Зошто животот не е фер?

  • Креатор на темата Креатор на темата Strenght
  • Време на започнување Време на започнување
Колку и да не е фер,сепак е убаво. Да беше така како шо сакаме ние,немаше да биде интересно. :D
 
не не.. не до толку :) а и не сте стар многу..

Не се чувствувам многу стар.
Но кога бев млад, не мислев дека ќе живеам оволку. Мислев дека нема да го дочекам 21 век
 

Погодено. И поентата на филмот одговара на темава, и тоа што е од 60та.​
Животот не е фер заради човечкиот фактор, и не зборам за стрикна особина. Успехот во животот е еден чуден склоп на околности во кој не мора да значи дека ќе добие оној интелигентниот, или оној кој размислува многу. Напротив, се чини дека повеќе успеваат оние кои размислуваат помалку и за поедноставните работи, а повеќе прават. Се чини дека дали животот е фер или нефер, е само една голема случајност. Ова особено е точно, ако земеме во предвид што се` постои како болест без причина во медицината, какви се` различни култури и начини на живот постојат во светот... Човек мора да се запраша од каде е баш тука и како баш сега, и зошто работите кои се надвор од негова контрола се одвиваат на тој особен начин, но ако се прашува премногу и таков е по својот карактер, може нема да постигне да го сврти тоа во своја полза.​
 
Животот е фер само на некои не им се допаѓаат правилата. Тоа е мојот филозовски поглед. Правилата се сложени и гадни ама има правила значи е фер.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom