Браковите во минатото постабилни од сегашните

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
што има лоши кажи ми во тоа мажот да извршува домашни обврски?Напротив се повеке гледам такви мажи.Обврските нормално е да се делат на двајца а не на машки и женски
Оправдани причини за маж да брише прашина има само ако е во војска, сега бидејќи ја укинаа редовната војска тие причини повеќе ги нема.
 
Член од
13 ноември 2011
Мислења
53
Поени од реакции
20
А ти си уште еден пример, ама пошто знам дека се заебаваш, пола ти се простува. :)

Епа и јас тоа викам. Обврските по дома мора да се завршат и тоа е приоритет. Арно ама, некои од „еманципираната жена“ направија пувла. :icon_lol:
jaki ti se komentarive taka i si mislev .gledam deka te interesiraat poveke raboti .bravo za tebe. i kako svedska ladno e?
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Тие што немаат пари помалце се разведуваат отколку тие што се добро финансиски ситуирани според мене.
Еве на пример еден сиромашен брачен пар ке се разведе и послем тоа каде ке иде мажот или жената,што ке прави без пари сам?
Вака ако мажот има пари на пример и не му се живее со жената,ке си отиде во друг стан ке си почне нов живот in no time.
И јас мислам дека разводи има многу повеќе барем во средината во која што живеам(главниов град) кај поситуираните луѓе бидејќи на некој начин таму во тие бракови и мажот и жената се независни еден од друг односно и двајцата си работат и си имаат своја пара и доколку не им оди заедно без проблем се разделуваат .......... вакви случаи има многу и повеќето што ги знам се ситуирани лица, од друга страна па сиромашните мораат сакале нејќеле да живеат заедно до крај, бидејќи еден без друг неможат, повеќе се врзани еден за друг .......... без разлика дали само мажот работи или пак само жената, едниот(тој што не работи) е зависен од другиот(тој што работи) !
Инаку малку ги помешавте лончињата(ова не се однесува на тебе Гонзо) ............ значи денеска 90+% од младиве во урбаниве средини прво го гледаат образованието, работата, кариерата... а бракот и децата ги оставаат за нешто подоцна, само мал дел од младите запливуваат во брачните води ’’навреме‘‘ тоа навреме намерно го ставив под наводници бидејќи порано се рачунало навреме мажење и женење на 18/19/20... години, а денеска тие граници се отерани на дури +30год. и за машките и за женските !
Јес да човек треба некад и тој чекор да го направи да скокне во брак и да создаде семејство т.е. дете/деца, но едноставно денеска такво е времето и системот и границите за овие нешта се поместени нагоре !
Бракот и децата се битна ствар да, но тоа незначи дека образованието и работата/кариерата треба потполно да се изостават и сите да почнат да влегуваат во брак уште на 18 год. како што било порано кога немало дури ни средно образование а камо ли па факсови и сл.
Доколку женското влезе во брак на 30 год. на пр. ите-како има време да создаде семејство зборам за 1-2 деца, исто и мажот па дури и постар да е 30+ год. зашто со овие работи(брак) да се избрзува и да се влага во брак уште на премлади години и тоа тотално неподготвени за таквиот чекор !
 
Член од
15 јуни 2011
Мислења
409
Поени од реакции
304
Завршувањето факултет и градењето кариера не го исклучуваат бракот и имањето деца, има многу примери на успешни жени во брак, како што има и на успешни вечно осамени кариеристки или авантуристки со потреба од ,,шетање,, на различни нивоа :icon_lol: ...

Не значи дека ако имаш здрав став кон животот, а тоа е да имаш стабилен брак и здраво семејство и дом за кој заеднички се грижите, дека си очајна или назадна или необразована или неизлезена ни 5 км од родното место...

Нема таква кариера, не постои таков ангажман на други полиња, кој е посилен од потребата за љубов и остварување заедништво преку наоѓање на соодветен животен партнер и исполнување на улогата на мајчинство кај жената, и ако не се остварат овие приоритети ќе е несреќна и под плаштот на никаква еманципација, феминизам, кариеризам бла, бла-изам ова нема да се покрие...
ти или стварно не ме разбираш шо сакам да кажам или си испревртуваш мислења за да ти биде интересно,.Не рече никој дека кариерата и факсот го исклучува бракот и децата!!!!!!!!!!!!Туку дека на некој приоритетна цел им е кариерата ,а не бракот.Значи приоритетна.....а не исклучена.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.694
Поени од реакции
12.101
некои да изградат прво убава кариера,на некои прво да го прошетаат светот итн
ти или стварно не ме разбираш шо сакам да кажам или си испревртуваш мислења за да ти биде интересно,.Не рече никој дека кариерата и факсот го исклучува бракот и децата!!!!!!!!!!!!Туку дека на некој приоритетна цел им е кариерата ,а не бракот.Значи приоритетна.....а не исклучена.
Ме интересира дали затоа се поголем број жени (и мажи) наближуваат до менопауза без деца. Зошто би им пречел бракот или детето во градење на кариерата, или зошто би требало првин да изградат кариера или да "прошетаат свет" па после да формираат семејство? Зошто да не го прават тоа истовремено?
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
935

Навистина тешко да те разбере човек, а тежинава на темава чиниш на ниво на квантна физика... Другпат повеќе извичници употреби и по можност капслок, посилен ефект ќе предизвикаш :icon_lol:... Гледам си употребила запирка па точка, ме потсети на Нескафе, тој употребуваше точка па прашалник, такви напредни ликови го менуваат светот, не само интерпункцијата, ама тоа ти е судбината на генијот вечно несфатен од современиците :icon_lol:...
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.729
Поени од реакции
9.839
Ме интересира дали затоа се поголем број жени (и мажи) наближуваат до менопауза без деца. Зошто би им пречел бракот или детето во градење на кариерата, или зошто би требало првин да изградат кариера или да "прошетаат свет" па после да формираат семејство? Зошто да не го прават тоа истовремено?
Toa е само изговор. Пошто реалната причина е нејќење,избегавање на обврска,бегање од лежерноста која им ја нуди немањето деца и сл. Најчесто таквите ликови и никогаш не постигнуваат бог знае каква кариера и не се нашетуваат.
 
A

AnFem

Гостин
Ме интересира дали затоа се поголем број жени (и мажи) наближуваат до менопауза без деца. Зошто би им пречел бракот или детето во градење на кариерата, или зошто би требало првин да изградат кариера или да "прошетаат свет" па после да формираат семејство? Зошто да не го прават тоа истовремено?
Не знам за кариерата, ќе ти дадам мое размислување за шетањето. Шетањето низ светот носи авантури, барем за мене. Не знам на што ќе налетам и што ќе се случи. Зошто да носам невина душа со мене, само затоа што сакам да видам некои работи?

Да бидам појасна... Дали би носел деца со тебе доколку сакаш да тргнеш некаде без некој план, значи без резервации во хотели и без обезбеден превоз? Дали би носел деца со тебе доколку пасија ти е да кампуваш зимно време, на пример? Овие работи се прават додека си млад и немаш обврски, понатаму и да сакаш нема да можеш да ги направиш.
 
Член од
13 ноември 2011
Мислења
53
Поени од реакции
20
hhahaahahahahahahahahahhaahahahhahahahaahahahahahahahaahahahahahahahahahahahahahaahahahahahahahaahahahahahah
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Либерализам
Амерички филмчиња. Не ми чини, ,,се навредив" правец кај мама и тате. Нема потреба од кавги, кој го онади буљашов, мене друг че ме сака, че си најдам сродна душичка токму за мене, јас си сум вредна да преживеам, сила сум не сум појче угнетувана ко порано.Скоро истото и обратно важи, намерно употребив скоро бидејќи науката кажува дека мажот се зацапува и поврзува подлабински и посилнп, што не е случај со жените и не ме цитирајте со црвено на реченицава, побарајте и најдете.

Е сега некој спомна кариера. Самиот бурен начин на живот, заснован на технологии, машини доведува до отуѓување на народот, одделување на еден од друг, помало приврзување. Пример контролата порано првин произлегувала од семејството, т.е тоа било главниот контролор на случувањата поврзани со децата, сега контролата лека полека се препушта надвор, институционално. Тие само одат кога ќе ги викни полицијата како нивното детенце било затекнато во 02 по полноќ во кафиќот за полнолетници оти носело минич а шабаните што стојат на врата го надрвиле и пуштиле внатре да се кефлоса. Чоекот има поплодна почва да го храни егото и да изигрува семоќен, да е фокусира на материјалниот успех, занемарувајќи некои работи. Порано како велат крај со крај врзувале за да излезат на крај двајцата(и денес е лошо но во ниеден случај не можеме да го вратиме времето како такво 100 години наназад), денес демек едниот е способен сам да го врзи крајот. Од друга страна жените не се наоѓаат повеќе во онаа ,,лоша"ситуација, лека полека нивната улога е променета, па не често може да се случи жена да е поуспешна од мажот, па како така да имаш љубомора кај истиот, или негативно расположение кое е резултат на немоќта да се биде ,,глава" на куќата и да се игра најпримарна улога во таквиот живот. Порано немало ни закони за насилство во семејството кои би ги штителе од истото, па така тоа си останувало обично внатре и си се трпело, голтало. Сега имаш ваков број, за удар со една рака, па таков број за влегување со нозете в џигери и така натака, поголема достапност до тажење и издавање на насилството надвор. Подобро крај на деградирани семејства кои се темелат на декаденција, со цел да се нема последици на детето кое не е ни криво ни должно што го скукале.
За градење кариера и занемарување на желбата да се поврзи некој/некоја со некого нема да коментирам бидејќи самото ,,средување на сигурен и успешен сопствен живот" кој ќе биде основа за успешен соживот со некој друг ми е претерано глупо и нарцисоидни. Повеќе можи да се гледа на истото како резерва за самосталниот живот после престанок на бракот.:icon_lol:
 
Член од
15 јуни 2011
Мислења
409
Поени од реакции
304
Навистина тешко да те разбере човек, а тежинава на темава чиниш на ниво на квантна физика... Другпат повеќе извичници употреби и по можност капслок, посилен ефект ќе предизвикаш :icon_lol:... Гледам си употребила запирка па точка, ме потсети на Нескафе, тој употребуваше точка па прашалник, такви напредни ликови го менуваат светот, не само интерпункцијата, ама тоа ти е судбината на генијот вечно несфатен од современиците :icon_lol:...
ахх сега навистина ме погоди со твојот висок:) речник на комуникација.Изгледа друг replay и немаш
--- надополнето: 9 јануари 2013 во 12:17 ---
Ме интересира дали затоа се поголем број жени (и мажи) наближуваат до менопауза без деца. Зошто би им пречел бракот или детето во градење на кариерата, или зошто би требало првин да изградат кариера или да "прошетаат свет" па после да формираат семејство? Зошто да не го прават тоа истовремено?
па веќе ти дадоа добар одговор по тоа прашање.Ми пречи да.Да носам деца и маж со мене во моите авантури и шетњи по свет.Подобро ми е кога сама ќе го искусам тоа.Преголема обрвска е која не би сакала да ја имам сега на овие години.Кога ќе стекнам малце повеќе животно искуство пеким
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.694
Поени од реакции
12.101
ахх сега навистина ме погоди со твојот висок:) речник на комуникација.Изгледа друг replay и немаш
--- надополнето: 9 јануари 2013 во 12:17 ---

па веќе ти дадоа добар одговор по тоа прашање.Ми пречи да.Да носам деца и маж со мене во моите авантури и шетњи по свет.Подобро ми е кога сама ќе го искусам тоа.Преголема обрвска е која не би сакала да ја имам сега на овие години.Кога ќе стекнам малце повеќе животно искуство пеким
Колку е возможно да шеташ низ светот нонстоп цели 10-15 години не знам. Не се прекрши народ баш од шетање. За да го "шеташ" навистина светот, од една страна потребни се мнооогу пари и многу време, од друга немам сретнато во околината да шетаат низ светот цели 10-15 години и да не се приберат дома.
Погледни наоколу колку навистина успешни жени имаат семејства со деца и среден дом и стокмена фамилија. Дали сметаш дека тие не виделе живот, "свет", немале авантури? Тоа е изгледа до способноста на една личност да синхронизира повеќе работи истовремено.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Причините се јасни, технолошкиот напредок и индивидуализмот кој го наметнува западното општество се главна причина за се' поголемиот број самци и распаднати бракови.
off topic: replay = повторување, to replay - да повтори нешто: http://www.thefreedictionary.com/replay
reply = одговарање, to reply - да одговори на нечие прашање или да реплицира на нечиј исказ. http://www.thefreedictionary.com/reply
 
Kajgana Shop

На врв Bottom