Concrete даде одлична примедба.
Ја читав темава од почеток и мислам дека треба да се напоменат некои факти:
1. Колата е потреба, не е луксуз. Во денешно време ако си фамилијарен човек е потреба, за семејни патувања е најисплатлива варијанта, да не спомнувам за итни случаи.
2. Дали се исплати да се поседува? Па дали се исплати да се живее?
Основно правило кај колите: Кола не дава, кола зема. За да се исплати, се купува кола според потребите и моќта да ја одржуваш во исправна состојба.
За наши потреби и стандард во Македонија, коли од компактниот сегмент со мали мотори се најисплатливи според употребата (најчесто градско возење и релативно краток радиус на патување надвор-туристички дестинации на 300 км оддалеченост) и потрошувачката-одржувањето. ( Во реалноста, Застава се замени со Мерцедс Ауди и БМВ, со не помалку од 100 коња)
3 Стара или нова кола? Нова секако. Кај секоја кола постои фактор кој или не го гледаме или не сакаме да го видиме-амортизација и замор на материјал. Во превод, колку постара кола и повеќе минати километри, самата основна структура(челик) е далеку од она што била нова.Покрај тоа огромна веројатност на откажување на делови кои во момент може да бидат фатални. Пример, супер работи, ама попушта зглоб, пука каиш, црево, не дај боже системот за кочење. За жал колку постара кола, веројатноста е поголема. Не бадијала производителите даваат 2-5 години гаранција. Толку можат да гарантираат за нормална функција-понатака секој со умот...
Стара кола е поевтина да ја купиш, но прашувам, колку секој си го цени животот? Од друга страна, евтино го купуваш, ама многу даваш за поправки...И пак главата во торба...
Стандардот ни е таков-катастрофа, а желбите големи-резултат сиромавиот два пати плаќа, вториот пат многу поскапо....
Све има век на траење, па и колата. Ние мислиме глупи се оние од ЕУ што ги оставаат колите бадијала со ич километри во топ состојба оти баби ги возеле, а ние паметни им ги користиме. Па не се толку глупи, ги возат додека маста не им ја извадат и знаат дека тие коли веќе се крајно небезбедни и скапи за одржување па ги оставаат за да не плаќаат рециклажа. Тоа е евтиното што го купуваме.
И на крај евтиното станува многу скапо, не дај боже и премогу скапо....