Sikimco
Подобро ужасен крај, одколку ужаш без крај
- Член од
- 25 јули 2011
- Мислења
- 570
- Поени од реакции
- 330
Нема ништо лошо жена да бара маж што заработува добро, исто како што нема ништо лошо маж да бара убава, паметна или вредна жена. Секој има право на свои критериуми. Само некако во денешно време мажите многу побрзо се осудуваат ако кажат дека бараат убава или помлада жена, отколку жените кога ќе кажат дека бараат „стабилен“ и добро ситуиран маж.Сами си заработуваат и си бараат маж што заработува? Па што има лошо во тоа? Си бара рамноправен партнер. Ако не заработува многу е финансиски товар, ако заработува повеќе како смее да заработува повеќе од мажот, не ве разбирам.
Наместо да ги жалите докторките и сестрите со кучињата, гледајте си ја вашата нива. Секој си го живее изборот.
Во денешно време бирањето партнер не е исто ко што било во времето на нашите баби и дедовци. И за мажите и за жените критериумите се повисоки затоа што никој никого не мора да трпи за леб.
Проблемот настанува кога критериумите што ги поставуваме за другите, објективно не ги применуваме и за себе. Ако некој бара партнер во топ 10% по приходи, изглед или статус, нормално е и самиот да биде оценуван по некакви критериуми и ако не нуди ништо приближно, да отпадне од конкуренција, независно од полот.
Инаку тоа дека никој никого не мора да трпи за леб до некаде е точно, ама баш затоа и има повеќе самци. Факт е дека дел од луѓето, кога ќе почувствуваат дека во некој аспект го надраснале партнерот или дека имаат многу избор околу себе, лесно почнуваат да мислат дека зад следниот агол ги чека нешто подобро (од моето животно искуство тоа почесто го гледам кај жените, одколку каj мажите). Токму затоа многу врски и бракови денес се распаѓаат побрзо отколку порано.
Не е проблем што луѓето бираат. Прашањето е дали бараат реален партнер кој постои или некаква нивна идеја, односно илузија за совршен партнер.

да си направиш на тоа црпката..