Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.391
ова требаше да се воведе уште кога почнаа да се запишуваат по 95% средношколци на факултет.
Тоа што ги намалија цените на партиципација од една страна доведе до попристапно високо образование за сите, ама на сметка на тоа, на факулет влезе и ќоро и сакато и тие што сакаа да учат и тие што се запишуваа на факултет колку да ги исполнат каприците на своите родители или да го имаат статусот студент па 10 години да се влечкаат на таа карта.
Од оваа мерка најмногу ќе имаат корист баш факултетите што најмногу го загубија својот рејтинг: филозофски,правен и економски.

Одма овде гледам негодувања и одма бунења. Зошто? Студенти сте и ќе учите, друга работа немате. ЈБГ Одиме напред и критериумите мора да се зголемуваат. Неможе македонски студент да има bachelor степен и да се мери со некој од германските студенти кога таму се дупнуваат од учење, а овде со поминуваат со препис. На работа кај нас имаме 3јца дипломирани од филолошки сервисираат лифтови, а од друга страна имаме и со средно кои се трипати попродуктивни оти не изгубиле 4 години од животот на безполезно учење. Тоа е срам за филолошкиот факултет како институција низ која поминале неколку наши академици.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
На страна што ќе има заебанции на кило со тестовиве и нивната веродостојност - Кој у здрав памет со поминати и финансирани 4 години факултет ќе рече, епа то е то, се обидов, не ме бива, тестов не се преполага, здравје парите и времето вложени ...

Најголемата глупост после заменски-професори за време на професорски протести.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Јас ова не го разбирам,ако се спроведуваат вакви тестови тогаш оценките на професорите не вредат хартијата на која се напишани.Едно е да проверуваш во средно професори со вакви тестирања али да оспоруваш оценувања на доктори и академици е во најмала рака смешно.Кој воопшто и би ги правел тие тестови ? навистина не разбирам кој ќе биде со поголема титула да го провери оценувањето на академик Грчев или Тентов.

А и би сакал да го видам министерот да положи Математика1,2,Линеарни,Дискретна,Физика1/2, Логички/Архитектури,Електротехника1,2,Електроника + Програмирањата и изборни во една сесија.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
ова требаше да се воведе уште кога почнаа да се запишуваат по 95% средношколци на факултет.
Тоа што ги намалија цените на партиципација од една страна доведе до попристапно високо образование за сите, ама на сметка на тоа, на факулет влезе и ќоро и сакато и тие што сакаа да учат и тие што се запишуваа на факултет колку да ги исполнат каприците на своите родители или да го имаат статусот студент па 10 години да се влечкаат на таа карта.
Од оваа мерка најмногу ќе имаат корист баш факултетите што најмногу го загубија својот рејтинг: филозофски,правен и економски.

Одма овде гледам негодувања и одма бунења. Зошто? Студенти сте и ќе учите, друга работа немате. ЈБГ Одиме напред и критериумите мора да се зголемуваат. Неможе македонски студент да има bachelor степен и да се мери со некој од германските студенти кога таму се дупнуваат од учење, а овде со поминуваат со препис. На работа кај нас имаме 3јца дипломирани од филолошки сервисираат лифтови, а од друга страна имаме и со средно кои се трипати попродуктивни оти не изгубиле 4 години од животот на безполезно учење. Тоа е срам за филолошкиот факултет како институција низ која поминале неколку наши академици.
За другите не знам ама ако си се запишал на техничкиве т.е електро, финки, феит буквално ќе ти се стемни кога ќе ја видиш веста. :свиркам:

Си читал книга од 1000 страни од која едвај 5% ќе имаш корист и сега треба истиот пекол да го поминеш пак, буквално бел ден нема да видиме со овие измени.

П.С Претпоставувам и другиве факултети не можам од искуство да зборам сега ама медицина, фармација и они тешко бел ден дека ќе видат.

П.С2 Е сега ако нас не тестираат фер би било и во администрација да им дадат тестови да видиме они колку се способни.
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
И што доколку некој има оставено предмети од 1ва и од 2ра година, дали и тие ќе ги има на тестот?
Ма немој да ме јебеш бре, во две години по пресек се има од 20-25 предмети, а менталниве ако стават прашања со цели дефиниции 90% нема да поминат, дури и повеќе, една книга е 300-500 страни, а замисли за 20 предмети...:facepalm:
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Дечко на денот



Овој бетер од Спире ќе испадне што се прослави со онаа изјава "во Македонија работа има, ама младите несакаат да работат".
 
Последно уредено од модератор:
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.869
Поени од реакции
11.490
1. Ова е кршење на автономноста на Универзитетите па и кој сака да е Универзитет.
2. Нормални ли се бе? Некој се отепувал од учење, мака мачел 2 години да ги положи тие, приближно кажано, 15тина предмети (до 20, па и повеќе), значи ги добил оценките со труд и пот и некој шапшал од Министерство што едвај завршил средно, а факултет му завршиле од партија ќе ми продава муда за бубрези тука. (Тука не зборам за тие врскаџиите или препишувачите. Па и овие вториве не можат да препишат по сите 15 предмети, може по неколку максимум. За начинот добивање оценки на приватните универзитети е друга тема, мада крај краева, работодавците и те како бираат дали ќе вработат некој со завршени студии на УКИМ или на МИТ. Вработувањето во јавна администрација, во добар дел од случаевите, знаеме како оди)
3. Дури и да се донесе ваква одлука (која патем кажано би била со соминтелна легалност, а богами и легитимност) за кого ќе важи? За некој што е веќе втора, поминал добар дел од студиите , или уште полошо ако е трета и е пред дипломирање што се вика? Што е со додипломските студии што траат 3 години (како кај нас на Правен)? Ај после прва мастер, ќе полагаме и од 3та и од мастер 1ва (т.е. 4та ќе му дојде). Идиотизам до бескрај!
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.869
Поени од реакции
11.490
Бугарските студенти за своите права Влада соборија ај баш голем тест да видеме од што се направени македонските студенти.
Ајде де, баш сега да видиме дали ќе се огласат од СПУКИМ (како најмасовен студентски парламент во државата) заедно со другите студентски парламенти и студентските правобранители.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom