Американската претседателска кампања и избори (општа дискусија)

Кој ќе биде победник на претседателските избори?


  • Вкупно гласачи
    131
  • Гласањето е завршено на .

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Имаше тема за избор на претседателски кандидат од Републиканската партија. Сега од кога го имаме кандидатот, може да отвориме тема која ќе служи за дискусија општо за кампањата на двајцата претседателски кандидати, како и за изборите. Предвидувања, статистики, анализи, извори од портали/весници, се може да се постира тука, за да имаме еден вид преглед на сите случувања и новости, секако и ваши сопствени видувања и на кампањите, но и на исходот од изборите. Мене лично многу ми се интересни телевизиските дебати, па може тука и да ги анализираме истите.

Значи, одиме вака.

Кандидати за претседател се:

1. Барак Обама (Демократ), моментален претседател на САД



и

2. Мит Ромни (Републиканец)



Изборите ќе бидат на 6 ноември 2012 година.

Обама како што сите знаат се кандидира за втор, а воедно и последен мандат, а Ромни планира да му ги помати сметките. Се смета дека ова ќе бидат најскапите претседателски кампањи во историјата на Америка, некаде прочитав вртоглава бројка од 1.7 милијарди долари.

Инаку кога веќе ги спомнав дебатите, еве ги и датите за истите:
  1. 3 октомври 2012
  2. 16 октомври 2012
  3. 22 октомври 2012
Слоганот на изборната кампања на Обама е Forward (Напред).
Слоганот на изборната кампања на Ромни е Believe in America (Верувај во Америка)

Само на кратко ги претставив основните информации, чисто за да се започне темава, па потоа може секако да се надополнува со основните постулати и поенти на двајцата кандидати. Значи за да не се отвора тема за се посебно, оваа ја отварам како општа тема и дискусија за се во врска со изборите, чисто да не се расплинуваме низ форумот.
Мислам дека тука може да има добра дебата и дискусија.

Кој мислите ќе победи и зошто?
Според вас кој има подобра кампања и залагања?
Имаме и анкета, да видиме колку се добри Кајганџиите во прогнозирање.:icon_mrgr:
 

M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.302
Да не знае некој каква политика ке води овој Ромни кон МАкедонија ,секако ако стане претседател
 

Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
Ништо не очекувајте од САД!
Рон Пол (Ron Paul(y)) беше единствениот кој можеше да направи навистина нешто добро за луѓето во и вон САД. Ама за жал сега останаат само 2 зла (Обама и Ромни), и тоа не знам кој од кој е полош... (n)
 
S

Sagan

Гостин
Мртва трка е засега. Да прогнозираш кој ќе тепа значи да треба да глумиш Ванѓа.
Ќе ги почекаме дебатите па после ќе коментираме.
2-qjyb96ies_nzan0f-d-g.gif
rc6jb_vtv0yxt_ppaal0ww.gif

Кој и да биде од двајцата, пак ќе биде само обична маскота на Вол Стрит и Билдерберг.
Само Рон Пол мисли со своја глава.
 
L

Luki Junior

Гостин
Интересен говор, од Клинтон..

И там не е как шо беше едно време.. Шом дојде ред г-ѓа Обама и г-ѓа Ромни да држат говори која повеќе го сака својо маж, и со тава да допрат до емоционалната страна на Американците за да знаат за кој да гласат... шо е останало за другите по свето... Или па да стават илегалци Латиноси да говорат на подиум как Обама ги е спасил од мизеријата (Без разлика шо са прекршиле еден куп федерални закони)...
Од друга страна Клинт Иствуд 90 годишен пра-дедо да пробува да држе говори и да се праа на интересен е исто толку безвкусно...

Ромни вика оти Русија непријател број 1, ќе сака да почнува нови војни (најверојатно Иран) -- Девалвација на доларо и рушејне на ниината економија базирана на услуги...

Обама со неговите социјални реформи пропратени со "being cool and stuff about everything" -- Америка сака да биде социјална држава, арно ама среднио запад ги мразе хипи сојузните држави, и со сите дупки и побарувања од федералнио буџет.... Печатејне повеќе пари за да се допунат дупките у новио социјален систем.. Фед Рез. ќе имат доста работа, и ного профит у меѓувреме кој и да седне на столчето... :icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol:

Со други зборове, евреите банкари ќе си напраат милијардите на еден или друг начин.... Пааа нека му белее косата на преседатело за бедни 300 000 на година, и нека му се пумпа егото оти може да фрле атомска бомба на која сака држава.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
А може некој да ми објасни разликата што беше помеѓу Обама и Буш, та сега Обама со Ромни.
Они се обични кукли, машината е во позадина.
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.478

The god has spoken :D

Иако не го фермам многу Обама можеби е подобро да си остане уште 4 години.Ромни е реднек со сите нишани-нова студена војна со Русија,рестрикции за лгбтовците,библиска Америка........
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.538
Па бајаги се големи разликите помеѓу Барак Обама и Мит Ромни.

Барак Хусеин Обама и неговата сопруга Мишел ЛаВох Робинсон Обама се поранешни адвокати, со одземени лиценци, американската и светската јавност до денешен ден не се информирани зошто им биле одземени лиценците на овие двајца адвокати, а Барак Обама пред да биде избран за претседател на САД во 2008 година, беше пратеник во американскиот Сенат и како таков, заедно со неговиот заменик Џозеф Робинет Бајден, исто така поранешен американски сенатор, се потписници на бројни антимакедонски резолуции предложени од страна на грчкото лоби во американскиот Сенат.

Вилард Мит Ромни од друга страна, е бизнисмен и поранешен гувернер на сојузната американска држава Масачусетс и додека досега воопшто не ја има спомнато Македонија, барем знаеме дека досега не го дал својот збор дека доколку биде избран за претседател на САД би ја поддржал Македонија, но истовремено знаеме дека досега не го дал својот збор дека не би ја поддржал Македонија.

Додека Обама, откако го започна својот мандат како претседател на САД, со народни пари ги спасуваше Џенерал Моторс, Крајслер и ред други американски компании, со тоа што ги купи, а истите тие компании денес повторно се соочуваат со банкрот бидејќи едноставно не произведуваат ништо поново и поквалитетно што би ги привлекло американските купувачи, Ромни во 2002 со свои пари ги спаси Зимските Олимписки Игри во Солт Лејк Сити, откако речиси сите спонзори се откажаа од своите спонзорирања, поради што ЗОИ 2002 за малку ќе беа откажани.

Како гувернер на Масачусетс во периодот од 2003 до 2007, Ромни може да се пофали дека во период од 4 години ги намали државниот долг на Масачусетс и невработеноста од 5.6% на 4.7%, додека Обама може да се пофали дека националниот долг на САД од 10.57 трилиони американски долари во 2008, токму оваа недела, додека траеше Демократската Национална Конвенција во најголемиот град во американската сојузна држава Северна Каролина, Шарлот, од 4 септември 2012 до 6 септември 2012, надмина 16 трилиони американски долари, а невработеноста од 6.8% во 2008, изнесува 8.2% во 2012.

Американците имаат јасен избор на претстојните претседателски избори во САД кои треба да се одржат на 6 ноември 2012, можат да бираат помеѓу:

- Поранешен адвокат, со над 3 ипол години неуспеси зад себеси како претседател на САД;

или

- Бизнисмен и поранешен гувернер, со успешно деловно и политичко портфолио зад себеси.

Појасно, здравје !!!

А за верниците, односно за тие кои практикуваат религија, поубаво ќе се информираат за религиските гледишта на членовите на Демократската Партија на САД, која вчера, четврток, 6 септември 2012, ги номинираше Барак Обама за кандидат на партијата за претседател на САД и Џозеф Бајден за кандидат на партијата за заменик-претседател на САД на претстојните претседателски избори во САД кои треба да се одржат на 6 ноември 2012, на следната тема:

Демократската Партија на САД без доволно мнозинство ги вметна Бог и Ерусалим во својата програма

http://forum.kajgana.com/threads/Демократската-Партија-на-САД-без-доволно-мнозинство-ги-вметна-Бог-и-Ерусалим-во-својата-програма.63417/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom