Економисти на Кајгана, дали е можен раст на економија без инфлација? Сериозно прашање.
Овде станува збор за измерената (прикажана) инфлација, секако дека скриената инфлација постои затоа има мин пораст на цени под 0% инфлација. Можна е комбинацијата секако сите земји се стремат кон ниска инфлација. Е сега она што читам од Богов е доста интересно за размислување и дискусија:
- Најавува раст
- 0% инфлација
- Ги „исфрли“ парите на граѓаните од штедни влогови со ниски камати со цел да зголеми домашна потрошувачка
- Задолженоста е огромна во домашна економија, дури и со задолжница финансискиот инструмент неможеле да наплатат кога ќе стасаат деновите на сметка има 0 денари - финансиски инструмент кој беше најавен дека ќе реши задолжница испадна во пракса комедија
- Дознаките се големи
- Индустриската активност на домашните компании е во истите рамки, новите со увезени репро зголемиле извоз на низок платен труд
- Макстил зема милионски кредит - дел тековно одржување и плати
- Следна година има измена во проекции поради лоши очекувани текови во ЕУ - каде постои можност да увеземе криза тоа не зависи од нас
- Јавната потрошувачка не престанува туку продолжува со исто темпо
- Берзата е за греови
- Крајот на годината донесе најава за големи добивки во компании од типот на Адинг - еден од најтешките плаќачи во МКД
- 30% невработеност
- Резервите на завидно ниво
- Очекувана стабилна макро позиција
- Стандард опаднат
- Долгот расте
И останува уште некој да одговори кај се парите?