Game of Thrones

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Ај веќе кога почнавте за ликови да зборувате, јас би ја спомнал Ариа. Интересна лик е и се некако гзлачки ми се вади од кашите. :)
Арја дефинитивно е еден од најдобрите ликови. На сите кои ја читале книгата им е омилена. Мене барем, комбинацијата Арја - Џакен Хагар ми беше нешто нај од цела серија. Сета таа неизвесност околу трите смрти...
--- надополнето: 16 април 2013 во 20:56 ---
Па Гишчарскиот дијалект, на кој зборат во Астапор е селска варијанта на Валиријскиот, како што тоа се Италијанскиот, Шпанскиот... во однос на Латинскиот.
Сакаш да кажеш дека Калиси го разбираше овој што зборуваше?
--- надополнето: 16 април 2013 во 20:57 ---
Колку што се сеќавам јас нели Калиси во Карт викаше дека змејовите неможат да живеат без неа (кога и беа украдени) бидејќи се приврзани за неа како мајка и деца.
Остај ја ти Калиси што се филма. Она може да мисли што сака.
--- надополнето: 16 април 2013 во 20:58 ---
The Imp со париве главен што е, мислам дека ќе си сврти многу во своја корист и ќе среди многу проблеми.
Тирион секако има пари, Ланистер е. Само што му ја дадоа новава професија, он почна да чита книги и да се секира за даноците. Јас не мислам дека ќе ги користи парите за свои цели.
--- надополнето: 16 април 2013 во 20:59 ---
kalisi tocno znae sto pravi ne slucajno od site robovi prvo ja kupi taa crnkata
Зошто мислиш дека ја купи баш неа прво?
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Нај интересно е на другата страна од ѕидот иначе како што идат епизодиве мислам дека се ближи некаква бура, нешто ќе се десит.
Абе ајде, уште од првата епизода ги покажаа вајт вокерите, од тогаш па наваму не знам колку време помина, од нив уште ни трага ни глас. А демек финалево од вторава сезона со нив беше, и еве ги пак ги нема. Јас разбирам дека и без нив е доволно интересно, али нека не ни даваат лажни надежи.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Podrick Paine најголемиот ебач во GOT.
Не е тој бе, Гендри е, аман! :D

п.с. коментар под видеово:

There is a beast in his pants, and it stirs when you put three whores on his bed.

(по теркот на реченицата од Jorah: There's a beast within every man that stirs when you put a sword in his hand. )

:pos:
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Станис и мене не ми е нешто посебно, барем сега-засега. Од нивната приказна Давос, а особено Мелисандре ми се поинтересни. Мелисандре мислам дека нешто се двоуми околу Станис. Чудно го гледаше, во стил „ти забега скроз“ или барем мене така ми се виде. Можеби бидејќи моментално нема голема корист од него (your fire burns low) за да и` направи ново ваџајна смоук бејби, или пак можеби сфатила дека грешка се разбрала со The Lord of Light околу тоа кој е избраникот кој го видела во оганот. Ако не е тој, тогаш е можно да тргне да го бара единствениот преостанат човек со баратеонска крв, а тоа е Гендри. Фамилијата Баратеон не е за џабе одбрана нели, ако се точни гласините дека се потомци на Таргеријанс, бидејќи како што се сеќавам, моќите на The Red Priestess зависат од змејовите. Само не знам каква е поврзаноста, дека Мелисандре е од Ашаи, а Калиси од Валирија. Кога сме кај Калиси и Валирија, ми се виде дека разбира Валириски (или Стар Валириски, или нема разлика?) бидејќи знаеше што значи Valar Morghulis. Друга работа која ја сфатив кога ја испрашуваше Мисандеи е дека нема шанси да го даде Дрогон. Нормално.

Мене ми беше таман сценава, и ја сфатив дека Станис е ептен очаен по престолот и дека е спремен да моли за ново „бебе“ се` со цел да ги скине Роб и Џофри. Реално гледано, не знам ни што друго му преостанува. Алијанси не може да прави со никој, поголемиот број од војската ја загуби во Блеквотер, а оние малкуте кои му останаа се` повеќе ја губат вербата во него поради палењето живи луѓе. Од тој аспект е нормално да паѓа на колена пред Малисандре, бидејќи моментално е во најнезавидна состојба од сите кои се борат за престолот.

„Станис не е ништо посебно“ е комплимент.

Во пракса, Станис е убедливо најлошиот лик во серијава. Актерот нема никаква харизма која претпоставувам ликот во книгата треба да ја има. Улогата му е напишана за никаде, нити има интересни дијалози нити пак доаѓа во ситуација да одглуми добра сцена. Да го нема, никому нема да му фали.
Абе зошто толку е ви е погоден Станис? Баш е ѕверка човекот, рака за рака со Тајвин Ланистер, исти се. Попринципиелен човек од Станис нема нигде, јас сум ептен импресионирана од него.
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.132
Поени од реакции
5.862
Калиси сто пати праша: „дали војниците ќе ги следат точно моите наредби“. Самото тоа што сака да ги купи сите кажува дека сака да го остави оној кутар идиот без никаква заштита, а потоа или војниците ќе го фрлат вморе или змејко ќе го запали. Патем, сигурен сум дека Калиси го разбира ајванот кога јаде бурек, што е и намерно направено за да ни се згади гадот и лесно да и простиме на Калиси за измамата, во стилот: „и ние би го убиле ѓубрето“.
Не го разбира. Али ако пуштиш на 33:45 од епизодата, моментот кога Мисандеи почнува да преведува за Дотраките ќе се сецне малце затоа што овој премногу ќе изеде гомна за нив и оваа нема да успее сето тоа да го направи во фин говор. Калиси го примети тоа, и плус примети дека сите луѓе што ја гледаа одозгоре беа жени, а оние осудените мажи. Нели после тоа беше и муабетот со Мисандеи "Сите мажи мора да умрат", очигледно во тој град премногу се применува тоа.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.476
Поени од реакции
79.598
Тирион секако има пари, Ланистер е. Само што му ја дадоа новава професија, он почна да чита книги и да се секира за даноците. Јас не мислам дека ќе ги користи парите за свои цели.
Па прашањето не е за што ќе ги користи, туку за КОИ пари станува збор тука?
Касата е празна. Роберт ја празнел. Белиш се задолжувал. Највеќе должат на Тајвин, а потоа и на Железната Банка.
Тирион ќе треба да најде начин да створи пари. Нови начини за тоа или нови задолжувања кај овој или оној...
Кога нема пари, не е прашањето како ќе се трошат.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Не е тој бе, Гендри е, аман! :D

п.с. коментар под видеово:

There is a beast in his pants, and it stirs when you put three whores on his bed.

(по теркот на реченицата од Jorah: There's a beast within every man that stirs when you put a sword in his hand. )

:pos:
Видов после на твојот пост, ама ме мрзеше да го бришам постот.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Станис и мене не ми е нешто посебно, барем сега-засега. Од нивната приказна Давос, а особено Мелисандре ми се поинтересни. Мелисандре мислам дека нешто се двоуми околу Станис. Чудно го гледаше, во стил „ти забега скроз“ или барем мене така ми се виде. Можеби бидејќи моментално нема голема корист од него (your fire burns low) за да и` направи ново ваџајна смоук бејби, или пак можеби сфатила дека грешка се разбрала со The Lord of Light околу тоа кој е избраникот кој го видела во оганот. Ако не е тој, тогаш е можно да тргне да го бара единствениот преостанат човек со баратеонска крв, а тоа е Гендри. Фамилијата Баратеон не е за џабе одбрана нели, ако се точни гласините дека се потомци на Таргеријанс, бидејќи како што се сеќавам, моќите на The Red Priestess зависат од змејовите. Само не знам каква е поврзаноста, дека Мелисандре е од Ашаи, а Калиси од Валирија. Кога сме кај Калиси и Валирија, ми се виде дека разбира Валириски (или Стар Валириски, или нема разлика?) бидејќи знаеше што значи Valar Morghulis. Друга работа која ја сфатив кога ја испрашуваше Мисандеи е дека нема шанси да го даде Дрогон. Нормално.
Успат морам да го пофалам VLJ, најинтересни ми се неговите теории за читање :)

А од кај знае Мелисандре за Гендри, дека тој е единствен човек потомок на кралот Роберт?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.476
Поени од реакции
79.598
Абе ајде, уште од првата епизода ги покажаа вајт вокерите, од тогаш па наваму не знам колку време помина, од нив уште ни трага ни глас. А демек финалево од вторава сезона со нив беше, и еве ги пак ги нема. Јас разбирам дека и без нив е доволно интересно, али нека не ни даваат лажни надежи.
Па они баш и не се знае како и зашто и кога се појавуваат.
Фактите велат дека се појавуваат кога е многу ладно или станува многу ладно кога ќе се појават.
Факт е дека се немаат со илјадници години вака појавено.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Успат морам да го пофалам VLJ, најинтересни ми се неговите теории за читање :)

А од кај знае Мелисандре за Гендри, дека тој е единствен човек потомок на кралот Роберт?
Епа за тоа ваљда ќе одат по логика дека е вештерка/волшебничка/мајка на Смоуки/којзнае уште што и дека знае се.
Барем јас така мислам дека ќе биде.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.351
Поени од реакции
58.011
Попринципиелен човек од Станис нема нигде, јас сум ептен импресионирана од него.
Е де, затоа јас гледам серии, многу сакам принципиелни ликови.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.581
Поени од реакции
52.411
Па они баш и не се знае како и зашто и кога се појавуваат.
Фактите велат дека се појавуваат кога е многу ладно или станува многу ладно кога ќе се појават.
Факт е дека се немаат со илјадници години вака појавено.
Па да ама, кај исчезнаа само така? Не беа мала група...
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
сеа не ми е јасно зошто Станис ја бара главата и на Роб Старк, кога претоа потенцира дека нивните куќи се големи пријатели
Затоа што Станис е единствениот вистински наследник на престолот. Роб не го поддржува, така да автоматски му е непријател.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom