Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
А

Атомската мравка

Гостин
Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми денес најави две новини кои се планираат во високото образование.

Двете новини во високото образование се следни: државен испит по втора и четврта година на студиите и приемен испит за странски студенти. Државниот испит ќе важи за сите студенти во Република Македонија и од државните и од приватните универзитети. Испитот ќе се спроведува двапати, односно првиот кога ќе завршат втора година и ќе имаат прашања од сите предмети кои дотогаш ги полагале, и по четврта година со базен прашања од трета и четврта година. - Со ова сакаме да изградиме механизми за следење на квалитетот на високото образование и механизми, со кои диплома ќе добиваат само оние кои заслужиле и високото образование да не се сфаќа како бизнис, туку како наука. Сакаме испитот да биде двапати за студентот ако не положи по втора година да знае дека не може да продолжи понатаму, да не троши време, ниту пари, истакнал Адеми. Овој начин на проверка ќе биде различен од екстерното тестирање во оснивното и средното образование, а испитот ќе го спроведува тело кое ќе биде дефинирано со планираните измени на Законот за високото образование.

- Не знам дали ќе успееме од следната академска година затоа што треба да се формира посебно тело, односно центар, кое ќе ги реализира активностите, рекол Адеми, додавајќи дека е можно таа надлежност да му биде доверена на постоечкиот Државен испитен центар.
Втора новина е воведување приемен испит од идната академска година за странските државјани кои сакаат да студираат во Македонија, поради големиот интерес.

- Во последнава година имаме повеќе заинтересирани и на некој начин имаме и притисок за повеќе студенти од странство да се запишат во Македонија. Тоа е позитивно, и можеби тоа се ефектите од кампањата на Владата и МОН за привлекување странски студенти. Но, од друга страна, тоа може да го загрози имиџот на универзитетите и на државата доколку дозволиме повеќе странски студенти во Македонија. МОН планира и, најверојатно, тоа ќе биде на јавна расправа, да воведе приемен испит за сите странски студенти од следната академска година. Целта е да има филтер кои студенти може да се запишат на нашите универзитети и за да изградиме механизми и за чување на имиџот на универзитетите и за следење на квалитетот на студиите и понатаму на дипломите, подвлече Адеми. На македонските факултети може да се запишат странски студенти, но не повеќе од 10 отсто од вкупниот број студенти на факултетот или на студиската програма.

Што мислите за идејава ? Мене ми изгледа како голема глупост со прашања да те тестираат наеднаш за 20тина предмети..
 

Keljav

baram zena - test kujna
Член од
8 март 2009
Мислења
1.372
Поени од реакции
309
супер е ова е за пофалба.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.951
Поени од реакции
6.746
Глупости на квадрат и пример јас немам положено предмет и од тоа пола тест и сега што.Срања у боја само да зимат пари за казна клошари едни.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.715
Поени од реакции
17.377
Ќе биде смеење на електро на некој смерови кај што се 6 души во четврта ако паднат сите :pos:
како да не спобудалеш после вакво дупење и да не влезеш во собрание да утепаш све.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Да речеме дека Петко се запишал на студии. Стигнува втора година и го чека тоа испитот од државата и го паѓа. Дали ова ќе значи дека државата ги негира професорите на Петко кои го пуштиле да заврши втора година? Уште полошо, завршил четврта и паѓа на државниот испит.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.872
Зарем навистина мислат дека има во државата еден способен што ќе знае да состави тест со кој меродавно ќе провери знаење на студентите?!
Ова ми е омилен дел:
Сакаме испитот да биде двапати за студентот ако не положи по втора година да знае дека не може да продолжи понатаму, да не троши време, ниту пари, истакнал Адеми.


Дека нели малце пари се потрошија да не натераат масовно да се запишуваме, сега мора малце да трошат за да не натераат да се откажеме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom