Зошто вистинската љубов е кратка?

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady
  • Време на започнување Време на започнување
Жалам што ќе звучам разочарувачки:), ама не постои такво нешто како вистинска љубов. Има само љубов, и толку. Дали ќе трае 2 дена, 6 недели, 8 месеци или цел живот... Таа е.:) Дали ќе се случи еднаш или повеќе пати... За иста љубов збориме. Таа ваша вистинска љубов е утопија, нешто како Атлантида.:) А сите знаеме дека приказната за Атлантида е мит.:)

И не е точно дека секогаш без исклучок е кратка. Може да трае и со години, ама да биде умерена... А може и да трае само краток блиц-период, ама да биде силна и молскавична. :)

И зошто сте толку сигурни дека тоа што го доживеале Ромео и Јулија на времето било- љубов? Блесави деца, се убиле поради некакви идеали.:) И што знаела Јулија за љубов на своите 14 години?! :icon_lol:
 
Жалам што ќе звучам разочарувачки:), ама не постои такво нешто како вистинска љубов.Има само љубов, и толку. Дали ќе трае 2 дена, 6 недели, 8 месеци или цел живот... Таа е.:) Дали ќе се случи еднаш или повеќе пати... За иста љубов збориме. Таа ваша вистинска љубов е утопија, нешто како Атлантида.:) А сите знаеме дека приказната за Атлантида е мит.:)
Таман работа да не постоеше вистинската љубов. Остај Атлантиди, Утопии, Дистопии и слично. Тука си е вистинската љубов, само зависи кој како ја доживува.
Не можеме сите со кои сме биле подеднакво да ги сакаме. Тоа е нормално. Ама некогаш, во една етапа од твојот живот ќе се појави личност која ќе биде доволно вредна за тебе, личност без која не можеш да си го замислиш животот. Е тоа е вистинска љубов. Да знаеш дека животот би ти бил празен ако таа личност не е со тебе. Не е никаков мит.

А не ми е јасна споредбата на вистинска љубов со Ромео и Јулија. Се зависи од луѓето како ќе се постават кон љубовта, и вистинската љубов ако не се негува ќе згасне како и секоја друга љубов.И исто како и секоја друга љубов-постои.:)
 
Според мене, дефиниција за вистинска љубов е взаемна љубов помеѓу две особи,кој се сакаат силно во исто време,и прават се за другиот да биде среќен(кога ова би успеало,двајцата би биле најсреќни на светот).Оваа љубов неможе да биде кратка,би функционирала долго,дури и после смртта(доколку ги раздели,поздрав бада:icon_lol: ).Кратко може да трае,моментална затресканост од двете страни кои поради х причини мораат да се разделат(и после тоа да си го сметаат за љубов),но ако е вистинска љубов,ништо и никој нема да ги раздели.

:oftopic:
PSYtisfaction напиша:
Жалам што ќе звучам разочарувачки:), ама не постои такво нешто како вистинска љубов.

Ме разочара сега:icon_frow ами кој ме лажеше дека постои:pos:
 
Вистинската љубов трае вечно...вистинска љубов е љубов во која што ги приваќаш и маните доблестите подеднакво.
 
Вистинската љубов е вечна.
Вистинската љубов која трае кратко е само страст, моментален занес...
Барем за мене:smir:
 
Скулгрл напиша:
Таман работа да не постоеше вистинската љубов. Остај Атлантиди, Утопии, Дистопии и слично. Тука си е вистинската љубов, само зависи кој како ја доживува.
Еве што подразбирам јас под вистинска љубов: единствена љубов, неспоредлива со останатите, вечна, доживотна. Кога еднаш ќе се случи никогаш не згаснува и секогаш гори со ист, силен жар.
Ваква љубов се сомневам дека некој може да доживее.
Не можеме сите со кои сме биле подеднакво да ги сакаме. Тоа е нормално. Ама некогаш, во една етапа од твојот живот ќе се појави личност која ќе биде доволно вредна за тебе, личност без која не можеш да си го замислиш животот. Е тоа е вистинска љубов. Да знаеш дека животот би ти бил празен ако таа личност не е со тебе. Не е никаков мит.
Ако гледаме така, секоја личност во која си била вљубена во одреден период (од врската) е доволно вредна за тебе, и баш во тој период не можеш да си го замислиш животот кој без неа би ти бил празен.
Сакам да кажам дека онаква апсолутна вистинска и единствена љубов не може да се доживее. Затоа што животот е доволно долг, а богами и непредвидлив, за да ни остави простор, да речам, да се заљубиме повеќе пати и во повеќе личности... Не можеме сите исто да ги сакаме многу нормално, некои повеќе од другите, и ако според тебе „вистински сакан“ е оној кој најмногу од сите си го сакал и со кого највеќе си се приврзал, тогаш океј, се сложувам дека постои вистинска љубов. :)

Имаме различни критериуми за тоа што значи љубов, затоа...
 
Еве што подразбирам јас под вистинска љубов: единствена љубов, неспоредлива со останатите, вечна, доживотна. Кога еднаш ќе се случи никогаш не згаснува и секогаш гори со ист, силен жар.
Ваква љубов се сомневам дека некој може да доживее.
Природата, како и сите нејзини креации во кои спаѓаме и ние е склона кон несовршености. Тоа што ти го подразбираш под вистинска љубов јас повеќе би го нарекла факинг невозможна љубов.:)
Не мора да значи дека тој љубовен жар засекогаш ќе остане ист, но сепак она што го чувствуваме кон таа личност е неповторливо и прекрасно. И да, ретко кој го доживува тоа.
Ако гледаме така, секоја личност во која си била вљубена во одреден период (од врската) е доволно вредна за тебе, и баш во тој период не можеш да си го замислиш животот кој без неа би ти бил празен.
Точно, но тоа чувство ќе остане засекогаш, ако си вистински заљубена. Нема да биде фаза, зацапаност, затресканост, запаленост (:pos:) Ќе биде трајно и незаменливо. Баш во тоа е разликата меѓу „обичната” и вистинската љубов.
 
Не верувам дека постои вистинска љубов,онаква како што ние сакаме,колку и да е на моменти јака,таа може на моменти и да слабее,сеуште ке постои но нема да биде онаа истата
 
Скулгрл напиша:
Точно, но тоа чувство ќе остане засекогаш, ако си вистински заљубена. Нема да биде фаза, зацапаност, затресканост, запаленост (:pos:) Ќе биде трајно и незаменливо. Баш во тоа е разликата меѓу „обичната” и вистинската љубов.
trajno i nezamenlivo????? ako imas zapoznaena takva dvojka te molammmmm zapoznajme i mene za malllllce da poveruvam deka vecnata ljubov ke trae. sto cisto sumljm deka postoi takvo nesto:smir:
:toe: :toe: :back: :toe: :toe:
 
Скулгрл напиша:
Природата, како и сите нејзини креации во кои спаѓаме и ние е склона кон несовршености. Тоа што ти го подразбираш под вистинска љубов јас повеќе би го нарекла факинг невозможна љубов.:)
Не мора да значи дека тој љубовен жар засекогаш ќе остане ист, но сепак она што го чувствуваме кон таа личност е неповторливо и прекрасно. И да, ретко кој го доживува тоа.
Точно, но тоа чувство ќе остане засекогаш, ако си вистински заљубена. Нема да биде фаза, зацапаност, затресканост, запаленост (:pos:) Ќе биде трајно и незаменливо. Баш во тоа е разликата меѓу „обичната” и вистинската љубов.
Офф: Ај да не го тупам тука, ме мрзи да куцам, ќе се објасниме јас и ти утре на кафе. :pos:
 
Со примерот за Ромео и Јулија и јас не се сложувам дека е верен доказ за тоа дека вистинската љубов е кратка. Прво, како деца, колку можеле да знаат што е љубовта? Ако знаеле, ќе биле попаметни, а ако биле попаметни немало да се убијат, па? Нема врска, мутава приказна ...

Туку за конкретниот муабет ... вистинска љубов има и неможе да е кратка како таква. Во овој лош свет каде секој би да растури таква врска, каде сите пречки се од другите, а поретко од партнерите, тешко е да опстои да, но ако е вистинска љубовта, ќе остане и ќе трае покрај се` друго. Затоа и се нарекува вистинска ... бидејќи ги победува сите лаги и тешкотии ... ах, љубов ...:zaljuben:
 
ne mora da znaci deka vistinskata ljubov e kratka, ako se slucilo so romeo i julija, ne se slucuva so sekogo
 
Оставете книги и приказни за Ромео и Јулија, Одисеј и Пенелопа... Често таквите приказни се „дујат”, подалеку се од реалноста. Да се убиеш за некоја личност не значи дека станува збор за вистинска љубов.
Вистинска љубов? Ах, љубов...
Што знам... Таквата љубов нема да постои само додека двајцата се заедно. Ако е вистинска нема да прекине чувството и после разделба (ако дојде до разделба).
 
Almighty Nane напиша:
trajno i nezamenlivo????? ako imas zapoznaena takva dvojka te molammmmm zapoznajme i mene za malllllce da poveruvam deka vecnata ljubov ke trae. sto cisto sumljm deka postoi takvo nesto:smir:
:toe: :toe: :back: :toe: :toe:
Баба ми и дедо ми. Иако дедо ми е починат, љубовта не им е ни згасната, ни со помал интензитет. А тоа лесно се сфаќа по само еден муабет со неа. Затоа не ми кажувајте дека вистинска љубов не постои, затоа што откако знам за себе сум сведок за една.:helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom