Браковите во минатото постабилни од сегашните

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Член од
28 март 2006
Мислења
17.690
Поени од реакции
12.082
Улогата ја наметнува општеството, не значи дека доаѓа природно да се има улога каква ти се припишува, без разлика кој пол си. Постабилни биле бидејќи жената била уќуткувана и омаловажувана, и направена да го прифати тоа како факт, за својот пол. Мислам дека ти спомнаа и претходно, ама онака како и по обичај игнорираш.
Игнорирам нешто кое не е точно, барем јас немам такви искуства. За стапување во брак не ми е познато, но за односот...сум раснел со моите баби и дедовци, таков впечаток не ми оставиле. Напротив. Ако не се сметаат ситни несогласици кои се нормални во бракот. Сигурен сум дека не се исклучок од другите од нивните генерации. Но секој од нив си ја знаел улогата со тоа што едната баба половина век проживеа неподвижна па дедо ми мораше да се грижи и за децата и за домот и за заработката па и за нејзиното здравје. Постоела почит према тоа што е мажот во куќата и према тоа што е жената, нивната физиологија, физикус и улога. И се знаело местото и односот на децата во семејството. Сега сме модерни па некој што почитува традиција и основни семејни вредности, некој што е во тој дух воспитан, тој е назаден и примитивен.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Да ти местиме некоја Амазонка тогаш? :D
Jaс имам речиси 60 години и одамна ме суредија,
А тие што не сакаат враг во куќа нека ја слушнат оваа стара циганска песна
http://www.youtube.com/watch?v=ZaH6MnrHjTE

Devojačko srce vene Neće momci da se žene Da devojke ne ostare Meće porez na bećare: Ako momci neće milom Ženiti ih treba silom Biće skoro propast sveta Nek propadne nije šteta (2 puta) Nek propadne nije šteta Ministar s tužbom boči Kako jadu da doskoči Da devojke ne ostare Meće porez na bećare: Ko u kući neće vraga Nek ne žali pusta blaga... Biće skoro propast sveta Nek propadne nije šteta, Nek propadne - nije šteta!
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Игнорирам нешто кое не е точно. За стапување во брак не ми е познато, но за односот...сум раснел со моите баби и дедовци, таков впечаток не ми оставиле. Напротив. Ако не се сметаат ситни несогласици кои се нормални во бракот. Сигурен сум дека не се исклучок од другите од нивните генерации. Но секој од нив си ја знаел улогата со тоа што едната баба половина век проживеа неподвижна па дедо ми мораше да се грижи и за децата и за домот и за заработката па и за нејзиното здравје. Постоела почит према тоа што е мажот во куќата и према тоа што е жената, нивната физиологија, физикус и улога. И се знаело местото и односот на децата во семејството. Сега сме модерни па некој што почитува традиција и основни семејни вредности, некој што е во тој дух воспитан, тој е назаден и примитивен.
Да, интересно е да се спомене тоа што го кажуваш сега. И јас ќе одам преку пример. Баба ми и дедо ми (од на мајка ми страната), Бог да ги прости, одгледале 6 деца. Тоа што сум го чул и видел од нив, а и од тоа што ми го кажува мајка ми, секогаш постоела почит меѓу нив, мајка ми кажува дека таа не памти лош збор да си имале кажано, и не памти дедо ми да ја навредил или опцул баба ми некогаш. Истото го знам и за многу постари луѓе кога одев во на татко ми селото. Секогаш постоела почит помеѓу постарите (добро има исклучоци како секаде). Тоа со тепањето и омаловажувањето на жената се' почесто почнав да го слушам во периодот по распадот на Југославија, посебно во фамилии каде мажот станал алкохоличар. Но и тогаш (во местото каде јас живеев) ретко која би останала да живее така. Често се слушаше низ маалото: "Мажот и ја истепал, си се вратила кај мајка си". Така да мислам дека можеби и донекаде владее некое претерување во мислењето дека жената била угнетувана во постарите времиња. Тоа е точно на повисоко ниво, каде жените не смееле да бидат можеби директори на фирми, пратеници и сл. ама во рамки на смејството мислам дека тоа "угнетување", е во одредена мера преувеличено.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Сега ретко која жена би дозволила да биде малтретирана и омаловажена од својот сопруг.
Постот ти беше добар освен оваа реченица која не е точна, многу дозволуваат и тука нема некоја голема разлика од минатото :) .

Порано било срамота да се разведеш и пред 100 години немало шанси ни да помислиш на такво нешто ете зашто навидум биле постабилни браковите.

Само првиот цитат е реплика, второво општо го напишав :).
 
A

Antigona

Гостин
Бројот на раводи во Македонија е зголемен, а според статистичките податоци, во првите девет месеци имало вкупно 1.620 разводи.


За истиот период мината 2013 година во државата се случиле 1.476 разводи, што практично значи дека бројот на разводи е зголемен за околу 10%. Ако, пак, се споредат двете години во третото тримесечје, зголемувањето на разводите е за 41%. Годинава во третото тримесечје има 506 разводи, а во истиот период лани 357.

Државниот завод за статистика соопшти дека најмногу разводи во јули, август и во септември оваа година имало во Скопје – 153. Од скопските општини бројот на разводи е најголем во Општина Центар – 33, Гази Баба – 25, во Аеродром и Кисела Вода по 17. Најмалку во Арачиново, само еден развод.

Битола е вториот град со најмногу разводи – 45. Потоа е Гостивар -37, Тетово -30, Куманово – 29.

Според статистиката, мажите најмногу се разведуваат на возраст од 30 до 39 години. Сепак, лани во Македонија се развеле и 185 мажи што биле постари од 55 години. Жените, исто така, најмногу се разведуваат на возраст од 30 до 40 години. 118 жени се развеле над 55-годишна возраст.


Извор: tocka.com.mk
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
200
Поени од реакции
97
Тоа со тепањето и омаловажувањето на жената се' почесто почнав да го слушам во периодот по распадот на Југославија
значи треба комунизмот да го вратиме :cautious:(y)
 
Последно уредено:
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
Еден новинар прашал еден брачен пар: Како успеавте да останете зедно 65 години ? Жената одговорила: Ние сме родени во време кога ако нешто се скршеше го поправавме не го фрлавме. :)
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.137
Поени од реакции
163
Ради тоа што порано биле воспитувани да трпат и да ќутат, оти ако се разведат ке избие срам. Плус порано биле и финансиски зависни од мажите, ако го остават и си заминат, немат ни како да преживеат, додека денес има жени кои дури земаат и поголеми плати од своите мажи. Епа ако нема согласувања зошто да трпиш некој, коа од ни еден аспект не зависиш од него. Друга работа е што родителите више не викат седи и ќути шо и да ти праат, туку (повекето) ја имаат целата подршка од родителите, да го остават партнерот и да продолжат сами во животот.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.732
Поени од реакции
24.350
Еден новинар прашал еден брачен пар: Како успеавте да останете зедно 65 години ? Жената одговорила: Ние сме родени во време кога ако нешто се скршеше го поправавме не го фрлавме. :)
Да, али ако некој те изневери или удри, тогаш скршеното е на милиони ситни парчиња и невозможно е да се залепи. Секогаш навивам за љубовта да се негува и зачинува доживотно кај секој пар, меѓутоа се си има граници, не можеш да толерираш некој кој не покажал респект према тебе и те омаловажил. Порано, за разлика од денес, оваквото однесување го трпеле цел живот и морале или да се помират, или да живеат со тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom