- Член од
- 18 ноември 2008
- Мислења
- 621
- Поени од реакции
- 612
Јас не сум од Скопје. Колкава плата ми треба на мене за да купам еден стан во Скопје. Друго, тешко се наоѓа работа и за партнерот. Ќе се оженам и жена ми не може да најде работа во државава. Трето, не ми е сигурна работата. Мала економија сме, ако случајно останам без работа, многу тешко се наоѓа друга работа, а ако би земал кредит на 20 год за да купам стан во Скопје, многу веројатно е дека ќе останам без работа во тие 20 год. И можам така тешко да заглавам, и да не спомнувам ќе бидам роб со скромни примања во следните 20 год....за мене незамисливо....се разбира ова беа само мои размислувања и претпоставки, што секако може лесно да случат......Не те сфаќам ти се допаѓаше ситуацијата во државата, па затоа замина или подобра понуда беше.
Надвор од роднит град, за мене е исто Скопје или странство во поглед на тоа дека морам да купам ново живеалиште. Во странство далеку посигурно е за наоѓање работа каде каде од Македонија. Цената на становите е иста како во Скопје , платата 3-4 пати поголема, а во иднина може и повеќе.... И партнерот има големи шанси за наогање работа.....Лошата страна на странството...не си дома, не си со своите...но човек мора да проба, ако не ми се допаѓа овде, секогаш може да се вратам дома....но ако не ја искористев укажаната шанса да заминам на работа во странство, не можам да знам кога ќе добија друга таква шанса....долго време чекав на тоа....некои што ги познавам уште чекаат...но изгледа секој со својата среќа....се надевам секој на потежок или полесен начин, ќе го најде својот пат до успехот.