Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
17 август 2011
Мислења
9.809
Поени од реакции
17.598
Дискутабилно е ова во поглед на принципот како се поставува, загрозување на автономијата на факултетот и слично, али барем можам да видам намалување на полагање испити со 1000че у индекс у некои факултети. И професорите посериозно ќе почнат да предаваат и ќе гледаат стварно да ги научат студентите, наместо факултетите само да им цедат пари и да извлечат диплома без знаење. Да не почнуваме за приватните. Али да, точно е дека е многу "нефер" одлука према самите факултети.

На лично ниво, нема што некој да е загрижен за себе. Загрижен треба да биде тој што буба, проаѓа испити со препишување, семинарски, есеи и глупости, па така си стекнува бодови за незаслужена 10ка. Тој што навистина учи ќе си положи без проблем, ваквиве тестирања никад не се потешки од испитите. Ако имаш знаење нема што да се грижиш, ако досега не си го загреал столчето ќе го загрееш, ќе научиш ко што треба и нема да имаш гајле. Вака бар нема да се буниш што "денеска секој добива диплома, и тој што знае и што не знае", истовремено правејќи муабет дека дипломата е безвредна.

Крај-краева ако не ви се свиѓа, си имате избори на секои неколку години.
Демек гласовите на студентите мењаат многу:)
Со иљадарче во индекс ни за казнена да се пробаш нема да ти стигнат,а не па да положиш.Нема никаква логика да се прави ова,секој факултет си има свој критериум и само пред себе може да одговара за својата репутација нема што владата да се меша.Башка 2ра и 4та година,не приемен туку она речиси си завршил и ти вика ти не си способен за факултет.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.890
Поени од реакции
11.508
не вадете доскочици, туку не гласајте наредни избори , едноставно е.
На кого му кажуваш да не гласа? На некој што татенцето му рекло да си ќути и да трпи бидејќи има работа од партија. Затоа претходно бев и скептик околу изјаснувањето на организација ко СПУКМ за оваа предлог-измена на Законот. Тука пред се до израз треба да дојдат некои други студентски невладини организации, мада треба да има и реакција од ректорите на Универзитетите бидејќи со ова се навлегува во автономијата на истите.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.335
Поени од реакции
28.193
Одлична идеја, вакво нешто требаше многу порано да се воведе. Не знам зошто се буните. Ако сте стигнале до втора или четврта година, значи дека си учите. :)
Прашањата на тој крајниот испит ќе бидат од материјалот кој веќе претходно сте го научиле и успешно сте го положиле. Така да, простор за секирации нема.

Е сега, ако до таму сте стигнале со препис, со бубици и со канти сирење, тогаш воопшто не заслужувате да добиете диплома за завршен факултет, и да бидете на исто рамниште со некој кој стварно со труд и учење стигнал до таму.

Нели досега факултетската диплома не вредеше? Не ви чинеше тоа што секој втор идиот има завршено факултет и ви зема работно место (со врски), а едвај со 6ки завршил? Еве сега дипломата ќе вреди и имате прилика да докажете дека стварно ја заслужувате.
Еј, да пошто нема шанси на овој испит воведен од владејачката партија да има врски воопшто.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Ако значи навистина учите тогаш зошто да се плашите? Знам луѓе што завршија факултет, а уште не знаат гз да избришат. Гледам по Facebook цели профили за изработки на семинарски и што уште не. Кој си е чист нема од што да се плаши. Ама на исто ниво да бидат и приватните факултети и веќе еднаш да се стави крај на овој хаос.

Исто така и за државната матура ова, она пекање па на крај ништо. Фино, лепо си поминаа скоро сите.
Одлична идеја, вакво нешто требаше многу порано да се воведе. Не знам зошто се буните. Ако сте стигнале до втора или четврта година, значи дека си учите. :)
Прашањата на тој крајниот испит ќе бидат од материјалот кој веќе претходно сте го научиле и успешно сте го положиле. Така да, простор за секирации нема.

Е сега, ако до таму сте стигнале со препис, со бубици и со канти сирење, тогаш воопшто не заслужувате да добиете диплома за завршен факултет, и да бидете на исто рамниште со некој кој стварно со труд и учење стигнал до таму.

Нели досега факултетската диплома не вредеше? Не ви чинеше тоа што секој втор идиот има завршено факултет и ви зема работно место (со врски), а едвај со 6ки завршил? Еве сега дипломата ќе вреди и имате прилика да докажете дека стварно ја заслужувате.
Па така е што, не знаат да идат уште земале диплома. :pos:
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.809
Поени од реакции
17.598
Па така е што, не знаат да идат уште земале диплома. :pos:
да си учел 150 страни изведувања формули само за еден предмет и сеа да ти речат дека пак ќе треба да го бубаш од почеток немаше толку смешно да ти биде.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.324
Поени од реакции
7.785
Се има да се тестира тука, ништо без тест нема да помине. И тие тестовите шо ги прават ќе се тетираат, дали тие тестови ќе одговорат со тестот на времето :icon_lol:.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.890
Поени од реакции
11.508
Дипломата секако ќе ти вреди повеќе ако имаш и едно книжуле со слична големина на индексот, ама не е индекс.

Интересно ми е мислењево, ако си научил и си добил оценка, секако нема да ти биде проблем за ова. Баш ме интересира како тоа нема да биде проблем, кога ќе ти лупнат 100 прашања (карикирам) од 15-20 различни предмети, па ќе се чудиш што се снашло. Сакаш да ми кажеш дека еден МОЧАН ЕБАН Испит, со сомнителна легалност и легитимност, е повеќе вреден од 15-20те оценки добиени во текот на тие 2 години? Они едно ебано екстерно тестирање не можат да организираат, не па вакво нешто што има многу поголемо значење од екстерно. Плус и ако не положиш после втора не можеш да продолжиш да студираш :pos::tapp::pos: Ме интересира во согласност со која одредба од Статутите на универзитетите е тоа?!
Лесно е да си повториш материјал од преку 5000 страни (сигурно и повеќе на некои факултети). :pos::pos:
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Ако значи навистина учите тогаш зошто да се плашите? Знам луѓе што завршија факултет, а уште не знаат гз да избришат. Гледам по Facebook цели профили за изработки на семинарски и што уште не. Кој си е чист нема од што да се плаши. Ама на исто ниво да бидат и приватните факултети и веќе еднаш да се стави крај на овој хаос.

Исто така и за државната матура ова, она пекање па на крај ништо. Фино, лепо си поминаа скоро сите.

Па така е што, не знаат да идат уште земале диплома. :pos:
Како ќе се спроведе испитот на исто ниво кога на некои приватни факултети има помал материјал за учење од државните факултети?
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
да си учел 150 страни изведувања формули само за еден предмет и сеа да ти речат дека пак ќе треба да го бубаш од почеток немаше толку смешно да ти биде.
Гарант ќе биде нешто со заокружување, сигурно нема да вадат нешто од материјалот што никогаш нема да ти потреба.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.890
Поени од реакции
11.508
Како ќе се спроведе испитот на исто ниво кога на некои приватни факултети има помал материјал за учење од државните факултети?
Нешто што го кажав и во претходен пост, различна е програмата на факултетите (прво на државните и приватните, а потоа можеби и меѓу државните има разлика, не сум сигурен, нема да тврдам).


Гарант ќе биде нешто со заокружување, сигурно нема да вадат нешто од материјалот што никогаш нема да ти потреба.
Ако јас како правник треба да бидам тестиран со прашања на заокрожување, сме си ебале мајката сите. Прашај ги правнициве што студираа со програмата на Јустинијан кога имаа испити со заокрожување, како им било. Оштетени се до крај. Абе ја како правник треба да зборувам и да пишувам на долго, а не да заокружувам а, б, в.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Како ќе се спроведе испитот на исто ниво кога на некои приватни факултети има помал материјал за учење од државните факултети?
Па по логика секој треба да добие прашања според програмата што ја работи. Посебно изготвени прашања изгледа.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.890
Поени од реакции
11.508
Па по логика секој треба да добие прашања според програмата што ја работи. Посебно изготвени прашања изгледа.
Они не можеа екстерното тестирање да го организираат, па не вакво нешто.

Се зафативте да зборите за тоа што ќе значи исптитот, каков би бил, што е со различните програми а тргнете од најважното!!!

Се крши автономијата на Универзитетите! Јасно е кон што води тоа, но да не почнувам, сосема друга тема која и е забранета на форумов. Со други зборови, професориве испаѓа дека треба да се сликаат и да не бидат веќе професори, дај административци од МОН нека ни држат предавања и испити.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.873
никој не ве натера масовно да се запишувате на факултет, требаше факултетот да стане попристапен за сите, ама не да биде како средно задолжително.
Сите тргнаа со таа помисла дека факултетот е лесен и треба да биде лесен, затоа и имаш пола студенти пробуваат некако да поминат со препишување, кои со семинарски, а кои се борат за една шеска, останатите се бунат како професорите биле строги и давале тешки прашања.
Па даваат тешки, од таа диплома што вас ви ја даваат зависи реномето на факултетот и колку понатаму тие ќе бидат респектирани како институција, а со тоа и повеќе ќе се вреднува и трудот на професорите.
Квалитетот на високото образование е толку опаднат што веќе кога некој ќе ти рече факултет ти се онака meh. Си видела кај учат финки? или пак каде одржуваат лабараториски? Она не се лабараториски она е циркус. Една задача даваат, еден ја решава и сите потоа ја препишуваат. Демонстаторот си гледа некои интернет порталчиња, не ни се замара, кога гледа дека никој од студентите не се замара.

Завршив електро инаку, ама муабетот ми е воглавно за економски,правен, филозофси и сличните. Женска ми учи филолошки на англиски, паралелно со нив учи и германски и француски, се тупи од учење, а пола генерација и поминуваат со бубица, вклучително и цимерките нејзини.
А гледам и техничкиве факултети одат кон таа насока, со 1000 студенти годишно, а само 3 јца професори математика ништо не се прави. Неможеш да го игорираш фактот дека има деца кои учат колку да поминат т.е. за 6 ка.
Немој да ми кажуваш дека и ти неучиш по комбинации т.е. прашања што се паѓале од предходните години оти 99% го прават тоа. Потоа кога ќе влезат на работа ќе треба повторно да го учат истиот материјал.
Не се професорите криви, тие си го кажуваат своето кој повеќе кој помалку, ние слабо слушаме.
Па ти само што наброја се што не чини со нашето образование, па дали мислиш дека до сега лошо спроведената настава и испити ќе се среди со уште еден ИСПИТ? Еве ти си завршил електро, кажи ми колку од од испитите ти биле навистина од корист во работата (под претпоставка дека работиш)?

Мене муабетот ми е дека не постои таков испит односно тестирање кое меродавно може да те оцени дали ти некој материјал го имаш совладано или не. Ако се решат за проверка на стекнатото знаење ама на практичен начин, пеки јас сум за. Може тогаш конечно професорите ќе се посветат малку повеќе на практична настава а не да ги гледаме само еднаш во годината за потпис.
Имаше @Ilumious пред некој ден интересн пост за најзини колеги од факс кои со просек 100 не можеле да пројдат интервју заради непознавање на основни работи. Е па сега тие таквите и овој тест ќе го положат со flying colors ама тоа нема да значи дека се спремни да се соочат со предизвиците што ги носи вработувањето и професионалниот живот.
И на работа никогаш не ми притребала книга од факултет. Како да ти кажам. Тоа што ми требало го нема во нашите застарени учебници и програми и десет математики.

Факт е дека нашето образование треба да претрпи огромни промени и треба да се филтрираат оние кои се запишуваат на факултетите ама овие способниве од власта немаат ни една иновативна идеја која би вродила со плод и замисли измислија голем брат на толку контраверзно екстерно тестирање. А да не почнувам колку почнуваат да ја поткопуваат автономијата на високообразовните институции. Но нејсе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom