Дали и кога се исплати да се поседува автомобил?

Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Ако е така не е исплати и да живееме. :D
Колата е потреба, ама јас немам желба да возам автомобил и одам пешки на работа. Иако имам услови за да ја возам и до продавница. Ај да е повеќе од 3км разбирам да се вози, ама за 300 метри бе. :eek:
Со јавен превоз се исплаќа ако се возиш сам.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Абе кола си е кола, за добро, за лошо, што треба, треба.... :)
Затоа најпаметно ако се движиш само низ градот е да си купиш на старо една кола или пак нова, но поевтина........ и без разлика дали на старо или на ново, најпаметно ти е да ја платиш во кеш.
Доколку си човек кој често оди на долги патови, од град во град или пак си човек кој живее на повисоко место/планина најпаметно е да си купиш некое поевтино џипче.

Затоа според мене најпаметно е човек да си купи една Дачја Дастер, која и не е премногу скапа, па ако собираш пари/заштедуваш неколку години наназад, можеш да ја платиш и во кеш :)
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.062
Поени од реакции
11.411
Затоа според мене најпаметно е човек да си купи една Дачја Дастер, која и не е премногу скапа, па ако собираш пари/заштедуваш неколку години наназад, можеш да ја платиш и во кеш :)
:tapp:
Треба да штедиш 10 (и со зборови десет) години по 100 евра месечно за да заштедиш за модифицирана верзија на Лада Нива (што нагалено ја викаат Дачија Дастер).

Ама штом ти викаш дека е најпаметно, тогаш мора да е така најдобро. (y)
 
Член од
16 април 2014
Мислења
30
Поени од реакции
28
Кола е најчесто потреба , до факултет наваму натаму ... од кога ги поскапеа картите во ЈСП а ние сме неколку накај факс ни се исплати и тоа како со 1 кола да одиме неколку души , мојот 101 , 100че ќе му ставам и идам до факс и назад шо е доста фер :) Да имаше плин ќе беше уште по исплатливо.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.126
Поени од реакции
2.764
Во крајна линија да, може да се каже дека поседувањето кола е начин да се покаже дека некој е роб на системот.

Зошто?
Како прво за самата “привилегија“ државата воопшто да дозволи на поединецот да поседува и вози кола се плаќа соодветен рекет кој изнесува на старт некои 500-600 евра за дозвола (со сите трошоци) и ако се земе просечен модел на кола со мотор од 1000-1200 ццм3 уште 200 евра за регистрација и осигурување.

Освен тоа, при купување на кола давачките кон државата на име рекет се значителни, а кај набавка на кола на старо по новите закони, давачките се околу 100% од каталошката цена.

Што значи рекетот почнува со “симболични“ 700-800 евра (5 просечни плати) продолжува со уште неколку илјади, во зависност од околностите и видот на возилото.

Потоа тука се горивата во кои наметите достигнуваат бизарни пропорции.

Тука се и разните кредити, сервис и одржување што кога човек ќе размисли некако не наведуваат на заклучок дека би имало некој реален бенефит од поседување кола.
А оние кои имаат бизнис и наведените трошоци не им сметаат и онака го поминуваат животот “у ритму бубњева робовласника“.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
Заптија... шо уствари ти збориш?!
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.634
Поени од реакции
1.489
Како прво за самата “привилегија“ државата воопшто да дозволи на поединецот да поседува и вози кола се плаќа соодветен рекет кој изнесува на старт некои 500-600 евра за дозвола (со сите трошоци) и ако се земе просечен модел на кола со мотор од 1000-1200 ццм3 уште 200 евра за регистрација и осигурување.
И што сакаш да кажеш,дека секоја будала треба да вози одма без никакво полагање,без никакво искуство у возење?секаде у секоја држава у свет се полага за возачка и се плаќа за тоа.
Кај нас за се ви е крива државата,али ова за возачка дозвола воопшто не ти држи вода дека било рекет.може сакаш возачките да се продаваат у трафика за 50денари.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.126
Поени од реакции
2.764
И што сакаш да кажеш,дека секоја будала треба да вози одма без никакво полагање,без никакво искуство у возење?секаде у секоја држава у свет се полага за возачка и се плаќа за тоа.
Кај нас за се ви е крива државата,али ова за возачка дозвола воопшто не ти држи вода дека било рекет.може сакаш возачките да се продаваат у трафика за 50денари.
Не реков дека треба да се вози без никакво полагање, туку дека прескапо е тоа 500 евра полагање на плата од 150-200 евра...
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Прочитај Коментар бр.1 оваа тема.
Ако пресметаме колу пари во текот на животот трошиме,по твое ќе излезе дека не се исплати ни да живееме.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Заптија... шо уствари ти збориш?!
.....вистината, ;)мене никогаш не ми станало јасно како еден тилку сиромав , дури и статистички беден со огромна безработица народ, вози толку многу коли...и тоа по еден-двајца внатре, а при солена цена на гориво и морски казни
Одамна тврдам дека кај и да е свет ќе почне да не купуе на пипета за да му кажуваме како.....:)
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
183
Поени од реакции
289
Concrete даде одлична примедба.
Ја читав темава од почеток и мислам дека треба да се напоменат некои факти:
1. Колата е потреба, не е луксуз. Во денешно време ако си фамилијарен човек е потреба, за семејни патувања е најисплатлива варијанта, да не спомнувам за итни случаи.
2. Дали се исплати да се поседува? Па дали се исплати да се живее?
Основно правило кај колите: Кола не дава, кола зема. За да се исплати, се купува кола според потребите и моќта да ја одржуваш во исправна состојба.
За наши потреби и стандард во Македонија, коли од компактниот сегмент со мали мотори се најисплатливи според употребата (најчесто градско возење и релативно краток радиус на патување надвор-туристички дестинации на 300 км оддалеченост) и потрошувачката-одржувањето. ( Во реалноста, Застава се замени со Мерцедс Ауди и БМВ, со не помалку од 100 коња)
3 Стара или нова кола? Нова секако. Кај секоја кола постои фактор кој или не го гледаме или не сакаме да го видиме-амортизација и замор на материјал. Во превод, колку постара кола и повеќе минати километри, самата основна структура(челик) е далеку од она што била нова.Покрај тоа огромна веројатност на откажување на делови кои во момент може да бидат фатални. Пример, супер работи, ама попушта зглоб, пука каиш, црево, не дај боже системот за кочење. За жал колку постара кола, веројатноста е поголема. Не бадијала производителите даваат 2-5 години гаранција. Толку можат да гарантираат за нормална функција-понатака секој со умот...
Стара кола е поевтина да ја купиш, но прашувам, колку секој си го цени животот? Од друга страна, евтино го купуваш, ама многу даваш за поправки...И пак главата во торба...
Стандардот ни е таков-катастрофа, а желбите големи-резултат сиромавиот два пати плаќа, вториот пат многу поскапо....
Све има век на траење, па и колата. Ние мислиме глупи се оние од ЕУ што ги оставаат колите бадијала со ич километри во топ состојба оти баби ги возеле, а ние паметни им ги користиме. Па не се толку глупи, ги возат додека маста не им ја извадат и знаат дека тие коли веќе се крајно небезбедни и скапи за одржување па ги оставаат за да не плаќаат рециклажа. Тоа е евтиното што го купуваме.
И на крај евтиното станува многу скапо, не дај боже и премогу скапо....
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.035
Поени од реакции
6.633

po tvoeto kazuvanje treba kola da kupuvame sekoi dve godini da odvojuvame po 15000 evra , gospodine Rokfeler.[DOUBLEPOST=1397974456][/DOUBLEPOST]
Не реков дека треба да се вози без никакво полагање, туку дека прескапо е тоа 500 евра полагање на плата од 150-200 евра...
i preskapo e,gledam lugeto zaboravile deka samo do pred nekoja godina vozacka za B kategorija dokolku kandidatot polozese naprvo SE ke go cinese 150 evra.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
183
Поени од реакции
289
po tvoeto kazuvanje treba kola da kupuvame sekoi dve godini da odvojuvame po 15000 evra , gospodine Rokfeler.[DOUBLEPOST=1397974456][/DOUBLEPOST] i preskapo e,gledam lugeto zaboravile deka samo do pred nekoja godina vozacka za B kategorija dokolku kandidatot polozese naprvo SE ke go cinese 150 evra.
Да ве потсетам господине дека пред да почне увозот на ЕУ ѓубрето во Македонија можеше да купите за 6000-7000 евра ново мало градско возило со неколку години гаранција.Ако од 2009 година важи ЕУРО5 норма, бидете сигурен дека ќе го возевте доста долго и без да се замарате со еко давачки бидејќи немаше да се однесуваат на вас. Но ако вие преферирате голема луксузна лимузина со преку 150 коња како основно средство за превоз макар и 20 години старо, тоа е друга работа.
Проблемот е во две работи- државата и менталитетот:
1. Државата тотално погрешно го третира овој проблем, наместо субвенции и поволни кредити за купување ново возило, дозволува увоз на стари возила за да потоа им наплаќа такса. Еве пример од една нормална држава:
http://automedia.mk/?p=7091
2. Менталитетот ни е таков да и по цигари со кола се оди, градски превоз е срамота да се користи (тоа е за сиромаштија, студенти и пензионери), а не дај боже велосипед (ќе мислат не си арен, па мора да вежбаш). Еве уште еден пример на оваа тема:
http://automedia.mk/?p=7128
 
И со субвенции и поволни кредити кај нас не може да се купи нова кола, т.е таквите субвенции и кредити ќе ги користат само оние што веќе имаат пари да купат ново возило.
Од 150евра плата колку можеш да издвоиш за кредит за кола да платиш? и со кредит си обврзан,една рата не платиш,и ќе дојдат ќе ти ја земат колата.
 
Ајде малку за стандардот и амбициите. Кога владата ја донесе мерката за увоз на ЕУРО2 возила до 2016 година, корегирај ме ако грешам, образложението беше да се задоволи социјалниот момент и да секој оној што немал можност да купи кола или имал премногу стара, да дојде до понов автомобил.
1. Социјален момент не се задоволува со дозвола за увоз на евтини коли. Ако си без пари, ќе ги дадеш и последните малку што си ги чувал и си ги дал топтан, а после ќему ја мислиш од каде пари за бензин, сервиси и регистрација.Или ќе ја купиш, бензин како така ќе ставаш а за сервис и регистрација нема врска, вози додека не те фатат или додека не откаже колата, не дај боже додека не ја уништиш.
Социјален момент пријателе се задоволува со отварање работни места, со можност да заработиш пари, па сам да одлучиш дали ќе купиш кола. дали нова или стара, е тоа е задоволување на социјален момент.
2. Ако ги следиш работиве со увозот на стари коли, или ајде прогуглај по огласи и форуми за коли, да видиш сиромавиот ни народец какви коли бара и купува - Мерцедес, Ауди, БМВ,Алфа Ромео.. Бугарските дилери се фалат дека Мкаедонските купувачи ги бараат луксузните модели и плаќаат и до 20000 евра за користен абтомобил, и најбарани се дизелите..Толку за сиромавиот ни народ.
А пред да се донесе овој закон за увоз, можеше да купиш на пример Chevrolet Spark нов за 7000 евра или помалку со 5 години гаранција.Ама кај Македонец ќе се брука со мало евтино количе...
Ако државата стимулира увоз на мали и еколошки возила со ниска цена, тогаш малку од нас ќе се најдат засегнати од најавените давачки.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom