Американската претседателска кампања и избори (општа дискусија)

Кој ќе биде победник на претседателските избори?


  • Вкупно гласачи
    131
  • Гласањето е завршено на .
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Ок се си тоа во право, но малку дипломатски ми го избегна прашањето. Значи прашањето ми беше: Доколку ти би бил Американец дали би го гласал Ромни (цел пакет како што објаснавме), Обама (истотака цел пакет) или не би отишол на избори?
Извини што сум вака директен можеби, ако е премногу лично не мора да ми одговараш.
Нема ништо лично во прашањето. Ова е мојот генерален став за изборите. Веќе го постирав еднаш, но изгледај го ако не те мрзи.





Но ако сепак морав да гласам, многу побрзо би го гласал Ромни отколку Обама.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.164
Поени од реакции
25.681
Од Обама се виде, чист маркетинг непокриен со ништо. И Нобелова награда му дадоа. :facepalm:
Маркетинг покриен со популизам, многу пари, државни фондови, државјанства во клучните држави (Флорида ја решија 30000 гласа, Вирџинија, Охајо и Колорадо 100000), аргументот дека е подобар претседател од Буш Глупиот и продавањето надеж.
 
R

Randy

Гостин
Нема ништо лично во прашањето. Ова е мојот генерален став за изборите. Веќе го постирав еднаш, но изгледај го ако не те мрзи.





Но ако сепак морав да гласам, многу побрзо би го гласал Ромни отколку Обама.
Реков дека нема да те гњавам, но ќе го прекршам зборот што го дадов бидејќи не можам, а да не ти одговорам.
Ми даде одличен одговор. Тој во видеото има одлични аргументи и можеби е во право дека тоа е д бест ви кен ду.
Арно ама ако си го читал Виктор Франкл има една интересна мисла и вика дека исто колку што се виновни нацистите во Германија се виновни и пасивните интелектуалците. Вика дека и тие заслужуваат казна за нивната игнорантност и пасивност со која дозволиле да се издигнат дебили на власт.
Инаку како коментар за ова видео Жижек би ја изговорил својата позната реченица Ideology at its purest. Верувањето дека не може да биде подобро.
Како и да е се надевам дека во текот на мојот живот некогаш ќе дочекам ден кога 99% од гласачките ливчиња ќе бидат неважечки. Не мора да е во македонија тоа било каде.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.527
Поени од реакции
11.598
Не ми е толку жал бидејќи изгуби Мит Ромни колку што ми е жал бидејќи не изгуби Барак Обама, бидејќи не навивав да победи Мит Ромни, туку навивав да изгуби Барак Обама.

Уште кога резултатот помеѓу Ромни и Обама беше израмнет на 163:163 во број на изборни делегати во источните сојузни американски држави, ми стана јасно дека најверојатно Обама ќе победи, бидејќи од западните сојузни американски држави, а и од сите сојузни американски држави, Калифорнија има најголем број на изборни делегати, дури 55 изборни делегати, а последниот претседателски кандидат од редовите на Републиканската Партија на САД кој победил во Калифорнија е Џорџ Хертберт Вокер Буш, уште попознат како Џорџ Буш Постариот, кој победил во Калифорнија на редовните претседателски избори во далечната 1988 година.

Но во сето ова има и среќа во несреќа.

Од се срце се надевам дека Обама ќе ги исполни сите ветувања кои им ги даде на американците - за субвенционирање на абортуси и на операции за менување на полот со народни пари, за легализирање на марихуаната, за давање државјанства на нелегални имигранти - претежно поранешни или сеуште активни криминалци, и ред други ветувања кои ги даде.

Па така американците ќе си имаат уште 4 години за да научат многу важна лекција:

Дали навистина на Обама му требаа уште 4 години како претседател на САД, бидејќи првите 4 години се соочуваше со последиците од лошите одлуки на неговиот претходник Џорџ Вокер Буш, уште попознат како Џорџ Буш Помладиот, или проблемот е всушност во самиот левичарски радикал наречен Барак Хусеин Обама ?

Ова е прашање со кое американците ќе се занимаваат во наредните 4 години.

Не залудно Винстон Черчил рекол:

" Секогаш можеме да очекуваме од американците да го направат правилниот избор, откако претходно ќе ги направат сите можни погрешни избори. "

Но дефинитивно ќе навивам за кандидатот за претседател на САД од редовите на Демократската Партија на САД на наредните редовни претседателски избори во САД кои треба да се одржат во 2016 година, бидејќи бесмислено ми делува оваа 50:50 демократија во која 8 години ќе биде демократски претседател, па 8 години републикански претседател, па повторно 8 години демократски претседател, па повторно 8 години републикански претседател и така натаму до бескрај.

Тоа не е вистинска демократија, па затоа во 2016 година ќе навивам за кандидатот за претседател на САД од редовите на Демократската Партија, бидејќи очигледно Републиканската Партија на САД е во хибернација, воопшто не излегоа масовно за да го поддржат Мит Ромни во текот на изборната кампања, како што тоа го направи Демократската Партија на САД, која масовно го поддржа Барак Обама во текот на изборната кампања.

А како капак на се, Чајанката беше во целост исклучена од редовните претседателски избори во САД 2012, Републиканската Партија воопшто не се консолидираше со своите членови на Чајанката, поради што очигледно републиканците се подготвуваат да ја "вратат" Белата Куќа во 2016 година со кандидат кој не смее да биде член на Чајанката, а со задоволство ќе навивам тоа да не се случи во 2016, бидејќи овие луѓе не сакаат да си ја научат лекцијата.

Како што Роналд Реган им одржа лекција на Џими Картер (кој не освои втор претседателски мандат) и на демократите со својата победа на редовните претседателски избори 1980 во САД, како што Бил Клинтон им одржа лекција на Џорџ Буш Постариот (кој исто така не освои втор претседателски мандат) и на републиканците со својата победа на редовните претседателски избори 1992 во САД, така треба некој да им одржи лекција повторно на републиканците со пораз на нивниот кандидат за претседател на САД на наредните редовни претседателски избори 2016 во САД.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.164
Поени од реакции
25.681
Имаше црна дупка со невиден буџетски дефицит која тешко се полни ако нема контрамерки. Нејсе. Економистите (оние кои не настапуваат од позиција на политичко лоби) можат да понудат компетентна анализа за учинокот на Џорџ Буш и Обама.

Финаниски гениј е многу ласкава титула која не би ја доделил на Ромни. Берни Мејдоф е финансиски гениј кој веројатно опслужува некој напален црнец во затворот. Финаниски гениј ќе биде оној кој ќе го дотера доларот да биде евро и пол, како што беше. Многу малку има финансиски генијалци.
Обама е подобар претседател од Џорџ Буш, тоа е неспорно. Но, економијата на САД го губи приматот, а Обама троши пари на социјални мерки кои не носат економски раст. Ромни остава впечаток дека е повешт во менаџирањето на пари од Обама. Мислам дека според анкетите и јавноста во САД го имаше истиот впечаток, но не баш на сите социјални групи тоа им беше приоритет број еден кога бираа за кого ќе гласаат.

САД намерно депрецираат доларот, за да ја задржат конкурентноста на економијата и за контрола над Кина. Ако Обама продолжи со непродуктивни трошења и задолжување во Кина, Фед ќе мора да продолжи со држење на доларот на ниско ниво.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Реков дека нема да те гњавам, но ќе го прекршам зборот што го дадов бидејќи не можам, а да не ти одговорам.
Ми даде одличен одговор. Тој во видеото има одлични аргументи и можеби е во право дека тоа е д бест ви кен ду.
Арно ама ако си го читал Виктор Франкл има една интересна мисла и вика дека исто колку што се виновни нацистите во Германија се виновни и пасивните интелектуалците. Вика дека и тие заслужуваат казна за нивната игнорантност и пасивност со која дозволиле да се издигнат дебили на власт.
Инаку како коментар за ова видео Жижек би ја изговорил својата позната реченица Ideology at its purest. Верувањето дека не може да биде подобро.
Како и да е се надевам дека во текот на мојот живот некогаш ќе дочекам ден кога 99% од гласачките ливчиња ќе бидат неважечки. Не мора да е во македонија тоа било каде.
Во една суштинска смисла, на власт секогаш доаѓаат морално неподобните. На власт доаѓаат бубашвабите, кои ниту нуклерана експлозија не ги убива. Секој со малку поизразено морално чувство истинктивно бега од политиката, затоа што ќе се извалка, или ќе стане интелектуална курва, какви што врие денес во Македонија. Платон цел живот го мачела една идеја, како на власт да дојдат најподобните. Неговиот одговор на тоа прашање е Држава.

Жижек не го гледам да ја турнал власта, иако упорно вергла за револуции и идеологии. Моменталниот политички систем ги амортизира таквите како Жижек без никаков напор, со академска плата...

:)

Системот, реално може да се смени само вака...

Не ги гледај идиотските анимации, слушај го само говорот.

 

white_eagle

: : stuck in void : :
Член од
21 јануари 2008
Мислења
953
Поени од реакции
716
Треба да се запраша Ромни мормончето што толку многу го испоштувавте во оваа тема, кое му било размислувањето во 1978 година кога неговата црква го сменила дотогашниот расистички став дека црнците неможат да бидат свештеници во ЛДС.

Дали го сменил ставот заедно со црквата? Што значи дека црквата утре многу лесно може да му влијае по тоа како да се однесува по одредено прашање.

Дали и пред црквата да го смени ставот тој не ја почитувал таа доктрина на црквата? Што значи сепак не е толку верен мормон како што се претставува.

Да ве потсетам, Ромни имал 31 година (роден е 1947ма) кога ова се случило па имал доста време да го изгради својот став како возрасен и зрел човек по ова прашање.

А воедно исто треба да разгледате за колку многу работи го има изменето својот од 90тите па се навака. Не дека човек треба да биде тврдоглав, ама кога би слушнале одредени интервјуа од различни периоди би можеле да помислите дека се работи за двајца различни кандидати си различни ставови како да дојдат до таа пуста фотеља :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
А воедно исто треба да разгледате за колку многу работи го има изменето својот од 90тите па се навака. Не дека човек треба да биде тврдоглав, ама кога би слушнале одредени интервјуа од различни периоди би можеле да помислите дека се работи за двајца различни кандидати си различни ставови како да дојдат до таа пуста фотеља :)
Како што би рекол Дилан Дог, само будалите никогаш не го менуваат мислењето...

;)
 
R

Randy

Гостин
Во една суштинска смисла, на власт секогаш доаѓаат морално неподобните. На власт доаѓаат бубашвабите, кои ниту нуклерана експлозија не ги убива. Секој со малку поизразено морално чувство истинктивно бега од политиката, затоа што ќе се извалка, или ќе стане интелектуална курва, какви што врие денес во Македонија. Платон цел живот го мачела една идеја, како на власт да дојдат најподобните. Неговиот одговор на тоа прашање е Држава.

Жижек не го гледам да ја турнал власта, иако упорно вергла за револуции и идеологии. Моменталниот политички систем ги амортизира таквите како Жижек без никаков напор, со академска плата...

:)

Системот, реално може да се смени само вака...

За жал емпиричките докази (empirical data) се на твоја страна. Досегашното искуство е такво. Со можеби по некој исклучок овде онде.
 

white_eagle

: : stuck in void : :
Член од
21 јануари 2008
Мислења
953
Поени од реакции
716
Како што би рекол Дилан Дог, само будалите никогаш не го менуваат мислењето...

;)
Ако не си забележал дека Ромни нонстоп ги менува позициите со цел за да задоволи одредена демографија тогаш не знам дали воопшто следиш американска политичка сцена.

http://www.rollingstone.com/politics/blogs/national-affairs/mitt-romneys-biggest-flip-flops-20120801

пс. Тоа ли се однесува и за првиот дел или за него немаш ли коментар? Оти не е баш шалаво да се смени ставот по такво сериозно расистичко прашање.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Ако не си забележал дека Ромни нонстоп ги менува позициите со цел за да задоволи одредена демографија тогаш не знам дали воопшто следиш американска политичка сцена.

http://www.rollingstone.com/politics/blogs/national-affairs/mitt-romneys-biggest-flip-flops-20120801

пс. Тоа ли се однесува и за првиот дел или за него немаш ли коментар? Оти не е баш шалаво да се смени ставот по такво сериозно расистичко прашање.
Не бе па ти следам, гледаш дека си лупам ко Максим по дивизија...

;)
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Барем за мене лично очекуван резултат. Уште синоќа кога видов дека Обама води во Охајо јасно ми беше, дека со Охајо па и без Флорида и Вирџинија Обама победува. А победува поради тоа што повторно масовно ги мобилизира младите, латиното и црнците, огромни мнозинства (преку 70%) од наведените групи гласаа за Обама. Ромни не успеа до толку да ги привлече белите постари конзеративни гласачи иако во вкупен број гласови оствари солиден резултат.

Некои коментари на темава ептен ми се чудни. луѓе се разочарале како да се работи за наши избори, Америте нека си мислат, иако мислам дека ова е поправилниот избор, сепак овој мандат нема да биде ист, без притисокот од реизбор би требало Обама да биде порешителен за некои прашање и ако некои работи ги ветил на гласачите да ги оствари без да се секира за рејтингот и сл.

Он веќе секако е влезен во историјата, повеќе од тоа што може да сака.
 

white_eagle

: : stuck in void : :
Член од
21 јануари 2008
Мислења
953
Поени од реакции
716
Не бе па ти следам, гледаш дека си лупам ко Максим по дивизија...

;)
Во ред, извини ако испадна нападно тоа што го напишав за да ми одговараш саркастично, ама искрено не разбирам зошто би поддржувал некој кој утре може да го смени својот став. Нели тој што го поддржуваш ги дели твоите ставови? Примери има во линкот, а ете друг пример е тоа со црквата.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.072
Поени од реакции
11.440
NEW YORK — Stocks were trading sharply lower Wednesday, one day after the re-election of President Obama. In morning trading, the Dow Jones industrial average was down more than 320 points, or 2.4%.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom