отишол, не дошле они кај тебе, и продолжуваш да го тераш балканскиот сељачки менталитет "јас сум македонец и најпаметен, сега ќе видат они што е македонче хехе", со такво не-размислување ни дома нема да те сакаат, а не пак во друга држава.
Јас во Америка добив комплимент дека сум бил поамериканец од некои американци, ама јас немам проблем со балканскиот сењачизам и синдромот мало куре, т.ест "глупи американци, јас сум најпаметен хехе". Јас се водам по девизата ако си отишол да живееш во Америка прво ќе бидеш американец, па после се останато, ако си отишол во Тунгузија прво ќе бидеш тунгузиец па после се останато.
Инаку @Bojanata нека не те плашат со "нема да си го видиш семејството", "далеку е", па не живееме во камено време 76та, кога бев во уса мене моите искрено ми здосадија секој ден на скајп :icon_lol:, а и Германија не е којзнае колку далеку, ова што си го добила е шанса што се добива еднаш во живот, не ја пропуштај.
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Јас еве исто да дадам коментар, јас на пример се повеќе размислувам како да направам некој фонд и да им помогнам на овие млади луѓе кои сакаат да работат у странство, да можам да им ги остварам желбите и да станат успешни во тие тамошни држави во кои има се !!!, само нема корупција, национализам и расизам, мешање на култури онака здраво, ГМО храна и нехемиски протеини, нема болести ама има вакцини кои се ефтини, сите на улица ти праќаат заводливи насмевки и те поздравуваат и едвај чекаат да те викнат на гости кај нив да се дружите. И ние кога сме таму секогаш си викаме, мајку му кај сме живееле досега во оваа дупка и мизерија наречена Македонија. Овде се ти е забрането само казни фрчат, ама една добра работа можеби е убаво да си ги гледам децата како си играат по комшиски дворови, и како многу полесно се социјализираат и покрај градинките и го развиваат основниот инстинкт како да преживеат.

За сите што сакаат да заминат, топло им го препорачувам документарниот филм Австралија, Австралија од 1976, и да македонски е, и да се работи за истите проблеми за кои денес зборуваме, а замислете тоа се 70-тите. Одете заработете, ама не заборавајте дека од Македонија сте и различни сте.
Eve za site shto ne sakaat da zaminata od makedonija da vidat edno novinarsko istarzhuvanje na eden novinar od severniot ni sosed, toa normalno vazhi i za tebe kakov fond treba da napravish za tie shto sakat da zaminat jabana........
Gastarbajterski Beverli Hils
http://mondo.rs/a743754/Info/Drustvo/Gastarbajterski-Beverli-Hils.html
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
Ај и јас да се уклопам у муабетов.
Студент сум на стоматологија, средно завршив фармација. 3 години веќе учам германски, па летово се решив парите наместо за одмор да си ги дадам за курс по германски во Германија. Веќе подолго време целам кон тоа таму да се префрлам на факултет и таму да си ги завшам студиите. Тешко е, затоа што бараат С2 ниво, но возможно е, сите предмети се признаени, јазикот е најголем проблем.
На неколку наврати пробав овде да волонтирам, значи ДА ВОЛОНТИРАМ!!! Одгововорот беше: „Немаме време девојче, а и вие студентите само сметате во сала“, или пак воопшто немаше одговор - лупање врата, онака дрско. Пратив на неколку места CV-а, за мизерна плата, пошо сум студент, па да си закрпам некои трошкови. Од тие неколку CV-а, едно пратив во Германија. Само од Германија добив повратен одгворов, на нашиве изгледа им е испод честа да ми одговорат, јер студент ваљда! ОСТВАРУВАМЕ нели? Пред два дена го имав првото интервју за работа, преку скајп, на германски. Работодавецот беше задоволен ... јас од него премногу. Разговарав со прав Германец, не со Балканец. Ми беше понудена солидна плата ко за почеток. Тоа ми е и целта колку да си го закрпам курсот и после да си терам даље, ако имам среќа, јбга.
На татко ми кога му кажав, занеме, очине му се насолзија, ама ништо не кажа. Страв му е, знам, ама не вика не. Душава ми се кине и мене, два дена око не можам да склопам, ама овде ко лајно да ме третираат нема да си дозволам!
А за Грујчињава шо коментираат погоре ... Шо ви е бе сонциња? При свест ли сте?
tatko ti ako te saka iskreno i ti misli dobro,kje ti go plati patot do germanija(ako firmata vekje ne se ponudila da go plati)
sve drugo bi bilo sebicnost(tapa e tuka nema idnina nema rabota,ama neka sedi da si ja gledam sekoj den).
povekje strav treba da mu bide ako ostanes tuka i umiras na ednakvi mesecni rati
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.374
Поени од реакции
1.948
Незнам како така се жалите немало работа :) кога ете пример завршуваш факултет и почнуваш да работиш во владата :vozbud::pos: Rokko има право ,како можи толку млади да бегаат кога има толку многу отворени работни места кај нас.

https://www.linkedin.com/pub/dragan-miloseski/93/584/38a

Ова е само еден околу 10 тина последно видов , од кој неколку се и Амбасадори или незнам на какви државни позиции.
За разлика од кај нас, во Данска имаат само еден министер кој што бил на 27 и тој е исклучок, бидејќи најчесто се професионалци со 10-20 години искуство на различни позиции релевантни на тоа што го работат.
Еве што има да каже на темава еден од тоа "вундеркиндите":

