Зумба

  • Креатор на темата Креатор на темата wild dolphin
  • Време на започнување Време на започнување

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Локација
Наше Скопје
Зумба е најновата фитнес-атракција што го зафати целиот свет. Неговата популарност се должи на неговиот едноставен принцип – играј, забавувај се и ослаби. Зумба го промени вежбањето и го направи природно и лесно. Без напор, телото се движи во ритамот на латиноамериканскиот танц.

Зумба-програмата е спој на латино-ритам и лесни движења што го ослободуваат телото и истовремено ги топат маснотиите. Движењата се едноставни, па затоа не треба да се грижите ако не ги знаете чекорите, само препуштете му се на заразниот ритам. Одличен начин да се изгуби тежина, да се подобри тонусот на мускулите, а притоа ќе зрачите со самодоверба и среќа.

Почна во Колумбија во средината на деведесеттите, кога тренерот по аеробик Бето Перез ја заборави вообичаената музика и мораше да импровизира движења. Тогаш тој мораше да импровизира со тоа што го имаше во својот автомобил, а тоа беше традиционална салса. Спонтаноста и опуштеноста го направи часот по зумба една голема забава на која сите танцуваат.

images



images


images







нешто феноменално, ме освои и ептен сум среќна што постои и го има во мк?

дали сте дел од оваа нова сензација и колку сте задоволни?
 
Добро е барем преку музика ќе се стимулира женската популација да прави лесни вежби и да си го обликува телото..

Многу малку девојчиња внимаваат на својата линија.. Има некаков број што одат на аеробик или фитнес али многу се малку..
треба малку повеќе внимание..


ИНаче мислам дека ова е супер.. Преку видеа можете да научите многу работи а зошто не и по дома да вежбате :)
 
Стварно коа станува збор за дебелина, незнам ова женскиве, Ем сакаат да им седи се на нив тип топ ко на топ модели да се, и јадат брза храна и не внимаваат на тежината, па после диети и сл, и сакат секси да бидат. Само фитнес му е мајката..
 
Аеробик во латино ритам ама мора некако да ги прелажеш девојките кои инаку не би вежбале да се размрдаат така да ок е и си ја врши функцијата :).
 
Сум била еднаш на зумба..и стварно уморува, тоа значи топи калории..интересно е ама некои чекори ми беа смешни..дури во групата имаше еден постар човек трчаше да го фати ритамот..и зоштоне беше мн еластичен делуваше смешно од страна..ми одеше да се згазам од смеење :ROFLMAO: ..
 
И јас почнав со зумба,ама треба и дополнително вежбање и диета секако,иначе ништо не бива...А инструкторката алал да и е,какви мускули има(y) само вежба и друго сигурно :) А иначе интересно е,со играње воздух да снемаш,сепак ги оптоваруваш мускулите и има напор,па би требало и да делува за слабеење.После неколку тренинзи се навикнуваш на ритамот:) Ко за мене,супер е:icon_lol:
 
Би сакал да ве прашам дали некаде се продаваат цедиња од Зумба вежбите и каде доколку има некаде? Моја роднина сака да гледа и да вежба бидејќи живее надвор од Скопје и не може да оди на часови.
 
Зумба ми е најдоброто нешто што сум го пробала во животот. Ме прави среќна, ме полни со позитивна енергија, ја исфрлам негативната енергија...
Најдоброто нешто што сум го почнала. Се останато ми е досадно и не ме мотивира да правам нешто, а Зумбата го постигна тоа и сум благодарна максимално.
 
Абе јас си помислив ова е некој инстумент за свирење, ѕрнѕање, не бе шо пишам сум ја згрешил темата.
Абе каква зумба, какви бутури, фрлај пари за ваква гомнарија, имате еден куп теретани има стази за трчање низ град и окол/наокол не туку се будалете. ЗУМБА бе ? Абе седи жити се.
Ајт си одвам :D
 
Абе јас си помислив ова е некој инстумент за свирење, ѕрнѕање, не бе шо пишам сум ја згрешил темата.
Абе каква зумба, какви бутури, фрлај пари за ваква гомнарија, имате еден куп теретани има стази за трчање низ град и окол/наокол не туку се будалете. ЗУМБА бе ? Абе седи жити се.
Ајт си одвам :D
Мене теретана ми е најдосадното нешто. Три пати почнав, три пати после месец дена се откажав. Немам никаква мотивација да трчам и тоа ми е досадно.
Не можеш да напаѓаш нешто зошто тебе не ти е интересно. Демек у теретана не фрлаш пари? Секој си прави што го прави среќен, ме напињаат више сите со нивните експертски мислења. Прави што ти сака душата и остави ги другите истото да го прават. Мене Зумбата не ми е за слабеење, мене Зумбата стварно ме прави среќна. Целата негативна енергија таму ја трошам, играм, се забавувам, се смеам, учам нови потези. И никад не сум земала да зборам за туѓите избори да одат во теретана, пошо секој треба да си прави шо го прави среќен. Аман више.
 
Ова е нешто најбоље бе! :)
На почетокот е напорно, дур да ти се привикне телото, ама после си се навикнуваш нормално.
Не можам да си го замислам денот без зум-бам-бам :)
Музиче + денс = инстант подобрено расположение и целиот си плусеви
Башка тресеш и бутови и си го праиш газето у топ форма, а ако ти се погоди и згоден тренер имаш мотивејшн плус :rolleyes:



If you give it up to me now
Me rompe el coco…:ROFLMAO::)
 
Зумба е супер,мене ми е the best,но треба инструкторката да е погодена како на пример во prima danza тереза,секоја чест (y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom