Таман работа.
превенција од депресија.
самодоверба,
Мене ме фаќале периоди на депресија единствено кога сум паузирал со спортот. Летоска кога имав два тренинзи дневно (и сала и теретана) пукав и во физичка и во психичка смисла.
Ситуацијава ми звучи многу позната
Јас многу сакав да читам книги, а покасно сакав математика и физика. Немаше проблем што не можев да го решам. за матурска тема имав од нуклеарна физика и ја знаев со знаење текстот беше мој. Ама ми се чини сега да ме прашаш нешто од тоа дали знам, да го најдам тоа што го напишав сама незнам дали го разбирам. И самодовербата ми беше на степен кога мислиш дека ќе го смениш светов и немав време за депресивни мисли. И во друштвото бев центар ако не бев со нив како да немаше никој. Бев главен извор на идеи за глупости праење. Ако немав испит за спремање или добри 7 книги за 7 дена - тогаш можеше да ме фати депресија.
Тогаш го викав ова превенција од депресија. Ама сега го викам бегање од реалноста. Кога ме стегна реалноста ме стегна јако.
Добро е кај тебе што проблемите што ги наброја се во некоја нормала смрт кај близок, празен фрижидер, паѓаш десет пати на испит, нормално нема да пееш. (Бонбончињата те прават во таква ситуација да пееш зато сме против.)
А замисли живот од типот идеш дома. Семејството е центар на животот. А ти идеш дома и кога си пред врата не знаеш што има кога ќе отвориш. Може да е чисто и некој спие, може да има гости, може некој некого да го тепа, може некој да е пијан дрогиран, може пијаниот да ги оставил само пијаните пријатели кај тебе дома и да заминал, ај може нема никој. Е тоа е проблем. Со епизоди.Ниту можеш да се справиш, ниту да сватиш ни на маса да разговараш со пријатели. Оти пријателите немаат решение.А има и други проблеми што носат до тегоби во душата, јас на пример мајка ми умре три години жалев, го жалев начинот на живот а не толку смртта. Се соочив со мисли од типот да ме абортираше мене ќе живееше уште и ќе живееше добро. И ти кога бегаш од реалноста привремено е добро.
Немаш такви работи, кое и да ти е проблемчето соочи се. Свати ги причините, помири се со луѓето и продолжи да спортуваш. Само така кога ќе нема спорт ќе нема ни депресија.