Затоа што поминале низ животот, виделе како е да се биде сам а како е да се има некој покрај себе и мислат за твоето добро

Клише или не, љубовта е движечка сила во светов. Не зборам само за љубовта кон партнерот туку општо. Свесно или несвесно, љубовта ги олеснува сите несреќи и тегоби во животот. За секого целта треба да е основање на семејство а доколку нема услови за такво нешто, треба да работи на случајот. Добро, не е тоа единствена цел но пожелно е да е приоритетна. Досега, ниту еден повозрасен човек ми се нема пофалено за неговиот самостоен живот. Јас бев убеден дека раѓањето на дете е најубавото чувство што еден човек може да го почувствува. Братучедот ми потврди.
Во право си дека не треба да ти се мешаат бидејќи животот е твој, но се додека тоа не е насила, слушај ги советите.
И морам да го споделам краткото мислење на Филип ДеФранко за животот.
P.S. Лошо е што, од првиот твој пост ти не` доведуваш да мислиме дека всушност тебе би ти пречело формирање на семејство и не сакаш никогаш да го сториш тоа. Зар?!