Мора да го има ова споментао некаде ама треба 2 страни цели да ги читам.. Ај кој може да ми одговори али појасно поразбирливо на ова..
1. Кој сетила, хормони или што и да е ги појачува амфетаминот и до кој степен?
2. Истото само за МДМ?
3. Дали после подолготрајна употреба и мдм и амфет ги уништуваат тие сетила на кои што претходно неприродно им ја појачувале работата и потоа е потребно повеќе од таа дрога за да го постигне истото што некогаш се постигнувало со многу помалце? Или само ги навикнуваат истите на тоа да вршат функции во не ненормален тек што потоа на сетилата им станува нормален и неможат да функционираат нормално без својата доза на хемија?
Значи дали доаѓа до уништување или само навикнување?
Ако е само навикнување сигурно има нешто и што уништуваат овие дроги по подолготрајна употреба.. Што е тоа? Кој делови од телото.. Органи или незнам таму?
На сликата може да се види шематски како дејствуваат односно како доведува амфетаминот до зголемување на концентрацијата допамин однсно Екстази (MDMA) до зголемување на концентрацијата серотонин во синапсите. Инаку синапсите се местата каде што преку различни невротрансмитери како допамни, серотонин, адреналин, норадреналин, ацетилхолин и други сигнал од еден неврон се пренесува на друг неврон. Во зависност од концентрацијата односно количество на испуштен неуротрансмитер од одниот неврон зависи јачината со која сигналот ќе биде пренесен на следниот неврон.
Со оглед на тоа дека мозокот е повеќе или помалку една когам мрежа на неврони кои се меѓусебно поврзани со синапси, значи дека секоја промена на концетрацијата на неуротрансмитери во синапсите резултира со одредена промена на начинот на кој една информација се обработува во мозокот.
Но многу важно е тоа дека во одредени региони од мозокот има повеќе синапси кои се ориентирани кон определен вид на невротранцмитери.
И тука иде најважниот дел, именео во центарот за емоции има многу допамински (види амфетамин), серотонински (види екстази) и норадреналински синапси. Значи дрогите амфетамин и екстази во случајов воглавно играат улога во создавање и појачување на емоциите. Значи не се појачуваат никакви сетила ниту се излачуваат некои хормони, се останува само во мозокот.
Амфетамините како прикажано на сликата го зајачуваат допаминскиот сигнал, тоа обично резултира до одредени халуцинации. За подобро да се има претстава обично кај луѓе што имаат дефект односно во мозкот имаат повичено ниво на допамин во мозкот страдаат од шизофренија и тоа се предизвикано од тој истиот центар за емоции. Наспроти тоа кај луѓето кои имаат пониско ниво на допамин проблем се јавува во друг центар во мозкот (ценатрот за движење) и резултира со паркинсова болест.
Екстази пак придонесува аз зголемување на нивото на серотонин во синапсите, што во центарот за емоции резултира со повичена среќа и напади на смеење.
Тоа би било одговорт на првите две прашња.
Одговорот по однос на тертото прашање ќе го започнам со тоа дека не се уништуваат никави сетила и дека се се случува во мозокот. Имено погоре ги посмнав синапсите и невротрансмитерите. Епа за да може да се пренесе сигналот од еден на друг неврон, едниот неврон лачи невротрансмитер во синапсата (многу мал простор помеѓу двата неврони) кои невротрансмитери се врзуваат за одредени рецептори кои се на површината на другиот неврон. По врзувањето со рецепторот на вториот неврон се случуваат каскада други биохемиски реакции во вториот неврон. Во зависност од бројот на рецептори на површината на вториот неврон кај синапсата ќе зависи колкава е потрбната концентрација односно ниво на дадениот невротрансмитер за да пренесе сигнал со нормална јачина. Во присутство на дадените психотропни супстанци на почеток се јавува поголема концентрација на невротрансмитери во синапсата што допринесува за пренесување на сигнал со поголема јачина. Затоа на пример чувствовото на среќа при конзумација на екстази е многу појако него тоа што нормално можеме да го почувствуваме. Истото важи и за амфетаминот само тука друг е ефектот тука станува збор за поголема моќ за фантазирање односно халуцинирање.
На почетокот се има одредена толеранција кон дадените психотропни супстанци па бројот на рецепторите кај синапсите останува ист, што значи дека при земање на истата доза на психотропна супстанца првите неколку пати се доживува истиот ефект. Но по подолго и редовно конзумирање невроните почнуваат да се адаптираат на повишените концентрации на дадениот невротрансмитер па создаваат поголем број на рецептори во синапсите. Ова резултира со тоа што сега поради зголемениот број на рецептори, зголеменото ниво на невротрансмитери причинето од дрогите не рзултира повеќе со пренесување на појак сигнал туку само на нормален сигнал. Односно повеќе не се чувствува зајачено чувство на среча на пример. Па за да се постигне ова зајачено чувство се зема поголема доза која ќе причини за уште поголемо количество на невротрансмитери кај синапсите. Ова резултира сега во сооднос со поголемиот број на рецептори исто како првиот пат кога била конзумирана дрогата.
Нормално овдека не завршува се туку бројот на рецептори кај синапсите постојано се зголемува со секое зголемување на примената доза на дрога бидејќи невроните постојано се адаптираат. Оваа „игра“ на адаптирање на бројот на рецептори со се поголемите дози на дадената психотропна супстанца не можше да иде до бескрај, и има два можни краја. Првиот е да дозата на дрога која се прима веќе е во значителни количества доволни за затрујување на останатите органи и системи иско синапсите имаат сеуште капацитет да го зголемуваат бројот на рецептори. Вториот крај е кога бројот на рецептори кај синапсата го достигнал совојот максимум, па секое зголемување на концентрацијата на невротрансмитери во синапсата не резултира со зајачан сигнал. Така да тој што конзумира дрога без разлика на тоа што сега бесцелно ја зголемува дозата неможе да го постигне ефектот. Нормално тој продолжува да ја зема дрогата бидејќи веќеќ во дадениот период кај дадената единка веќе се има создадена меморија на зависност.
Проблемот при одвикнувањето е тоа што треба постепени да се намали бројот на рецептори во синпсата, тоа може да се постигне со намалување на концентрацијата на невротрансмитери односно сведување на концентрациите кои нормално се лачат во синапсите. Ова резултира со пренос на сигнал од еден на друг неврон со драстично намалена јачина што предизвикува амоции на депресија и очај. Покрај лошите емоции во процесот на апстиненција од дрогата единката мора истовремено да се бори и со својот новосоздаден рефлекс односно мемеорија на зависност. И треба да издржи доволно долг период без конзумирање на дрогата за да се „заборави“ зависноста односно новиот рефлекс.
Нормално различни психотропни супстанци функционираат на различни молекуларни системи во синапсите при што го даваат својот уникатен ефект односно дожувување. Но еве конкретно во случајот на амфетамин и екстази принципот е сличен и затоа подетално опишав како функционира во детали.
За други психотропни супстанци системите како се создава толерантноста и отпорноста и можните епилози малку се поразлични од горенаведениот принцип за амфетамин и екстази, ама и кај нив главни улоги играат невротранзмитерите и нивните рецептори во синапсите.
Знам дека е долго гирллл ама се обидов што е можно поапстрактно и разбирливо и експлицитно да ти го разјаснам принципот, соодветно со твоите познавања.