Голгота за невработени

Член од
18 ноември 2008
Мислења
621
Поени од реакции
612
Не те сфаќам ти се допаѓаше ситуацијата во државата, па затоа замина или подобра понуда беше.
Јас не сум од Скопје. Колкава плата ми треба на мене за да купам еден стан во Скопје. Друго, тешко се наоѓа работа и за партнерот. Ќе се оженам и жена ми не може да најде работа во државава. Трето, не ми е сигурна работата. Мала економија сме, ако случајно останам без работа, многу тешко се наоѓа друга работа, а ако би земал кредит на 20 год за да купам стан во Скопје, многу веројатно е дека ќе останам без работа во тие 20 год. И можам така тешко да заглавам, и да не спомнувам ќе бидам роб со скромни примања во следните 20 год....за мене незамисливо....се разбира ова беа само мои размислувања и претпоставки, што секако може лесно да случат......

Надвор од роднит град, за мене е исто Скопје или странство во поглед на тоа дека морам да купам ново живеалиште. Во странство далеку посигурно е за наоѓање работа каде каде од Македонија. Цената на становите е иста како во Скопје , платата 3-4 пати поголема, а во иднина може и повеќе.... И партнерот има големи шанси за наогање работа.....Лошата страна на странството...не си дома, не си со своите...но човек мора да проба, ако не ми се допаѓа овде, секогаш може да се вратам дома....но ако не ја искористев укажаната шанса да заминам на работа во странство, не можам да знам кога ќе добија друга таква шанса....долго време чекав на тоа....некои што ги познавам уште чекаат...но изгледа секој со својата среќа....се надевам секој на потежок или полесен начин, ќе го најде својот пат до успехот.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Каде лежи зајакот?Чија е вината со огромната таканаречена невработеност цели 20 години од 30 %?Сигурен сум од искуство,бидејќи сум работел и сеуште работам како за времето на претходната власт,така и сега кога е оваа седумгодишна преродба.Ситуацијата е иста,непроменета.70 % од невработените(се разбира кои се деца на работничката класа и се борат да преживеат)континуирано работат,и целовремено се пријавуваат како невработени.Секако тоа не е по нивна вина да работат а да бидат без ниту еден ден работен стаж.Проблемот е во самите газди и стопанственици,сега сите тие се членови на партијата на власт,и многу лесно го заобиколуваат законот за работни односи.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Јас забележувам дека невработените не се организирани во некаков синдикат и не се борат за своите права
На времето во Аргентина имаше многу јак синдикат на невработени. Тој синдикат секој ден го блокираше сообраќајот и тоа во време кога вработените се враќаат дома од работа уморни. Пораката беше: Ете вие бевте на работа... сте уморни... ама ние сме без работа, без пари и не сме уморни и ќе ве држиме вака неколку часа се додека не се реши нашиот проблем
И успеаа многу. Успеаа да издејствуваат сите јавни работни места да им се даваат на невработените да работат по неколку часа, да добиваат пари како невработени и други работи не се сеќавам точно што.
 
Да во право си,но тоа би било промашена цел ако невработените ги тормозат вработените.Би било добро да постои таков синдикат,но пораката да биде упатена до сите газди и до власта,за да бидат издејствувани максимално сите права.Но во Македонија проблемот е дека не постои синдикат за вработените а камоли да има здружение било какво за невработените.
 
Член од
14 јануари 2013
Мислења
81
Поени од реакции
16
здраво би сакала да прашам дали доколку сакаш да дадеш отказ од работното место а си на не4определено време и сеуште тече договорот , можеш да си заминеш, бидејки газдата се заканува со тужби... па ми треба ваша помош или некој што бил во слична ситуација
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Да во право си,но тоа би било промашена цел ако невработените ги тормозат вработените.Би било добро да постои таков синдикат,но пораката да биде упатена до сите газди и до власта,за да бидат издејствувани максимално сите права.Но во Македонија проблемот е дека не постои синдикат за вработените а камоли да има здружение било какво за невработените.
Најголем непријател на невработените се синдикатите на вработените тие со цел да си ги задржат работните места или си го продадат трудот поскапо им прават големи штети на невработените.
 
Член од
26 ноември 2012
Мислења
57
Поени од реакции
27
Очигледно е дека нашава т.н. држава е на прво место во светот каде секој попрво би посакал да биде пензионер наместо млад и невработен(потиштен) човек. Повеќе објаснување не е потребно сите ги знаеме бенефитите на пензионерите и можностите на невработените.
 
Juve-Fan

campione d'italia 36
Член од
23 март 2010
Мислења
841
Поени од реакции
1.469
Работа има ама никој не сака да работи, сите сакаат дома да седат и да им стигаат пари.Епа нема така умре социјализмот, дојде време на борба посилниот ќе опстане, послабиот ќе го јаде мечката.
А на оние кои не им одговара имаат отворени врати, ете ви татарски пасоши и барајте го лебот надвор.Од пред компјутер и кукање нема да ви се наполни стомакот.

За крај едно реторичко прашање: Зошто никој не презема нешто слично како во БиХ ,значи дека се е во ред?
 
Член од
30 април 2013
Мислења
674
Поени од реакции
1.293
здраво би сакала да прашам дали доколку сакаш да дадеш отказ од работното место а си на не4определено време и сеуште тече договорот , можеш да си заминеш, бидејки газдата се заканува со тужби... па ми треба ваша помош или некој што бил во слична ситуација
Ако си на неопределено време, секако дека сеуште тече договорот :)
Него, според некое правило, т.е. општа култура, отказот треба да се најави мин 15-30дена порано. Не може газдата ништо против тоа, освен ако не и должиш на фирмата, а нема како на друг начин да им ги исплатиш парите. Никој не може да те задржува на работа доколку не сакаш. Има случаи кога даваат отказ преку ноќ, т.е. се јавуваш на одговорните и им кажуваш дека од утре не доаѓаш на работа поради икс причини. Има некои па ниту се јавуваат ниту се појавуваат повеќе. Но, доколку биле коректни работодавците со тебе, ти ја препорачувам првата опција.
 
Член од
4 февруари 2014
Мислења
7
Поени од реакции
3
Еве јас ке пишам прв за моите почетоци. Откако дипломирав една година бев невработен, испраќав CV каде ќе стигнев...Абе копелињата не враќаа ниту повратен одговор а не пак да те вработат.....После една година преку познаник отидов на интервју во една фирма, ми понудија да работам ама на договор на дело, плата 250 евра...бев пресреќен....после 10 месеци најдов подобра и поплатена работа. И таму бев десет месеци, пропадна фирмата, и веднаш најдов друга работа, поплатена и од претходната. Бев таму една година.....дадов отказ и отидов во странство.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
здраво би сакала да прашам дали доколку сакаш да дадеш отказ од работното место а си на не4определено време и сеуште тече договорот , можеш да си заминеш, бидејки газдата се заканува со тужби... па ми треба ваша помош или некој што бил во слична ситуација
Прочитај си го договорот што си го потпишала.
Стандардно се дава отказ со рок од 30 дена. Ама има законски можности газдата да бара од тебе да потпишеш и подолг отказен рок ( мислам дека е максимум 90 дена) ако тоа бара работното место.
И да, можеш да добиеш тужба, па и да изгубиш на суд, ако во договорот има наведено дека за непочитување на отказен рок се плаќа пенали, или ако газдата вложил пари во тебе, во смисла на обуки и сл
 
LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Депресивна била темата :)
Па ставајте смајлиња , по весела ќе биде :)
Нема работа :)
Нема пари :)
Се е исполитизирано :)
Глеате како е повесела темата сеa : ) :) :) :)
 
Член од
4 февруари 2014
Мислења
7
Поени од реакции
3
Јас не сум од Скопје. Колкава плата ми треба на мене за да купам еден стан во Скопје. Друго, тешко се наоѓа работа и за партнерот. Ќе се оженам и жена ми не може да најде работа во државава. Трето, не ми е сигурна работата. Мала економија сме, ако случајно останам без работа, многу тешко се наоѓа друга работа, а ако би земал кредит на 20 год за да купам стан во Скопје, многу веројатно е дека ќе останам без работа во тие 20 год. И можам така тешко да заглавам, и да не спомнувам ќе бидам роб со скромни примања во следните 20 год....за мене незамисливо....се разбира ова беа само мои размислувања и претпоставки, што секако може лесно да случат......

Надвор од роднит град, за мене е исто Скопје или странство во поглед на тоа дека морам да купам ново живеалиште. Во странство далеку посигурно е за наоѓање работа каде каде од Македонија. Цената на становите е иста како во Скопје , платата 3-4 пати поголема, а во иднина може и повеќе.... И партнерот има големи шанси за наогање работа.....Лошата страна на странството...не си дома, не си со своите...но човек мора да проба, ако не ми се допаѓа овде, секогаш може да се вратам дома....но ако не ја искористев укажаната шанса да заминам на работа во странство, не можам да знам кога ќе добија друга таква шанса....долго време чекав на тоа....некои што ги познавам уште чекаат...но изгледа секој со својата среќа....се надевам секој на потежок или полесен начин, ќе го најде својот пат до успехот.
Bravo ne samo za srekata tuku za resitelnosta i uspesnosta i za ostvaruvanje na vizijata
--- надополнето: 12 февруари 2014 во 13:55 ---
Работа има ама никој не сака да работи, сите сакаат дома да седат и да им стигаат пари.Епа нема така умре социјализмот, дојде време на борба посилниот ќе опстане, послабиот ќе го јаде мечката.
А на оние кои не им одговара имаат отворени врати, ете ви татарски пасоши и барајте го лебот надвор.Од пред компјутер и кукање нема да ви се наполни стомакот.

За крај едно реторичко прашање: Зошто никој не презема нешто слично како во БиХ ,значи дека се е во ред?
Rabota ima i mnogu luge rabotat takva rabota vo kafici sendvicari pekari vo smeni so zavrseno visoko obrazovanie za 500d dnevnica ne prijaveni ne osigurani po 12h ili po potreba vo minimalni uslovi za rabota.sekoj na svoj nacin se snaoga kako moze za opstanok no dali e toa vrabotuvanje:unsure:
 
Последно уредено од модератор:
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
Јас забележувам дека невработените не се организирани во некаков синдикат и не се борат за своите права
На времето во Аргентина имаше многу јак синдикат на невработени. Тој синдикат секој ден го блокираше сообраќајот и тоа во време кога вработените се враќаат дома од работа уморни. Пораката беше: Ете вие бевте на работа... сте уморни... ама ние сме без работа, без пари и не сме уморни и ќе ве држиме вака неколку часа се додека не се реши нашиот проблем
И успеаа многу. Успеаа да издејствуваат сите јавни работни места да им се даваат на невработените да работат по неколку часа, да добиваат пари како невработени и други работи не се сеќавам точно што.
веднаш ќе се појават контрапротести/блокади ... и ништо нема да се постигне ...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom