Шпански серии

L

Lu

Гостин
Ja гледав серијата кога се емитуваше на Пинк,интересна беше,со мајка ми не ја испуштавме.Ама многу наликува на Акапулко кога се емитуваше на времето со Тони,Рејчел и Макс.Ја имаше истата приказна.

Сега сакам да кажам малку за шпанската верзија на Клон.
Тотално сум изненадена негативно,разочарана и останав без зборови.Тотален промашај е ова бре луге,Кристина која ја глуми Ивет во Бразилската серија не е ниту на налик онаа во првата верзија.Многу нашминкана изгледа нападно.Онаа докторката која го брка Албиери не е ни близу до докторката Една од бразилската верзија.Се однесува како тинејџерка.А за Жаде?немам зборови...премногу брзо се заљубуваат со Лукас:nesvest:Не го очекував ова.

Туку да го прашам Декстер25 што се случи со Ексцентричната Анастасија?Едно време ја емитуваа на А1 ама ја прекинаа.
Ти барем си ја изгледала Сортилехио на Пинк, а на мене таман кога почна Сортилехио на Пинк Плус (само неколку епизоди изгледав) и ми го тргнаа од Cabletel каналот Пинк Плус и не ја догледав серијата :toe: , а стварно интересна содржина имаше.

Инаку во врска со Клон,
Јас ја немем гледано оригиналната бразилска верзија O Clone и неможам да ги споредувам бидејќи незнам каква била O Clone, али бидејќи ја гледам El Clon можам да кажам се најубаво за серијата и мене премногу ми се допадна (ваљда причината што толку многу ми се допадна римејкот е затоа што ја немам гледано оригиналната верзија).
Али што слушам од луѓе што ја имаат гледано оригиналната верзија и сега го гледаат и римејков , велат дека е добар римејк (но сепак не е како оригиналот).
Инаку разбрав дека ќе имало големи промени во приказната и ќе се разликувала од оригиналот.
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Ти барем си ја изгледала Сортилехио на Пинк, а на мене таман кога почна Сортилехио на Пинк Плус (само неколку епизоди изгледав) и ми го тргнаа од Cabletel каналот Пинк Плус и не ја догледав серијата :toe: , а стварно интересна содржина имаше.

Инаку во врска со Клон,
Јас ја немем гледано оригиналната бразилска верзија O Clone и неможам да ги споредувам бидејќи незнам каква била O Clone, али бидејќи ја гледам El Clon можам да кажам се најубаво за серијата и мене премногу ми се допадна (ваљда причината што толку многу ми се допадна римејкот е затоа што ја немам гледано оригиналната верзија).
Али што слушам од луѓе што ја имаат гледано оригиналната верзија и сега го гледаат и римејков , велат дека е добар римејк (но сепак не е како оригиналот).
Инаку разбрав дека ќе имало големи промени во приказната и ќе се разликувала од оригиналот.
Jaс ја изгледав Сортилехио и имаше возбудливи последни епизоди...Позитивно мислење имав за неа,и убаво си ги одиграа улогите.
Е сега за Клон,ти препорачувам да ја изгледаш бразилската верзија,друго ништо не ти треба ама ти си знаеш,да не ти се мешам ;).
Јас како гледач на Бразилската верзија можам исто така да ти кажам дека е дека дека подобра од шпанската верзија.(Овде само ми се допага глумата на Саул Лисазо ликот кој го глуми Леонардо,таткото на близнаците.)Погодена музика,погодени актери со искуство(не велам дека овие немаат искуство ама овие во оригиналот беа незаменливи. : ) ) И да и јас прочитав дека ке има промени ама Жаде (од бразилската верзија)си е Жаде и никој не може да ја замени.Неповторлива е.
 
Член од
17 март 2009
Мислења
194
Поени од реакции
22
фала најмогу,а мислев дали ќе ми пишеш:)))
препоставував дека на местото на диабло ќе биде ама гледам нема некоја реклама ама сепак мора да има :)))
fala

--- надополнето ---

Jaс ја изгледав Сортилехио и имаше возбудливи последни епизоди...Позитивно мислење имав за неа,и убаво си ги одиграа улогите.
Е сега за Клон,ти препорачувам да ја изгледаш бразилската верзија,друго ништо не ти треба ама ти си знаеш,да не ти се мешам ;).
Јас како гледач на Бразилската верзија можам исто така да ти кажам дека е дека дека подобра од шпанската верзија.(Овде само ми се допага глумата на Саул Лисазо ликот кој го глуми Леонардо,таткото на близнаците.)Погодена музика,погодени актери со искуство(не велам дека овие немаат искуство ама овие во оригиналот беа незаменливи. : ) ) И да и јас прочитав дека ке има промени ама Жаде (од бразилската верзија)си е Жаде и никој не може да ја замени.Неповторлива е.[/QUOTE


Се слагам баш така,каде шпанциве им лежи да глумат ислам.....добри се глумците ама барем во некој др филм да ги ставеле не со ваква содржина...
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
што се случи со Ексцентричната Анастасија?Едно време ја емитуваа на А1 ама ја прекинаа.
Ја прекинаа 20 епизоди до крајот и ја преместија на А1 плус. Само што тој канал не знам дали некој го фаќаше во тоа време.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.594
Поени од реакции
11.753
Тотален промашај е ова бре луге,Кристина која ја глуми Ивет во Бразилската серија не е ниту на налик онаа во првата верзија.Многу нашминкана изгледа нападно.
Хаха, ако ти е некаква утеха, и самата Хералдине Зивик има изјавено дека улогата на Кристина
воопшто не и се допаднала и на нејзе, токму од истите причини кои ти ги наброја. :)

Патем, немам појма како ова не ми текнало досега да го спомнам:
Хералдине Зивик меѓу другото, ја игра улогата на Моника де Сан Мигел во серијата Ninos ricos, pobres padres,
која ја емитуваа на Сител под името Богати и Сиромашни, а сега истата ја репризираат на Сител 3.
Ова го спомнувам чисто колку за да заинтересираните направат споредба помеѓу начинот на кој ги толкува нејзините ликови.

Многу ми се допаѓаат такви глумици кога глумат негативци.
Ако некој ја помни Анет Мишел (Anette Michel), која играше главна женска улога во Marea Brava,
која ја емитуваа на МТМ под името Вртоглава љубов, истата таа Анет Мишел ја играше улогата на
негативката Барбара во Cuando Seas Mia, која ја А1 ја емитуваа под името Кога ќе бидеш моја.

Ги обожавам кога глумат негативки.

За жал, не можам да го кажам истото и за Габриела Спаник, која ја игра улогата на
главната негативка Ивана во Soy tu duena, која на Пинк 15 ја емитуваат под името Валентина.
Во целост сум разочаран од ликот на Ивана.

Туку да го прашам Декстер25 што се случи со Ексцентричната Анастасија?Едно време ја емитуваа на А1 ама ја прекинаа.
Како што спомна DIJAMANTE во пост #154, серијата ја преместија од А1 на А1 плус.
Помнам дека во тој крстот на соништата најдоа жива,
поради што секој кој го носеше после одредено време умираше.
Слепата сестра близначка на Анастасија прогледа, а сопругот на Анастасија се вљуби со неа, и на крајот со нејзе заврши.
Анастасија на крајот заврши со Аурелијано, а за третата сестра близначка на Анастасија, не помнам како заврши.
Помнам дека тој убиецот Монахот испадна дека бил Леон, кој се самоуби на крајот,
а негова помошничка беше Агрипина, која умре носејќи го крстот на соништата.
Како и да е, на крајот се си заврши со среќен крај, како и најголемиот дел од латиноамериканските теленовели.

А што се однесува до римејков на Клон на шпански јазик, твоето незадоволство само уште еднаш
го потврдува тоа што го спомнав претходно: се е комерцијализирано денеска, и затоа тешко е да
снимат некоја латиноамериканска серија која ќе биде вистински хит, како што беше Љубовни врски,
која ја има целата на YouTube со стакло слика.

Венчавката на Марија Фернанда, епизода 92, со Марија Гвадалупе како пее на истата во црквата,
без да ја препознаат, ја изнагледав одново и одново барем 10 пати, а во некои наврати дури и заплакав.
Исто така и епизода 98, кога трите сестри конечно се сретнуваат и се прегрнуваат,
ја изнагледав одново и одново барем 10 пати, и исто така во некои наврати заплакав.

Ах, детски спомени. :)
 
L

Lu

Гостин
Sandra Echeverria - „Новата Жаде“ им испрати поздрав на луѓето од Србија :pipi:
Бидејќи Сандра има многу фанови во Србија, она ги повика србите да ја гледаат новата серија El Clon.

Во видеото Сандра вели ( јас го преведов за оние кој не разбираат шпански) - „ Здраво, како сте, јас сум Сандра Ечевериа и сакам да ви пратам силни прегратки и бакнежи на сите луѓе во Србија, ви благодарам што ме гледавте во „Марина“ , а сега ве поканувам да го гледате „Клон“ , ако сеуште не се емитува кај вас можете да почнете да го гледате на You tube , ви праќам голем бакнеж “ :)

 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
@Dexter26 фала ти на информациите...се секавам дека ја беа прекинале при крајот.Мислев дека ке ја даваат на некоја од Пинк или Пинк 15 ама не се случи тоа...Се надевам дека понатаму ке ја емитуваат зошто ми беше доста интересна.Ако не се лажам Анастасија ја глумеше Габи Еспино?зошто многу ми личи на нејзе.
И aко може да ми даде некој како изгледаше најавната шпица на Ексцентричната Анастасија:)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.594
Поени од реакции
11.753
^

Повели:


А што се однесува до Сандра Ечеверија, си има и таа нејзини маки, не и оди
нешто добро со мажите, но не само на приватен, туку и на професионален план.
Замислете, на глумицата со повеќегодишно искуство не и било пријатно при сцените со бакнување со Давид Цепеда,
со кого заедно ги глумат главните ликови во латиноамериканската теленовела La fuerza del destino (Силата на судбината),
на чиешто снимање му се ближи крајот во Телевиса.

Е сега, јас не сум глумец, ниту пак имам искуство да се бакнувам и да глумам љубов ни пред камера, ни пред жива публика
во театар. Но кога некој одлучил да се занимава со глумење, па уште и веќе ги има неполни 9 години искуство како
Сандра Ечеверија, па сега да почне да кажува дека не и е удобно при снимањето на љубовни сцени, тогаш или треба да
мисли да промена на професија, или да се смири и прибере. Или да бара улоги во филмови и серии каде што нема да има
бакнување и љубовни сцени. :)

А што се однесува до Давид Цепеда, за заинтересираните, тој го глуми
Алонсо Пењалверт во Soy tu duena, која на Пинк 15 ја емитуваат под името Валентина.
Исто така во Sortilegio, која на Сител ќе почнат да ја емитуваат под името Магична привлечност,
Цепеда го глуми главниот негативец Бруно Албениз.
 
L

Lu

Гостин
А Габриела Спаник снима нова шпанска серија, во продукција на Ацтека која, освен ако грешам, е и прва серија
што ќе ја снима за Ацтека. Серијата се вика Емператриз (Императорка) и треба да почне да се емитува во Мексико и САД во
април 2011.
Баш на you tube ја видов ентрадата на серијата Emperatriz и многу ми се допадна песната што е во ентрадата, а и самата ентрада е одлично направена.

 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.594
Поени од реакции
11.753
^

Јас ги видов и првите две епизоди од серијата на YouTube, стакло слика се разбира.
Не ми се допадна баш многу, но и јас самиот мислам дека претерувам со мојата првична оценка.

На крајот на краиштата, ова и е прва теленовела на Габриела Спаник за Ацтека, а Ацтека се познати
по тоа што во нивните серии нема баш многу романтика, љубов и слично како кај сериите на Телевиса,
туку сосема спротивното: акција, тепачка, одмазда, криминал и слично, на крајот на краиштата, Ацтека
се познати по таквиот стил, а кога ќе ја емитуваат серијата и во Македонија, кој знае кога тоа ќе биде,
дефинитивно ќе ја гледам, бидејќи сум голем обожавател не само на Габриела Спаник, туку и на Адријана Лоувиер,
која ја глуми Естер, ќерката на Емператриз, или со други зборови кажано, Адријана Лоувиер игра секундарна
главна женска улога во серијата.
 
Член од
17 март 2009
Мислења
194
Поени од реакции
22
lu
sortilegio izgleda nema da pocne ili sitel ne se kadarni da pustat serija asalno i bez nekoja da ja poftoruvaat
ako si nesto upatena dali ke ima pisi ;)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.594
Поени од реакции
11.753
Натрапничка (La Intrusa):



Старо ремек дело со Габриела Спаник, снимено 2001, последна теленовела што ја сними за Телевиса,
пред да ја избркаат откако во 2002 ја играше главната женска улога во Одмаздничка (La Venganza) за Телемундо.

Приказна за две сестри близначки, чесната и вредна Вирхинија, која верува во љубовта и сака да биде среќна со човекот
кој го сака, и самобендисаната и арогантна Ванеса, која сонува за венчавка со богаташ кој ќе и ги реши финансиските
проблеми засекогаш.

Но токму самобендисаната и арогантната Ванеса ќе ги научи тешките
лекции на животот низ проблемите и тешкотиите на својата сестра Вирхинија.

Вирхинија умира од мозочен тумор на почетокот од втората половина на серијата, откако ќе ја роди својата ќерка, оставајќи ја
Ванеса со нивната мајка, неодамна пуштена од санаториум, новородената внука од покојната сестра, како и љубовта која
Ванеса ја чувствува кон Карлос Алберто, вдовецот на Вирхинија.

Очекувано, серијата завршува со среќен крај, Ванеса се мажи за Карлос Алберто,
но до тогаш, Ванеса ќе научи како е да се живее со грижи за други, а не само за себеси.

Прекрасна серија, па според мене, најдоброто што Габриела Спаник го снимила за Телевиса,
иако латиноамериканската теленовела со Габриела Спаник што најмногу ми се допаѓа е Одмаздничка (La Venganza).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom