Браковите во минатото постабилни од сегашните

white_eagle

: : stuck in void : :
Член од
21 јануари 2008
Мислења
953
Поени од реакции
716
Во однос на коментарите погоре, само ќе кажам неспособноста на луѓето да си ја гледаат работата и да не судат кој кога се оженил/омажил дали ќе има деца или нема, меѓу другото, е дел од оној менталитет поради кој што не сакам да живеам во оваа држава. Убаво би било кога за ваквите работи би се дискутирало само на форум, ама реалноста е што огромното преовладување на негативни коментари поради претераната конзервативност на ова општество во однос на тоа што некој одбрал како животен стил и зошто не се омажил/оженил или боже сочувај пар во брак неколку години а немаат деца затоа што не сакаат не ја прави државата пријатно место за живот.

Тие луѓе што демек сакаат да прошетаат или да направат кариера и нека им е „блеф“ за да можат да „избегнат формирање семејство“, прашањето е кои сте вие кажете ми да мудрувате кога и дали воопшто тој слободен човек да прави семејство? Не сте помислиле дека барем одреден дел од тие луѓе мора да бараат причина за ги затнат љубопитните муцки зошто препрашуваат зошто не се како нив затоа што тие не би сфатиле некоја причина како „не ми треба партнер/деца и можам да бидам среќен/на и без нив“ затоа што вие имате и сте среќни и неможете да сфатите како поинаку тоа би било можно.

Зарем „возрасноста“ толку ја изедначувате со „обврската“ да бидете принудени да правите нешто против ваша волја само поради очекувањата на општеството? Да се биде возрасен значи да се прават многу работи против сопствената волја што се задолжителни, на пример да се плаќаат сметки, даноци, да се биде одговорен за своите постапки т.е. да се појавиш на судење, да одиш во затвор ако си направил нешто итн. а не влегува формирање семејство, правење деца, затоа што може да се биде совршено одговорен возрасен човек и без тие нешта.

Некои луѓе размислуваат на начинот дека ако не се направи семејство како возрасен таа личност не е одговорна и бега од обврски. Тоа само покажува колку тие се мизерни во однос на среќата на другиот. Јас тоа го сфаќам во стилот: ЗОШТО ТРПЕ ДА Е СРЕЌЕН БЕЗ ДЕЦА ИЛИ БЕЗ БРАК а јас се оженив/омажив и имам деца и не сум среќен колку него. Ако не бевте толку мизерни и патетични ќе бевте среќни зашто вашиот пријател води среќен живот на свој начин. Тоа не е “бегање“ од обврска затоа што таа обврска не е задолжителна.

Бегање од обврска би било неплаќање на данок или бегање од должност да се појавиш на суд, затоа што таквите работи како граѓанин на слободна држава си ОБВРЗАН (го забележавте зборот?) да ги направиш. Дали една личност кога ќе се роди е ОБВРЗАНА од некого да направи семејство и да се ожени/омажи? Сигурен сум дека не е, туку се зависи од тежината која што општеството ја става на таа акција.


Инаку назад на основата на темата:

Кај смеела порано жената да го разведе мажот? Ако зборуваме за просторите на Македонија колку и да бил лош бракот по обичај за жената или децата таа би морала да трпи и не смеела да писне и да се спротистави. Дали долготрајноста на тој брак би кажувала за тоа колку е тој „стабилен“? Денес барем во модерното општество се повеќе луѓе се способни да опстанат сами, па жената денес кога би била самохрана мајка пак би можела да им понуди подобар живот на своите деца отколку во нефункционален брак и „семејство“.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
white_eagle
секако дека тие што не се во брак имаат оправдувања, од кој ти наведе неколку.
Но нагонот да се размножуваме и ја продолжуваме врстата е нагон. Тој нагон го имаат сите живи суштества од бактерии па нагоре и сите се размножуваат кога ќе им дојде време за размножување.
Овде се работи за нешто друго, кое јас не го разбирам
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.039
Поени од реакции
946
Шо би рекол еден а она може слободно да и иде у ПМ............да не ми замерат другите.

Сите се сега на тешки дроги ваљда
Нема врска тоа на тешки дроги,но секој си прави како му одговара,ако не ти одговара личноста нема цел живот да трпите.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
white_eagle
секако дека тие што не се во брак имаат оправдувања, од кој ти наведе неколку.
Но нагонот да се размножуваме и ја продолжуваме врстата е нагон. Тој нагон го имаат сите живи суштества од бактерии па нагоре и сите се размножуваат кога ќе им дојде време за размножување.
Овде се работи за нешто друго, кое јас не го разбирам
Бактериите се размножуваат со проста делба нема машка и женска бактерија па да се удвараат да ја носи на пијачка па после да је оплоди во парк, значи освен бактериите и педерите, сите други суштества имаат нагон за размножување
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.039
Поени од реакции
946
Па не сум баш сигурен дека менталитетот почна да се менува во позитивна насока...
и јас мислам почна во позитивна.
Не море се по ред ,да се жениш,со свадби ,па деца мораш.
може брак без деца, бонбрачни деца,семејство без брак итн, раведени со деца и така тоа не е чудно.
 

white_eagle

: : stuck in void : :
Член од
21 јануари 2008
Мислења
953
Поени од реакции
716
Бактериите се размножуваат со проста делба нема машка и женска бактерија па да се удвараат да ја носи на пијачка па после да је оплоди во парк, значи освен бактериите и педерите, сите други суштества имаат нагон за размножување
Да, ама тоа што го разликува човекот од другите животни и суштества е што може свесно да размисли и да ги избере дали ќе постапи по „животинските“ нагони за размножување. Тоа нешто животните не го можат. Нели веруваш во сопствената способност на слободна волја?

Си ја читал Божествена комедија од Данте?

Supposing, then, that from necessity
Springs every love that is within you kindled,
Within yourselves the power is to restrain it.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Причините се јасни, технолошкиот напредок и индивидуализмот кој го наметнува западното општество се главна причина за се' поголемиот број самци и распаднати бракови.
Индивидуализмот никој не го наметнал. Веќе со ренесансата и хуманизмот, човекот почнува повеќе да гледа во себе, да се однесува колку-толку секуларно (колку што дозволувало времето тогаш), и да се однесува индивидуално, независно од масата и кои вредности и правила таа ги наметнувала. А знаеме колку наметнувано е во тој период, за разлика од денес. Денес е помалку изразено и посуптилно, ама тогаш било далеку полошо. Подобро наклонетост кон индивидуализам, отколку колективизам. Испробана е таа формула.

А индивидуализмот и технолошкиот напредок (особено тој) немаат врска со стапката на развод и неуспешни бракови, и сингл луѓе. Ако направиш една добр анализа, ќе видиш дека сингл животот преоѓа во лајфстајл за некои луѓе и среќни се како такви, наместо да глумат одговорни, романтичари, загреани за моногамни врски, и да ги лажат и им прават филм на партнерите. Индивидуализмот овозможил секој да биде таков каков што е во овој однос, и да бидеотворен и директен, наместо да биде конформист за општествени социјални догми.

Дека нешто го поттикнува човекот да посвојува празни вредности во животот и илузии за среќа, да, точно е, ама индивидуализмот и технолошкиот развој немаат никаква врска со тоа. Тоа е исто како да го обвиниш технолошкиот развој за поделбата на атомот. Човекот е тој што тоа откритие го искористил во негативни цели.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Да, ама тоа што го разликува човекот од другите животни и суштества е што може свесно да размисли и да ги избере дали ќе постапи по „животинските“ нагони за размножување. Тоа нешто животните не го можат. Нели веруваш во сопствената способност на слободна волја?

Си ја читал Божествена комедија од Данте?

Supposing, then, that from necessity
Springs every love that is within you kindled,
Within yourselves the power is to restrain it.
Слободна воља е за филозофи и поети, мојата слободна воља е да работам како генерален менаџер на Макпетрол и да ја земам за жена кајли миног.. е сега кога не се можат многу работи во животот, го извадоа она езоповото “кисело е грозјето“ и го преиначија во “слободна воља“
до пред некој век за мнозинството население на планетата не постоеше слободна воња, или ќе работиш и бидеш дел од групата или ќе умреш, многу слободна воља немаше пред 500, 1000, 3000 години.
 

white_eagle

: : stuck in void : :
Член од
21 јануари 2008
Мислења
953
Поени од реакции
716
Слободна воља е за филозофи и поети, мојата слободна воља е да работам како генерален менаџер на Макпетрол и да ја земам за жена кајли миног.. е сега кога не се можат многу работи во животот, го извадоа она езоповото “кисело е грозјето“ и го преиначија во “слободна воља“
до пред некој век за мнозинството население на планетата не постоеше слободна воња, или ќе работиш и бидеш дел од групата или ќе умреш, многу слободна воља немаше пред 500, 1000, 3000 години.
Океј де сега постои слободна волја и можеш да постапуваш по неа до каде што ти дозволуваат можностите, некој си се чувствува сосема способен да нема деца или жена и си постапува по тој терк :)
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Океј де сега постои слободна волја и можеш да постапуваш по неа до каде што ти дозволуваат можностите, некој си се чувствува сосема способен да нема деца или жена и си постапува по тој терк :)
дискутабилно е таа слободна воља, многу често причината е страв од обврски, не сакање деца... а условена слободна воља и не е баш слободна
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
дискутабилно е таа слободна воља, многу често причината е страв од обврски, не сакање деца... а условена слободна воља и не е баш слободна
Не .... сакаат деца ....
Во моја зграда има три девојки и еден дечко сите преку три банки,
а има само едно мало детенце од 3 години
да видиш сите трчаат да поиграат со детенцето кога ова ќе е надвор
Едната има внуче од постарата сестра и постојано игра со него, нормално кога ќе го донесат
Јас мислам дека се занесуваат очекувајќи некоја „ голема љубов „
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Не .... сакаат деца ....
Во моја зграда има три девојки и еден дечко сите преку три банки,
а има само едно мало детенце од 3 години
да видиш сите трчаат да поиграат со детенцето кога ова ќе е надвор
Едната има внуче од постарата сестра и постојано игра со него, нормално кога ќе го донесат
Јас мислам дека се занесуваат очекувајќи некоја „ голема љубов „
едно е да се поиграш а друго е да го имаш 24 сати, не секој има нерви и живци за деца па нарочно во овие несигурни и динамични времиња. Има тука непреспиени ноќи откажувања од сосптвени задоволства, температури, сипаници, болни мешиња преслеквања облеквања пеглања играње со нив не кога тебе ќе ти текне па учења седење со нив и преслушување од запознавање општество и азбука па до историја хемија....
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
935
ахх сега навистина ме погоди со твојот висок:) речник на комуникација.Изгледа друг replay и немаш
Снегулке, се стопи бе од бламирање, затоа и престанав да ти реплицирам сериозно. Се обиде да наметнеш теорија за современа еманципирана жена, не наиде ни од машка, ни од женска страна на одобрување, па направи очаен обид да се извадиш на неразбраност... И притоа го силуваше толку многу риплејот :icon_lol: на сценариово од нискобуџетна сапуница, што стана заморна како запек... Појасно ти е сега?

:D
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
едно е да се поиграш а друго е да го имаш 24 сати, не секој има нерви и живци за деца па нарочно во овие несигурни и динамични времиња. Има тука непреспиени ноќи откажувања од сосптвени задоволства, температури, сипаници, болни мешиња преслеквања облеквања пеглања играње со нив не кога тебе ќе ти текне па учења седење со нив и преслушување од запознавање општество и азбука па до историја хемија....
Не е така, и тоа е однос со децата...
Кој не е во брак нека стапува и ич да не се секира
 

Kajgana Shop

На врв Bottom