Една од работите што ги работам во партијата е дијаспората. Комуницирам со дијаспората и во Швајцарија и во Канада и знам како живеат нашите таму. И верувајте дека живеат многу полошо од тоа што го кажуваат и покажуваат. Тие кога ќе дојдат тука сакаат нешто и да покажат, а тоа не е реалноста. И второ има една работа во економијата која се вика вредност на парите. Значи 100 евра во Македонија и во Германија не се исто. Во Македонија со 100 евра може да се направат доста работи, а во Германија можете да платите вечера“, рече Николовски.
http://www.slobodnaevropa.mk/content/article/26693405.html
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Еве што има да каже на темава еден од тоа "вундеркиндите":

http://www.slobodnaevropa.mk/content/article/26693405.html

:tapp: ох, уствари не ни очекував дека вакви надпросечно интелегентни луѓе можи да напишат нешто паметно :)

Мислам дека во Северна Кореја шират помалку невистини отколку кај нас.
Прати овај дел

"Пратеникот Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ ги советува младите да останат дома, бидејќи шансите за успех дома се поголеми од многу причини. Пратениците од владејачкото мнозинство тврдат дека во Собранието се води доволно дискусија за проблемите на младите. Младите пак, велат дека се уште во земјата не се слушна нивниот глас."

„Имам два става по однос на иселувањето на младите. Прво, станува збор повеќе за создаден впечаток отколку за реалност, поради тоа што согласно информациите коишто ги имам, во последните 20 години од Република Македонија се имаат иселено најмалку лица во историјата, не на државата, туку воопшто на територијата на Македонија. За жал, Македонија и целиот регион е печалбарски регион. Нас не ни се соседи ниту Германија, ниту Австрија, соседи ни се Србија и Бугарија и заминуваат луѓе и од Македонија и од Бугарија и од Србија и од Грција. Тоа е процес што апсолутно се случува, но не се случува во бројка во која што се дискутира во јавноста, односно бројката е далеку помалку од тоа“, рече тој.

Дури сега разбрав дека јас не сум иселен дека уствари Македонија живеам, и дека сум најдвор од државата е мојот сон или пак халуцинација :facepalm::facepalm:
 
Член од
30 јануари 2014
Мислења
530
Поени од реакции
279
еден совет за сите што се иселиле или планираат. Гледајте што побрзо да се прилагодите на новиот живот. Адаптирајте се, Македонија во срцето, но разумот и сите сетила во новата средина, така побрзо ќе успеете во вашите цели.
Ако псотојано размислувате, ако идозволите на носталгијата да ве победи, ќе ви биде многу тешко.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.374
Поени од реакции
1.948
:tapp: ох, уствари не ни очекував дека вакви надпросечно интелегентни луѓе можи да напишат нешто паметно :)
Не само интелегентни туку и борбени.
Е сега можете да речете, добро ти си станал пратеник. Да, сум станал поради тоа што сум се борел да станам. Така што мојот совет е да се борите тука, бидејќи најлесно ќе успеете.
Уште да им кажел на децава како тоа он се изборил за на 22 години да стане пратеник,и на текстов ќе требало да му се додаде- не се препорачува за малолетни лица..
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
248
Поени од реакции
267
:tapp: ох, уствари не ни очекував дека вакви надпросечно интелегентни луѓе можи да напишат нешто паметно :)

Мислам дека во Северна Кореја шират помалку невистини отколку кај нас.
Прати овај дел

"Пратеникот Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ ги советува младите да останат дома, бидејќи шансите за успех дома се поголеми од многу причини. Пратениците од владејачкото мнозинство тврдат дека во Собранието се води доволно дискусија за проблемите на младите. Младите пак, велат дека се уште во земјата не се слушна нивниот глас."

„Имам два става по однос на иселувањето на младите. Прво, станува збор повеќе за создаден впечаток отколку за реалност, поради тоа што согласно информациите коишто ги имам, во последните 20 години од Република Македонија се имаат иселено најмалку лица во историјата, не на државата, туку воопшто на територијата на Македонија. За жал, Македонија и целиот регион е печалбарски регион. Нас не ни се соседи ниту Германија, ниту Австрија, соседи ни се Србија и Бугарија и заминуваат луѓе и од Македонија и од Бугарија и од Србија и од Грција. Тоа е процес што апсолутно се случува, но не се случува во бројка во која што се дискутира во јавноста, односно бројката е далеку помалку од тоа“, рече тој.

Дури сега разбрав дека јас не сум иселен дека уствари Македонија живеам, и дека сум најдвор од државата е мојот сон или пак халуцинација :facepalm::facepalm:
WTF did I just read??? Пижлево од 22 години е закачено на државна цицка, нормало е дека му е арно... Македонија е држава со најголема невработеност во Европа и пошироко, он ќе им кажувал на младите да останат тука... Море за овој чарето е само година дена да го стаат у Дрекселмаер да поработи и да живее од тие пари што ќе ги добие за плата па после ќе видиме која песна ќе ја пее, втора опција, летно време на плус 40 да поработи малце на Скопје 2014 да види како се раѓа лебот.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.514
Поени од реакции
11.582
:tapp: ох, уствари не ни очекував дека вакви надпросечно интелегентни луѓе можи да напишат нешто паметно :)
Не само интелегентни туку и борбени.

Е сега можете да речете, добро ти си станал пратеник. Да, сум станал поради тоа што сум се борел да станам. Така што мојот совет е да се борите тука, бидејќи најлесно ќе успеете.
Уште да им кажел на децава како тоа он се изборил за на 22 години да стане пратеник,и на текстов ќе требало да му се додаде- не се препорачува за малолетни лица..
Еве го фирерот - неговиот постар ментор на дело.

Но на фирерот барем може да му се извади капа бидејќи сепак имал некаков коефициент на интелигенција, за разлика од неговиот денешен помлад ментор - пастирот, кој има говорна маана, а за интелигенцијата па да не правиме муабет.

Kajgana Shop

На врв Bottom