Сакав да се надоврзам за мислењето за антибиотиците пред некој ден ама немав време да пишам. Проблемот не е само во пациентите што идат да си купат антибиотик, туку и во докторите, и во фармацевтите.
Еве вака накратко, најчести грешки на некои доктори при издавање антибиотици:
- Амоксиклав за трудници (клавулонска киселина е контраиндицирана при бременост).
- Приватни лекари кои му даваат на пациент одделно да купува на приватно тобрамицин и дексаметазон капки (на секои 4 саати ќе треба да става две различни капки со размак 10тина минути) наместо Tobradex/Dextobrin (кои идат на фонд и се комбинација и од тобрамицин и дексаметазон). Ова е честа пракса кај приватните лекари, да препорачуваат лекови кои ги има само на приватно, а кои во некои случаи не се ништо по cost-effective од лекови кои се на рецепт.
- Пишување на заштитно име наместо на генерика. На пример, пречесто пишуваат Citeral (заштитно име) наместо ciprofloxacin (генерика), и со тоа пациентот купува двојно поскап лек (Цитерал) наместо Ципринол (иста генерика се и двата).
- Кога се препорачува некој лек, за кој има ист таков со поретко дозирање (зошто е со модифицирано ослободување), треба да му се даде до знаење на пациентот дека (најчесто на приватно) може да си купи и со модифицирано ослободување (ако му одговара да плати повеќе за да се дозира поретко). На пример Fromilid uno се зема на 24 саати, а Fromilid на 12 саати (ист состав). Ова е истовремена грешка и на лекарите, и на фармацевтите, ама фармацевтите дури и да го препорачаат Fromilid uno, не можат да го издадат без докторска белешка, за да не бидат казнети.
- Грешки во пишувањето на дозирањето прават и лекарите и фармацевтите. На пример, Сумамед не секогаш се дозира 3 дена x 500 mg, на пример за хламидија, доволна е една доза од 1000 mg. Или фармацевтите ги пакуваат doxycicline по 5 во ќесички, а вообиченатата терапија е 10 дена (антибиотиците не треба да се прекинуваат порано од што треба, тоа е причина за стварање отпорност на бактериите кон антибиотици). Исто, фармацевтите пишуваат на доксициклин да се земаат на 24 часа, а при некои инфекции, дозирањето е на 12 часа.
- Негрижа за тоа дали на пациентот му одговара да се придржува. На пример, цефуроксим vs цефахлор, како и цефалексин vs цефадроксил. Цефадроксил се зима на 12 саати, има исти индикации и иста подгрупа е со цефалексин, а сепак цефалексин почесто се пропишува. Истото важи и за другиот пример.
- Пропишување на антибиотици несоодветни за конкретните инфекции. На пример, ципрофлоксацин не се препорачува за синузитис и отитис.
- Фармацевтите веќе не издаваат антибиотици без рецепт. И тоа е некој вид на грешка, со оглед на државава во која сме. Пошо за прегед (да не зборам за брис) се чека предолго и заради горе-наведените причини (грешки со дозирања, избор на лек и индикации). Треба да е дозволено слободно да се купи антибиотик ама ако дојде пациент кој докаже дека знае што прави со себе и ако фармацевтот поседува доволно знаење за да процени (и секако да не му залепат казна за тоа).
Ако функционира здравството како што тврдат на телевизија, ќе функционираа горе-наведените ситници (реално ситници се, секој може да ги има тие информации, не се тешко достапни или тешки за памтење). И нека го охрабрат пациентот уште при првите симптоми да земе крв, потоа ако треба и брис (без да чека 5 часа или следни денови), и да пие штом осети симптоми 1000 mg (по 2 таблети) парацетамол (битно е на почеток така да се "претерува" со парацетамол).