Зошто?

  • Креатор на темата Креатор на темата Someday..
  • Време на започнување Време на започнување
:tapp:
Напротив... немам никаква врска веќе подолг период сум сама...
Не ми е дојдено од ништо преку глава.. само ме интересира која е нивнава потреба за мешање во нечиј приватен живот?Си го задоволуваат егото така или?
Полесно е вака? :)
.

Ич, јас се одкажвам и легвам да спијам. Само знам кај нас луѓето и без некаква потреба... ррррррррггрррр гррррр
 
:tapp:
Напротив... немам никаква врска веќе подолг период сум сама...
Не ми е дојдено од ништо преку глава.. само ме интересира која е нивнава потреба за мешање во нечиј приватен живот?Си го задоволуваат егото така или?
Полесно е вака? :)
.

Значи тебе општо те интересира а не дека тебе ти напињаат?
И да ако се работеше за тебе ( што верувам дека се работи за тебе пошто инаку од што мака би прашувала ако не ти смета) многу е битно на што години си. Затоа што верувала или не но најчесто жените емотивно созреваат до својата 16 година. После колку созреаја толку. Шаблонот е нацртан и исштапман и толку. На исти финти паѓате и на 16 и на 26 ина 36 и 96 ако доживеете до толку секако. На исти работи се смеете, на исти се љутите , исти работи ве привлекуваат. Како што реков шаблон. Така да иако тебе ти се чини некое прашање глупаво и безвезно без никаква смисла( исто како на 16 години иако можеби имаш 26) сепак во очите на другите имаш 26 а не 16 и адекватно на тоа ке добиеш и адекватен одговор или прашање. Сигурно на 16 нема да те прашаат оти не си мажена но на 26 е веќе сосема нормално, а на 36 е веќе излишно. Никој не ти мисли лошо едноставно да не се имаш заборавено дека биолошкиот часовник ти чука ли чука и кај да е ке ти дочука.
 
Проблемот е тоа што некои луѓе имаат замисла да направат живот ( да оствари фамилија ) а некои да изгради кариера ( да заврши факс , па да се вработи на директорско место инт ) .Се зависи до како е воспитувано детето и какви размисувања за животот има .
 
Затоа што едното го исклучува другото
 
На сите ни е јасно дека до некаде едното навистина го исклучува другото,посебно што се однесува на женскиот род.

Душо, фати си дечко и бркај си факс, не мора одма да се земете и да раѓаш деца
 
На сите ни е јасно дека до некаде едното навистина го исклучува другото,посебно што се однесува на женскиот род.

Ништо не ви е јасно по муабетот.
Оти на пример не затрудните на 16 или тука некаде. Ке родите на 17 ( или тука некаде). Најверојатно детето ке ви го гледаат( ранат) мама и тато пошто секако големи се шансите таткото да биде непознат јунак или некој кој ама воопшто не му е дојдено до деца гледање. Вие ем ке имате дете ке имате и време за да завршите и средно. Таман кога ке дојди време за факултет детето ке биде доволно возрасно за да не ве разбудва во 3 сабајле да го цицате и пелени да му менувате. Значи ке имате доволно време квалитетно да учите и да завршите со солиден просек. После ви останува цел живот да градите кариера а фамилијата ви иди некако гратис. Никој нема да ве брка и гњави за мажење а и обврските према природата сте си ги завршиле на време. Маж можи ке се најди можи и нема но тоа и не е толку ни битно во случајот пошто не менува многу. Така да цело е кога има се. Имате и фамилија и кариера(y)
 
Полека полека ќе изумрат тие муабети на мајките и на бабите дека не те бидува за домаќинка или слично.
А ова другото, карактер си е..има такви кои немаат цел во животот па се мажат, раѓаат деца веднаш и стануваат домаќинки. Другиот тип се поамбициозните според мене, или учат или со нешто друго се занимаваат па не сакаат да се врзат со некој. Мислам дека познавам од двата типа жени. Е сега има и некои трети кои направиле некоја комбинација од двете и тоа можеби е најдобро, нема да процветаш ниту ако се мажиш на 18 години ниту ако тераш кариера до кај 35.
 
На сите ни е јасно дека до некаде едното навистина го исклучува другото,посебно што се однесува на женскиот род.

Абе види, комбинација од двете е најубаво. И воопшто не е неизводливо, бидејќи имам доста примери на такви жени околу мене.
Како што ти рекоа погоре, најди си дечко, притоа уживај си во животот, терај си работа, друштво, шетај, што сакаш прави, никој сосила нема да те натера да се мажиш веднаш за истиот и да бидеш машина за деца ако не сакаш.
Ако пак толку те напињаат, фино лепо кажи им да одјебат.

А зошто зборат, прашуваат, дури и тие што воопшто не треба да им биде гајле што правиш ти во животот, е тоа ти се вика менталитет. И тоа нешто не може да се смени кај човек, за жал.
Нареден пат ако те праша некој вакво нешто, пецни ги и ти нешто, биди и ти безобразна, па нека пробаат пак.
 
Затоа што поминале низ животот, виделе како е да се биде сам а како е да се има некој покрај себе и мислат за твоето добро :)
Клише или не, љубовта е движечка сила во светов. Не зборам само за љубовта кон партнерот туку општо. Свесно или несвесно, љубовта ги олеснува сите несреќи и тегоби во животот. За секого целта треба да е основање на семејство а доколку нема услови за такво нешто, треба да работи на случајот. Добро, не е тоа единствена цел но пожелно е да е приоритетна. Досега, ниту еден повозрасен човек ми се нема пофалено за неговиот самостоен живот. Јас бев убеден дека раѓањето на дете е најубавото чувство што еден човек може да го почувствува. Братучедот ми потврди. :)

Во право си дека не треба да ти се мешаат бидејќи животот е твој, но се додека тоа не е насила, слушај ги советите.
И морам да го споделам краткото мислење на Филип ДеФранко за животот.

P.S. Лошо е што, од првиот твој пост ти не` доведуваш да мислиме дека всушност тебе би ти пречело формирање на семејство и не сакаш никогаш да го сториш тоа. Зар?!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu5

Не реков никаде дека ми пречи,впрочем воопшто не ни спомнав нешто такво,само реков дека тоа е мој избор,не на останатите околу мене,кои мислат дека имаат право да коментираат било што.
Секој има право да си постави своја цел,приоритети и слично.Не знам кој им го дава правото да се мешаат туку-така во нечиј живот и да си мислат дека можат да кажат било што. Јас нив не им кажувам што и како да прават?Зошто тогаш мислат дека они можат да кажат што јас да правам?
 
Затоа те прашав, да се осигурам :)
Колку години имаш?
Тие прашања јас не ги сметам за мешање во туѓ живот, на некој начин тоа се совети. Веќе кога доаѓа до местење дечко, или уценување за одредени работи, тоа е веќе мешање. Претпоставувам си имала разговор со некој, и малце така нападно ти влегол со муабетот и затоа си револтирана. Иначе овие прашања треба да доаѓаат добронамерно.
 
Ништо не ви е јасно по муабетот.
Оти на пример не затрудните на 16 или тука некаде. Ке родите на 17 ( или тука некаде). Најверојатно детето ке ви го гледаат( ранат) мама и тато пошто секако големи се шансите таткото да биде непознат јунак или некој кој ама воопшто не му е дојдено до деца гледање. Вие ем ке имате дете ке имате и време за да завршите и средно. Таман кога ке дојди време за факултет детето ке биде доволно возрасно за да не ве разбудва во 3 сабајле да го цицате и пелени да му менувате. Значи ке имате доволно време квалитетно да учите и да завршите со солиден просек. После ви останува цел живот да градите кариера а фамилијата ви иди некако гратис. Никој нема да ве брка и гњави за мажење а и обврските према природата сте си ги завршиле на време. Маж можи ке се најди можи и нема но тоа и не е толку ни битно во случајот пошто не менува многу. Така да цело е кога има се. Имате и фамилија и кариера(y)

И јас сакав ова да го напишам. :pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom