Зошто всушност сакаме да сакаме?

  • Креатор на темата Креатор на темата girlll
  • Време на започнување Време на започнување

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Возраст
33
Можеби насловот малку збунува ама прашањето ми беше..
Што е потребата да се сака некого?.. Не зборувам само за партнер..
Ете дали сакаме да сакаме некого за да докажеме дека сме доволно созреани за љубов?
Или да си покажеме самите себеси дека можеме како што може/л некој друг?
Или затоа што ни е потребна љубов која ќе ни се возврати само ако ја дадеме? Дали е секогаш така?
Зошто е всушност потребата да се сака некого? Дали е потреба пред се?
 
:helou: Сакаме за да бидеме сакани . Јас мислам дека се се сведува на тоа ,сите тежнееме да бидеме сакани:smir: :smir: :smir:
 
Сакаме/Љубиме...Постоиме.

Love makes the world go around.

Ако немаме кого да сакаме ќе бидеме изгубени, ќе се чувствуваме празно и осамено... како воопшто да не постоиме кога немаме некој за кој се грижиме и некој/нешто што ни дава сила да се разбудиме следното утро.
Сакај за да те сакаат, сакај за да постоиш, сакај за кога ќе те нема да речат “Беше добра личност, никогаш нема да ја заборавам“ бидејќи оној кој се сака само себеси е мртов за другите...
 
Zasho na chovekot mu dava nekoj mir vo sebe.
 
~*~

Можеби насловот малку збунува ама прашањето ми беше..
Што е потребата да се сака некого?.. Не зборувам само за партнер..
Ете дали сакаме да сакаме некого за да докажеме дека сме доволно созреани за љубов?
Или да си покажеме самите себеси дека можеме како што може/л некој друг?
Или затоа што ни е потребна љубов која ќе ни се возврати само ако ја дадеме? Дали е секогаш така?
Зошто е всушност потребата да се сака некого? Дали е потреба пред се?

Егоистичната потреба за среќа сонце, само тоа.
Кога љубиш и кога те љубат, среќен си!

Да е благословена ефтимијата на новата ера.
 
Како може да е егоистичко да подариш на некој нешто кое што несекој е способен да го подари... ЉУБОВ?
 
~*~

Како може да е егоистичко да подариш на некој нешто кое што несекој е способен да го подари... ЉУБОВ?

Затоа што тоа го правиш прво за себе а потоа за некој друг.
Така. Лесно, едноставно.
 
Затоа што љубовта е нешто - обратнопропорционало од се останато...

Љубов: Колку повеќе даваш - толку повеќе имаш...

Се останато: Колку повеќе даваш, толку повеќе немаш...

Според ова погоре, се враќаме на дефиницијата на Лејди Сатори... егоистичка потреба за среќа. Ако ова го пишеше пред 1 година, ќе добиеше црвено... сега, целосно се сложувам...
 
И да сакам и да ме сакаат. Потреба, чувство..нешто што ме исполнува со среќа. И мене, и него, и сите. Потреба да си докажеш дека не си сам, дека не си себичен и можеш да сакаш и некој друг освен себе си..Дека си човек. А човекот е суштество што чувствува, што сака, и себеси и другите за да биде човек.
 
Сакаме да сакаме затоа што потекнуваме од таа емоција наречена љубов....Колку примитивно но вистинито, репродукцијата не сврзува со љубовта:)
Од друга страна пак, сакаме да сакаме затоа што тоа не прави живи, ни отвора многу хоризонти, ни дава самодоверба, елан во животот, силно и бестрашно да чекориме во него заедно со нашиот партнер:)
 
Јас би рекла:
Повеќето луѓе се заљубени во чувството на заљубеност. Заљубени се затоа што немаат попаметен начин да си го трошат времето, и немаат интереси и цели на кои би им се посветиле. Ретко кој знае да сака вистински, безусловно.
 
Стварно girlll браво за темата:aplauz: Отсекогаш сум се прашувала да ли сакаме или не плаши осаменоста.Некако доаѓам до заклучок дека сакам но тоа е поради чувството дека не сакаме да бидеме осамени.Баш како што кажа Сатори,егоистична потреба со која првенстевено се задолволуваме самите а потоа и останатите.
Инаку ex machina морам да те поправам дека безусловна љубов даваат само родителите никој друг.
 
Затоа што љубовта е нешто - обратнопропорционало од се останато...

Љубов: Колку повеќе даваш - толку повеќе имаш...

Се останато: Колку повеќе даваш, толку повеќе немаш...

Ова е одговорот на темата.
Сакај за да бидеш сакан, што би рекле.:smir:
 
За да бидеме исполнети...за да не бидеме роботи..за да бидеме среќни.

Зашто смислата на животот е љубовта.
 
Сакам да сакам како што другите сакаат да сакаат како што сакам јас да сакам и обратно.


Тешко прашање, потежок одговор, некои прашања неможат да бидат објаснети целосно:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom