Американската претседателска кампања и избори (општа дискусија)

Кој ќе биде победник на претседателските избори?


  • Вкупно гласачи
    131
  • Гласањето е завршено на .
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Обама официјално победник. Сигурно слави вака:


--- надополнето: 7 ноември 2012 во 10:52 ---


Едвај чекам да ги видам реакциите на тие што се палат на Америка и нивната политика и што се против марихуаната...
Да ставиме и тон :D
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Не мислам дека Рон Пол нешто направи, и дека нешто промени. Мислам дека го доживуваат како чудак и во самата партија. ГОП никогаш нема да понуди таков профил на кандидат за претседател.
Се се менува и Реган бил исмеван како губитник на времето.

Впрочем сега освоија негде +5 истомислечки конгресмени и имаат скоро комплетна контрола врз партијата во почетни држави како Ајова,Њу Хемпшир и Мејн што е огромна предност.

Сега религиозните фанатици и "старата гарда" можеш да очекуваш дека ќе се фатат за душници заради поразов посебно дека претходно и Мек кејн беше номиниран на истиот начин.

Кога имаш повеќе од милион истомисленици и сите се во најголем дел фанатици можеш да постигнеш многу работи.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Типчиња како Рон Пол ќе добијат на избори кога Робин Худ ќе стане градоначелник на Нотингам наместо шерифот. И мене ме бендисува човекот, ама нема шанси покрај овие два блока, имено поради причините кои ги набројав.

Не го бранам Обама, ниту мислам дека е супер, а Нобеловата награда е лакрдија. Ама од онаа селска будала Џорџ Буш наследи црна финанска дупка. Во такви услови, кого сакаш стај го да биде престедател, ќе има бајаги тешка работа. Во Америка се чувствуваат разлики кога Буш беше претседател и кога дојде Обама.

Од тројката Кенеди, Реган и Клинтон, овој во срединава е тотален идиот. Тоа што Реган беше одличен популистички оратор и забвљач, нема врска со неговата способност како претседател. Него му легна како кец на десетка исцрпениот СССР. За Кенеди и Клинтон се саглам.

Ромни ти делува претседателски. И мене ми делува. Фина фризура има. Импресивен си-ви. Ама, не гледам огромна разлика во квалитет. Башка, ако идеме на победа со драпања за абортус, хомо бракови, традиционални вредности, патриотизам, тури му пепел. Од последниве претседатели, едионствено Клинтон, според мене, имаше саглам економска програма и фокус на економијата и развојот. Другиве се сите talking heads.

Обама наследи огромна финансиска дупка од легендата Буш, но многу аналитичари сметаат дека економијата врви низ циклуси кој не се баш подложни на менаџирање. Мислам дека Буш (покрај несомнениот идиотизам со кој располагаше) ја имаше таа несреќа да го јавне погрешниот економски талас, а после него економијата можеше само нагоре да тргне. Обама го начека моментот на заздравување, но не мислам дека тој лично и неговата администарција се кој знае колку заслужни. А и не може да се каже дека се случи драстичен раст. Сега ти си таму, и можеш подобро од мене да судиш за секојдневниот живот, моите заклучоци се сепак посредувани...

За имиџот, да, се согласувам, Ромни баш делува претседателски, онака архетипски американски претседател. Но ќе се сложиш дека човекот е финансиски гениј, и дека се покажал мега успешен кога менаџирањето на комплексни системи е во прашање...

Дрвењето за абортуси, хомосексуалци, традиционални вредности е дел од фолклорот на американските избори, и тешко дека било кој републикански кандидат може да избега од тоа...
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Вие си бевте со Обама, ама ние сме за Ромни... Нас не ни е баш до веселба. :pos: (се шалев)

Помошта за одредени индустрии која беше одобрена во последниот мандат на Буш помладиот истекува оваа година, сега Обама и демократите ќе треба да покажаат познавње на американската економијата. Досега се расправаа за абортусот и за здравството, а сега ја има целата економија на врат. Обама за минатиот мандат беше поддржан од Вол стрит оваа година поддршката беше за Ромни, ќе има чистка и таму. Обама е за повлекување од Блискиот исток, значи затворање на многу работни места во војската, а со тоа и доослабување на Америка на глобален воен план. На сметка на воените повлекувања демократите ќе ја зајакнувале администрацијата, а нивната администрација е способна исто колку нашава, а во школскиот систем се милиони сетлосни години зад нас.

С`е на с`е убаво што победи Обама. Нека видат што е расизам сега, а не нас овде да ни кажуваат за демократија. Демократија не е само да избереш на висока функција некој дилбер од некоја малцинска група.

Реизборот на Обама е одлична вест за Џорџ Буш помладиод. Со реизборов на Обама ќе може да се направи една паралела помеѓу двата претседатели. Иако историјата кон Барак Хусеин Обама ќе биде повеќе наклонета, сепак сметам дека Американците набрзо ќе си ја увидат грешката за сите навреди кон Буш.
Македонците во УСА секогаш ќе гласаат за републиканците !
вива ла Ристо Гуштеров :D
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Обама наследи огромна финансиска дупка од легендата Буш, но многу аналитичари сметаат дека економијата врви низ циклуси кој не се баш подложни на менаџирање. Мислам дека Буш (покрај несомнениот идиотизам со кој располагаше) ја имаше таа несреќа да го јавне погрешниот економски талас, а после него економијата можеше само нагоре да тргне. Обама го начека моментот на заздравување, но не мислам дека тој лично и неговата администарција се кој знае колку заслужни. А и не може да се каже дека се случи драстичен раст. Сега ти си таму, и можеш подобро од мене да судиш за секојдневниот живот, моите заклучоци се сепак посредувани...

За имиџот, да, се согласувам, Ромни баш делува претседателски, онака архетипски американски претседател. Но ќе се сложиш дека човекот е финансиски гениј, и дека се покажал мега успешен кога менаџирањето на комплексни системи е во прашање...

Дрвењето за абортуси, хомосексуалци, традиционални вредности е дел од фолклорот на американските избори, и тешко дека било кој републикански кандидат може да избега од тоа...
Имаше црна дупка со невиден буџетски дефицит која тешко се полни ако нема контрамерки. Нејсе. Економистите (оние кои не настапуваат од позиција на политичко лоби) можат да понудат компетентна анализа за учинокот на Џорџ Буш и Обама.

Финаниски гениј е многу ласкава титула која не би ја доделил на Ромни. Берни Мејдоф е финансиски гениј кој веројатно опслужува некој напален црнец во затворот. Финаниски гениј ќе биде оној кој ќе го дотера доларот да биде евро и пол, како што беше. Многу малку има финансиски генијалци.
 
Член од
7 април 2012
Мислења
1.130
Поени од реакции
1.510
Иако се надевав дека Ромни ќе победи, честитки на Обама.
 

Pat Bateman

Oh Africa, brave Africa
Член од
7 февруари 2009
Мислења
1.908
Поени од реакции
1.867
Македонците во УСА секогаш ќе гласаат за републиканците !
вива ла Ристо Гуштеров :D
вива ла Ристо и неговиот ресторан Вергина :) во срцето на Нејплс :)
--- надополнето: 7 ноември 2012 во 13:02 ---
Митко наш голем маж, ама не успеа тоа е, честитки за Барака Обама :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Имаше црна дупка со невиден буџетски дефицит која тешко се полни ако нема контрамерки. Нејсе. Економистите (они кои не настапуваат од позиција на политичко лоби) можат да понудат компетентна анализа за учинокот на Џорџ Буш и Обама.

Финаниски гениј е многу ласкава титула која не би ја доделил на Ромни. Берни Мејдоф е финансиски гениј кој веројатно опслужува некој напален црнец во затворот. Финаниски гениј ќе биде оној кој ќе го дотера доларот да биде евро и пол, како што беше. Многу малку има финансиски генијалци.
Врските помеѓу Мејдоф и Ромни останаа на ниво на шпекулации...

:)
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.362
Поени од реакции
6.361
Тоа е тоа, се потврди дека Охајо, Флорида и Вирџинија беа клучни. Охајо нонстоп водеше Обама, Флорида имаше пресврти ама пак беше стабилен, а Вирџинија од цело време водење на Ромни, се преврти на крај накај Обама.
Честитки до старо-новиот претседател, се надевам ќе има минимум ист однос кон нас како досега ако не и подобро.
Една добра работа што ми се свиѓа на овие избори е што нема плачење, нема ќењање дека "народот грешел и кога бил во право" и други нискоинтелигентни изјави туку машки се признава поразот и се подава рака. И Ромни и Обама си оддадоа почит дека стварно запнале и дека победата на Обама е заслужена.
 
R

Randy

Гостин
Добро е што Обама победи иако изборот е помеѓи две корпорации односно две групи на корпорации.
Сепак во конгресот колку што можев да забележам во House имаат мнозинство републиканците па ќе саботираат колку можат.
Бавното заздравување на кризата најмногу се должи на фактот што донесувањето на многу закони републиканците го оневозможија и на неодлучноста на Обама. Сега кога веќе има втор мандат и не мора премногу да се варди се надевам дека неговата политика ќе биде поодлучна и покенесијанска за побрзо да се заврши кризата.
За просечниот Американец (како што е на пример Ренди Марш) Обама е далеку подобар председател. На многу луѓе им даде здравствено осигурување, малку ги регулира баките да не претеруваат, спаси многу работни места со auto bailout и не претера со штедењето.
Што се однесува до Македонија кој и да е е сеедно. За името ни едниот ни другиот не им е гајле и нема да го менат ставот. Добрата работа што го избраа Обама е во тоа што со неговата политика кризата побрзо ќе заврши што ќе влијае позитивно и врз другите држави.
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.241
Поени од реакции
21.557
Iako pred izborite nemav favorit zadovolen sum so pobedata na Obama. Romney kako licnost mi e malce somnitelna. Mormon e, ima ekstremni stavovi i sekako dalaverite so danokot mnogu kazuva za nego. Edinstven plus sto e Republikanec ama ne e toa dovolno. Obama vo svojot prv mandat naide na mnogu golemi blokadi od Republikancite, se partizira kongresot ekstremno mnogu i vo takvi uslovi tesko e da se proturka nesto. Obama imase nekoj dobri idei i planovi no poradi blokadite od Republikancite pocna da go napusta toj pat i da pravi porealna politika odnosno toa sto mu bese mozno. Se nadevam deka sledniot mandat Republikancite poke ke sorabotuvaat ali i Kongresot pak e podelen. Pak ke bide tesko za Obama.
 
R

Randy

Гостин
За имиџот, да, се согласувам, Ромни баш делува претседателски, онака архетипски американски претседател. Но ќе се сложиш дека човекот е финансиски гениј, и дека се покажал мега успешен кога менаџирањето на комплексни системи е во прашање...
Еве како Ромни ги направил парите
http://articles.latimes.com/2012/jul/19/nation/la-na-bain-creation-20120719
Или накратко во две реченици објаснато имаш на следнов линк (од Нобеловец е блогов и линков) http://krugman.blogs.nytimes.com/2012/10/17/small-time-mitt/

Далеку е од гениј особено финансиски.
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.362
Поени од реакции
6.361
Морам да споменам дека ноќеска на анкетава горе 51-50 водеше Обама.
Сега 71.60 - буљашки народ, одпосле гласа, тибам демократија на кајганава :D
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Морам да споменам дека ноќеска на анкетава горе 51-50 водеше Обама.
Сега 71.60 - буљашки народ, одпосле гласа, тибам демократија на кајганава :D
Хаха, во право си, и јас тоа го забележав, но, не го искоментирав. Требаше да ја ставам анкетата да завршува на 5 или 6 ноември, јас ја оставив до 7 да биде отворена. :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom