Ќе се вика, ќе се вика.. како!?

Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Секогаш ми било интересно кога некој со години има идеја како би му се викале децата ако некогаш ги има. Така бил и татко ми. Уште од многу млад одбрал имиња и за син и за ќерка. Кога се родил брат ми мајка ми немала ништо против па му ја исполнила желбата. Е не се погодило да добие ќерка, и второто дете (јас) испаднало машко, па имало дискусии како јас да се викам. На крај брат ми го избрал името, ме крстиле по негов другар. И супер што е така пошто името (не е битно како е) не е многу често кај нас а ако ме крстеле по дедо ми ќе сум делел име со секој трет Македонец.

И сега имам другари кои не се ни женети а веќе имаат желби за име на дете. Јас никогаш не сум размислувал за тоа.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.923
Поени од реакции
12.417
Нема да го прашаш таткото бе за мислење за име?
Ти сигурно си од оние што и моминско презиме си задржале.. :icon_lol:
Како некоја што си го задржа моминското презиме, ме интересира шо е погрешно во тоа?
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.923
Поени од реакции
12.417
Глупо е, т.е глупо изгледа.
Не сфаќам шо е глупо во тоа да не сакаш да се влечкаш по институции и да менуваш еден куп документи заради фактот што си влегол во брак. Дали менувањето презиме го прави бракот повеќе вреден?
 
Член од
26 август 2019
Мислења
351
Поени од реакции
763
А ние вака што не фермаме машка страна, у пекол ќе гориме?
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.013
Поени од реакции
55.308
Кој фактор се па стариве за по нив да носи име мое дете?
По дедо му ќе го крстиме, божем дедо му бил крал на Шпанија па ај сеа ќе го крстам детето Цветко.

Истотака сум против кумот категорично да дава имиња. Јас не верувам слепо у тоа кумот да се величи и става на пиедестал ко он да е родител. Постариве поготово, на кумот гледаат ко на бог. Во ред е.
Ај сеа треба јас забава да му праам на кумот за он по некои негови причини да крсти дете Живко. И што треба јас утре на мојот 10-15 годишен син со надимак Жиле да му објаснам зошто се вика Живко? Зошто на кумот татко му или па самиот кум се вика Живко.
Еднаш ја закачам баба ми, викам абе бабо како си можела на тато и тета имиња да им дадете Душко и Верица и ми вика па кумот така кажа, и викам па што има врска тоа... и ми вика како бе така па кумот што ќе каже така треба да биде, неговото е последно. Пошто кумот што ги крстел татко ми и тетка ми имал родители со такви имиња, па еве сеа и децата.

Затоа татко ми поучен од искуството негово, ми одбрал таман име иако кумот донел список со просечни имиња, Гоце, Александар, Иво и сл.
Така да, гордо го носам името на Кемпес, Баслер, Загало.

Сеа некој ќе рече абе името е само име. Да, затоа што ти се викаш Александар или Марија а не Момчило и Параскева.
Истотака ме нервира ставање на име на дете затоа што се родил на некој празник. Сеа пошто детето се родило на младенци, јас ќе го крстам Младен така? Или Атанас или Ѓорѓија или Кузман.
И тука сум имал среќа пошто ако оделе слепо по тоа правило и ме крстеле по денот кога сум роден, 6ти јануар, имало да убијам некој ако сум добил име Коле или Бошко.

Сега во последно време се враќаат старите имиња што мене лично ми се убави. Поштувам и малце помодерни имиња ама без претерување. Као прво ние имаме глупи презимиња за такви модерни и фенси имиња. На што личи Анисија Цветковска?

Мене ми се свиѓаат, Андреа за двата пола, Ана, Лина, Матео, Антонио, Мило.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Имаме преубави македонски имиња што ќе ми биде жал детето кумот да ми го крсти во некое од овој тип : Лукијан, Маркијан, Максимилијан, Штотизнамјан или пак оние ко што некој спомна имиња на кучиња: Леа, Теа, Миа.. Нити пак јас така го крстив кумашинчето ниту сакам да ми ги крстат така децата. Кога ќе дојде ред ако кумот даде некое од овие имиња ќе го употребам правото на вето.
Call me old fashion ама преферирам македонско православно имам одбрано по 4-5 имиња за секој пол.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.970
Поени од реакции
35.620
На мене ич не ми се допаѓаат имињата на моите родители, особено на татко ми. Сум им рекол дека ако во иднина имам деца не планирам да ги крстам по нив, немаат проблеми со тоа. Сепак се родени 25 год после завршувањето на втора светска, не се до толку отидени да се лутат за тоа. :ROFLMAO:

Не сум размислувал многу, иако имам некои идеи за женски имиња. Сакам ќерка јбг. :love:
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.661
Поени од реакции
34.954
А ние вака што не фермаме машка страна, у пекол ќе гориме?
Моја филозофија на оваа тема е следното: ако си зависен финансиски и живееш во недвижност купена од семејството на сопругот/партнерот ќе си ја подвиткаш опашката и ќе имаш поголема толеранција, ако си целосно независна и можете да функционирате без никаква помош од семејството (финансиска/чување на деца/помагање во бизнис) може да диригирате граници на комуникација.

Иако сметам дека секогаш треба да се направат напори за изнаоѓање на заеднички јазик и демаркација на линија до каде и во која насока ќе оди комуникацијата. Во последно време имам впечаток дека стана помодарство кај женската популација да не фермаат жива сила уште не влезени дома, а гарантирам дека преку 70% се зависни и бараат финансиска помош или недвижност од родителите на сопругот (па и од нивните).

Разликата во генерации едноставно е причина да не може да се разбереме ни со нашите родители, не пак со тие на партнерот, така да идеално нема да биде никогаш, се е ствар на компромис.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Супер се кратките имиња, не зезајте, подобро кратки имиња отколку Диоклецијан, Маркизијан, вамте тамте и останатите мами4ки на ФБ филмања. :D

Плус, нема да се мачат странци во комуникација, мене кога ми се обраќаат понекогаш мислам дека рандом согласки си изговараат како им текне, презимето па кога ќе ми го видат, шлог ги мава. Кога ми реплицираат на мејл 100% прават copy paste од потписот.

Давање име по дедо/баба/кумови да предложува, не доаѓа во предвид тоа. Ако ми е убаво името, ќе го крстам детето и без некој над глава да ми виси крсти го по баба/дедо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom