Наведовте доста екстремни случаи во кои сопругот требал да крене и покажал нечовечност и лош партнерски однос. Најбитно, од каде знаете дека токму сопругата не го предизвикала овој однос, со нејзината љубомора и константно досаѓање? Па после 2 вртења треба да ти се јасни работите, твоето си го направил, негово е да реагира. Дури и поефикасно би било, доколку има некој што ми врти секоја минута значи е во пефектно здравје за досаѓање, доколку го снема повеќе ќе ме загрижи. Од друга страна, според мене после 3-4 вртења ако е екстремен или здравствено опасен случајот секоја нормална индивидуа ќе продолжи да врти на телефонот за итна помош, сигурно и членов на форумот ја знае оваа опција.
А во конкретниов пример тие 50 ѕвонења сите видовме дека се од сопруга што неможе да си седи на задникот мирно, никаде не спомна дека и пукнал водењак ја заболел стомак или едноставно не се осеќала добро. Вртела од љубомора, завист и се што следи со немирната психа. Незнам дали е во 9ти месец или сл. не ја читав од почеток темава.
Видиш, тука сме си сите различни.
Јас не би дозволила да се доведам у ситуација да примам 50 повици. Ниту пак би свртела 50 пати. Затоа пак, зборам ако свртам неколку пати и не добијам одговор, НЕКОЈ ќе треба доста да објаснува.
Јас те прашувам, зошто смирена психа би стимулирала љубомора и завист и све што следи кај својот партнер (кој во случајов е бремена жена со вознемирени хормони)?
Како сакаш кажи, нема оправдување за отсуство на партнерот до после полноќ, без да пушти глас од себе во меѓувреме. Не би сакала да навлагам во конкретниов случај, зборам општо, како мислам дека е исправно да се постапува во комуникацијата со блиски личности.
Замиси си, да пуштиш некого да збеснува со тоа што те бара сто пати на телефон цел ден, би морал да бидеш злобен садист. Абе дигаш телефон и се разбираш со неколку збора. Нема што да се тргаат инати, изживљавања и кинење нерви. Значи: ко ти ѕвони телефон прво стискаш зелено копче, па иде бла бла бла, па иде црвено копче. И си имаш мирна глава