Зошто женските избираат погрешен маж?

  • Креатор на темата Креатор на темата Вештерот
  • Време на започнување Време на започнување
В

Вештерот

Гостин
Насловот кажува се. Ајде некој нека ми објасни како е можно една убава и паметна девојка да се ’’пали’’ на пијаници, маалски силеџии или пак џаболебари кои едвај завршиле некакво си образование, а за работа не сакаат ни да чујат. Што гледаат девојките во нив? Што ги тера да не одберат образован, работлив и нормален човек.
И второ прашање. Како женските дефинирате погрешен избор?
 
Кои се тие девојки друже?
Explain me...
 
Тие силеџии, пијаници и џаболебари знаат што сакаат од животот. Може за некој е тоа глупа баналност, ама тие немаат проблем со самодовербата.
Знаеш, за да можеш да бираш девојки, неможе да си лигав мрсул што прави што ќе му кажат или што прават другите. Е сега скроз друга расправа е кој како завршува во животот. Ама еден е, и краток.
 
Лупаш глупости.
На такви како што јас ги викам "мафеаши" се палат девојчиња што неможат да си најдат некој пристоен. Со други зборови, за секое тенџерче си има капаче.
Сигурно не очекуваш некоја девојка, паметна, пристојна, воспитана со планови за иднината, да се затреска во некој локален мафеаш. Барем јас незнам некоја таква. Обично тие припростите се восхитуваат на горенаведените.
 
Напишав само што забележувам низ град кога излегувам. Тие ’’мафеаши’’ се секогаш со згодна девојка покрај нив. Од друга страна многу нормални луѓе на кои ништо не им фали не можат да најдат ништо.
 
Напишав само што забележувам низ град кога излегувам. Тие ’’мафеаши’’ се секогаш со згодна девојка покрај нив. Од друга страна многу нормални луѓе на кои ништо не им фали не можат да најдат ништо.
Штом се со такви мафеаши, толку им сече. Значи сепак не бираат погрешен. Си бираат каков што им прилега.
 
Своевремено прочитав еден интервју со еден познат Лекар кој се занимава со лечење на алкохоличари со налов: „ Порано лекував татковци алкохоличари, сега лекувам сопрузи алкохоличари. “
Во љубовта има нешто што не може рационално да се објасни.
 
Лупаш глупости.
На такви како што јас ги викам "мафеаши" се палат девојчиња што неможат да си најдат некој пристоен. Со други зборови, за секое тенџерче си има капаче.
Сигурно не очекуваш некоја девојка, паметна, пристојна, воспитана со планови за иднината, да се затреска во некој локален мафеаш. Барем јас незнам некоја таква. Обично тие припростите се восхитуваат на горенаведените.

Значи сите се прости?
 
Насловот кажува се. Ајде некој нека ми објасни како е можно една убава и паметна девојка да се ’’пали’’ на пијаници, маалски силеџии или пак џаболебари кои едвај завршиле некакво си образование, а за работа не сакаат ни да чујат. Што гледаат девојките во нив? Што ги тера да не одберат образован, работлив и нормален човек.
И второ прашање. Како женските дефинирате погрешен избор?

До зрелоста е.Повеќето девојки во одреден период во својот живот го менуваат својот вкус за мажи.Јас кога бев во тинејџ филмот ми се допаѓаа момци налик Џон Траволта,Том Круз и Џони Деп од Grease,Top Gun и Cry Baby.Додуша и таква генерацијата ми беше.Знаеш,фраерски кожени јакни,мотори,па те фасцинира моментот како е спремен да се степа за да те одбрани и ти прави филмови за авантури.Дури и многу мис клинцези и принцези кои татковците ги чувале како затворени во замок завршуваат со bad boys во овој период,еден вид на тинејџ бунтовност.:D

Кога девојката ќе почне да созрева и да се развива ментално(да не ја исклучиме можноста дека има и такви што си остануваат неразвиени низ целиот живот) почнува да бара дечко со кој ќе може да разговара и да се разбере и гледа тој да одговара на нејзините амбиции и да е на исто интелектуално ниво на нејзиното,дури јас лично преферирам да е на повисоко за да можам да се трудам повеќе и да се напрегам за да го стигнам.Тука се отвора можноста за поклопување на заедничките интереси и подготовките за заеднички живот и иднина,па изгледот ја губи високата вредност а доаѓа до израз однесувањето и воспитувањето.Но,секоја девојка нели е различна и има сопствен вкус.
Според мене погрешни избори се прават најчесто од недоволната способност за анализа и согледување на реалноста која се губи со заљубеноста.Кога ќе помине периодот на емотивност и занесеност,се гледаат грешките и недостатоците на личноста со која си.Верувај ми многу девојки ги оставаат зад себе фраерите од тин филмовите кога ќе навлезат во дваесетите па тука вие образованите и работливите стапувате на сцена.:D
 
А зошто мажите бираат погрешни жени?

Мислам апсурдно ти е прашањево. Секој човек во текот на својот живот направил погрешен избор, а некогаш тие што делувале дека се прекрасни машки, излегувале сосема обратно.
Ко шо знам не сите жени завршуваат со некои акнати силеџии.
Исто ко јас тебе да те прашам, зашто машките бираат жени кои знаат само да трепкаат и не знаат две просто-проширени реченици да сврзат?
Нели, тоа е индивидуално, има повеќе фактори зашто човекот го избира баш оној партнер кој го одбрал и кај секого тие фактори се различни, односно зависи од критериумите и замислите на тој што одлучува со кого ќе биде.
 
А зошто мажите бираат погрешни жени?
Секоја жена со прифатлива бројка на големина на гради е вистинска жена. Барем во очите на мажот. Кога после ќе му стигнат сметките за гњурењето во тие гради...е тогаш почиња муабетот со „вистинската“...
 
Kако е можно една убава и паметна девојка да се ’’пали’’ на пијаници, маалски силеџии или пак џаболебари кои едвај завршиле некакво си образование, а за работа не сакаат ни да чујат.Што ги тера да не одберат образован, работлив и нормален човек.
И второ прашање. Како женските дефинирате погрешен избор?
Тоа важи и за вас машките,се палите на девојки кои се џаболебарки,што по сто саати се во солариуми или на козметичар,а девојка кога ќе ти каже знам да готвам или нешто слично,наместо да е некој плус таа добива минус во вашите очи.
Така да секогаш сме тука некаде.Секогаш правиме погрешни избори од двете страни.
 
Женските бираат погрешни бидиејќи секогаш гледаат по такви кои имаат пари, убаво место на живеење (ако е од село значи е "сељак" и не го бива за ништо), убавина (демек имат фризура како петел и возат скутер и со тоа се убави), некои бираат и образование ама тие се поретки.
Имаше една женска беше пишала: Дечко ми е од село, многу е убав не знам дали да останам со него, а друга беше пишала: дечко ми е со средно образование а јас сум на факултет дали тоа го прави прост. :tapp:
Нели знаеш женските бираат од надвор не од внатре. :D

Исто важи и за мажите бираат погрешни жени оти секогаш ги гледаат оние женски со вештачка убавина шминкани овоа оноа, а од внатре се "скапани", и доле септичка јама. :D
Убавате се добри еден дел од животот, а добрите се убави цел живот. :P :)
 
Изборот важи за ноќ-две, еве дури и месец или важи за везден?
Ако важи за кратки стази, тогаш тие, избраните се многу поинтересни отколку некој мирен со кого ќе седиш во ќош и ќе разглабаш суштина на постоење додека останатите околу тебе живеат.
Ако важи за везден и иднина тогаш спојот на паметна жена и невработен, необезбеден маж како избор не се ставаат во една реченица.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu5

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom