Game of Thrones

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.590
Поени од реакции
13.278
За муабетот за Џејми. Мене ми е типичен Prince Charming физички, а карактерно потсеќа на Prince Charming извитоперената верзијата од Шрек. Едноставно грофска и отмена фаца има, сакај го - не сакај го. :D Еве и слика, ми текна уште пред да ја видам сликава, ветувам. :D

Half Arm. :rolleyes:
 
G

Geezer

Гостин

Се извинувам на чесниот суд, ако веќе некој ја постирал сликава.
 
Член од
9 април 2011
Мислења
810
Поени од реакции
1.043
кога Калиси шитна еден змеј за војници. Сепак мислам дека финтира нешто и дека нема шанси да се откажа од едно од „бебињата“ и дека ќе гори некој наредната епизода. :D
Или некој ќе гори, или со војската ќе ги убие овие што ги продаваат, бар јас така мислам
 
VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Чисто информативно, до кога важи правилото да се дискутира без споилери од последната епизода?
 
Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.095
Поени од реакции
9.016
Лично, Станис како лик не ме импресионираше како ни од почетокот, очекував да биде најјакиот стратег и воин во Вестерос, мажиште, нешто налик Тајвин. Сега од епизода во епизода ми станува поодбивен.

* секако, не по иритирачки од Џофри, тоа се подразбира. :D
Stannis во последната епизода е многу лошо претставен но ова е намерна "грешка" на режисерите за да се долови дека магијата на Melisandre е ограничена и дека неможе да раѓа сенки континуирано и со тоа да ги тргне сите претеденти за тронот. Значи мораше некако на гледачите да им се прикаже дека Melisandre не е семоќна.

Воопшто не е таков во книгите, неговиот збор е последен а во серијава во 3тава епизода го направија хорни и лигуш. Инаку е точно дека заедно со Tywin Lannister е еден од најдобрите воени стратези. Storm's End го држел цела година иако бил окупиран, јадел коњи, стаорци и сл. се дур Davos Seaworth не прошверцувал кромид и нешто друго за да ги нахрани дур Eddard Stark не ја разбил опсадата.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695

Ми кажа Eddard Stark дека Станис во книгите е подруго прикажан. Не е мојава слика за Станис само од епизодава, туку од неговото појавување наваму ми е се послаб од епизода во епизода. Значи не навлегувајќи каков е во книгите, во серијава, со неговите постапки од минатата сезона па се навака ми е недопадлив и излитен лик. :)
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Oва детево со стреливе што го спаси Теон кој е уствари?
Калиси ме изненади ама мислам дека знајт шо прајт, ваљда имат некој план не вервам тукутака да се откажит. Бар според однесувањето и тоа колку е сигурна во себе.
Нај интересно е на другата страна од ѕидот иначе како што идат епизодиве мислам дека се ближи некаква бура, нешто ќе се десит.
Штета што не разбирам добро англиски, па морам да го гледам со српски превот, малце ми е потешко ама се снаоѓам, и онака до наредна сезона уште 5 пати ќе ја изгледам серијава и со македонски превот и свашта :).
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Калиси им ги купи сите војници што ги имаат, мотивирана е да ги ослободи затворениците и си ја зема црнкињата. Секако дека змејот нема да го даде, туку ќе ги ослободи сите робови пред умирање. Ваљда ќе биде такво клише.

Станис е со замаглен поглед од кога почна серијата, психички слаб ми изгледа, ваљда многу различно од книгата. Мелисандре рече дека не мора да е тој, туку негова крв. Каде ли ќе оди?

The Imp со париве главен што е, мислам дека ќе си сврти многу во своја корист и ќе среди многу проблеми.

Бонус гиф од нашиот омилен:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.670
Поени од реакции
80.038
Stannis во последната епизода е многу лошо претставен но ова е намерна "грешка" на режисерите за да се долови дека магијата на Melisandre е ограничена и дека неможе да раѓа сенки континуирано и со тоа да ги тргне сите претеденти за тронот. Значи мораше некако на гледачите да им се прикаже дека Melisandre не е семоќна.
ОК ова со несемоќноста на магијата на Мел. Можда сакале тоа да го прикажат.

Но, не знам стварно која им е целта со целата поставеност на сценава, ликовиве...
Нигде Станис у книгата не се однесува така со Мелисандра, а ниту она со него, како што беше вметнато во оваа епизода. Никаде он не ја моли за ништо. Никаде она не го одјебува, како во сценава. Дури сценава е спротивна и на претходните во серијава, во кои Станис на пример, ја давеше во една сцена и и' наредуваше, како и што е (во корелација со книгата).
Станис има слабости, но не се овие во оваа сцена.
...можеби сакале да го потенцираат очајот во кој се наоѓа
... можеби сакале да го претстават позависен од неа, одошто навистина е
Да, тој е очаен, можеби малку умствено нестабилен, но не е слабак, ниту пак е лик кој било кого би молел, или пак би личело дека некого моли, за било што.
Човек што си го уби братот, човек кој (да не набројувам све што направил) не би се понашал така.
 
VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Станис е со замаглен поглед од кога почна серијата, психички слаб ми изгледа, ваљда многу различно од книгата. Мелисандре рече дека не мора да е тој, туку негова крв. Каде ли ќе оди?
Станис и мене не ми е нешто посебно, барем сега-засега. Од нивната приказна Давос, а особено Мелисандре ми се поинтересни. Мелисандре мислам дека нешто се двоуми околу Станис. Чудно го гледаше, во стил „ти забега скроз“ или барем мене така ми се виде. Можеби бидејќи моментално нема голема корист од него (your fire burns low) за да и` направи ново ваџајна смоук бејби, или пак можеби сфатила дека грешка се разбрала со The Lord of Light околу тоа кој е избраникот кој го видела во оганот. Ако не е тој, тогаш е можно да тргне да го бара единствениот преостанат човек со баратеонска крв, а тоа е Гендри. Фамилијата Баратеон не е за џабе одбрана нели, ако се точни гласините дека се потомци на Таргеријанс, бидејќи како што се сеќавам, моќите на The Red Priestess зависат од змејовите. Само не знам каква е поврзаноста, дека Мелисандре е од Ашаи, а Калиси од Валирија. Кога сме кај Калиси и Валирија, ми се виде дека разбира Валириски (или Стар Валириски, или нема разлика?) бидејќи знаеше што значи Valar Morghulis. Друга работа која ја сфатив кога ја испрашуваше Мисандеи е дека нема шанси да го даде Дрогон. Нормално.

Еве и од мене бонус гиф:

--- надополнето: 16 април 2013 во 15:20 ---
Мене ми беше таман сценава, и ја сфатив дека Станис е ептен очаен по престолот и дека е спремен да моли за ново „бебе“ се` со цел да ги скине Роб и Џофри. Реално гледано, не знам ни што друго му преостанува. Алијанси не може да прави со никој, поголемиот број од војската ја загуби во Блеквотер, а оние малкуте кои му останаа се` повеќе ја губат вербата во него поради палењето живи луѓе. Од тој аспект е нормално да паѓа на колена пред Малисандре, бидејќи моментално е во најнезавидна состојба од сите кои се борат за престолот.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Не знам што се дешава во книгиве т.е дали ќе останат живи, ама јас навивам за комбинација брак меѓу Ајра и копилето Баратеон, а Сноу да биде раката на кралот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom