Што ве гледам чудни сите. И да излеземе со Аке, Калаш и остали, вие нив за неписмени ги сметате? Па децата можеби се млади, ама ништо полоши да бидат од Рамирес/Лампард или Микел. Напротив, ќе гинат од желба да се покажат пред Мурињо и на ваков битен меч. Сметајте дека кој и да добие шанса од младиве има да апе по терен. Можеби и ќе примиме гол поради нив, ама ќе им опростам на неискуство, ама во едно сум сигурен, а тоа е дека децата ќе изгинат на терен, букмарк постов.
Друго, мило ми е што клубот се фокусираше на ЛШ затоа што имаме големи шанси да го кренеме трофејот. Не знам зошто ама нешто ми вика, и сум убеден дека Челзи го минува Атлетико во Лондон. Кој и да се падне од Реал и Барен со ваква одбрана како против Атлетико со мали корекции, немаме гајле. Ќе има радости.