Зошто религијата се меша во науката?

  • Креатор на темата Креатор на темата OFcp&&&
  • Време на започнување Време на започнување
Болтуваното го споменуваш по втор пат денеска а никаде не пишуваш во што се состои таа загрозеност. Ај малјку елаборирај...
:pos::pos:Сега се правиш и дека не ги разбираш работите. Демек ти треба објаснување.
 
Болтуваното го споменуваш по втор пат денеска а никаде не пишуваш во што се состои таа загрозеност. Ај малјку елаборирај...

Еве го пак....
Коментар?
 
Микица, што да ти објасни? Дека свештеници, попови итн. се врста во изумирање?!? Па тоа и сам го знаеш... како да ти се стави до знаење?
Еве прост пример како ќе се случи тоа... Татко ми никогаш не ме оптеретувал со религија, јас сум сватил тоа што сум сватил... Јас после тоа сум му кажал на помалиот брат како стојат работите според моите убедувања нели... За некоја година, и ја и брат ми ќе имаме по некое дете на кое исто така нема да му биде наметнувана религијата... Па види ти после кој ќе остане да им се клања на попови....
 
Еве го пак....
Коментар?
Ај само на кратко зошто инсистираш.....
Суштинатана доктрината на религијата е односот владетел-потчинет без многу бунт......е сега во социјал-комунистичката идеологија тој однос не се признава, се пропагира рамноправност...понатаму ти...
 
MIKI1 напиша:
(1) Од кај ти е тој генијален заклучок дека свештенството било на изумирање?
Не ме ни зачудува: за поединците кои се надвор од Црквата, свештенството не само што изумира, туку постојат и „марсовци„,-како да не!, Но како што вели и самиот Христос: „..нека ви биде според верата ваша...„(2) А верата од оние кои не веруваат, се состои во нивните лични убедуваања, кои немаат своја заснованост во објективната стварност па така, за нив и свештенството било на изумирање, што е очигледно погрешек заклучок.
(3) Тоа што татко ти никогаш не те оптеретувал со религија ја покажува неговата лична (не)религозност. Во православието, познати се примери од поединци, кои повеќе одговараат за туѓото отколку за своето однесување, како што е случајот со родителите кои не ги извеле своите деца на правиот пат-на патот на спасението. Случајот со твојот татко е токму таков, а по се изгледа дека и ти и твојот брат само ќе ја продлжите татктовата „традиција„ на безбожнитво. Но, не е се токлу страшно, никогаш не се знае кога некој поединец ќе поверува во Христа Бога. Лично, не сум религиозно воспитан, но Божјата промисла сакала поинаку-да поверувам во Бога иако моите родители се далеку од побожни.
А кој ќе остане да им се „клања„ на поповите-тоа е најблаго речено, погрешо прашање. Никој не им се поклонува, туку тоа е само оддавње чест на свештеникот, како Христово изобразение на Земјава, а не затоа што свештеникот е „поголем „или „појак„ вреник од вернците-мирјаните.



Имаш направено суштинска грешка-во христијаството, релацијата меѓу Бога и поединецот е двонасочна, заснована на взаемна љубов, доброволно, а не на насилие или страв од тиранското однесување од владетелот.
Во комунизмот, онака како теоретски беше разработен и нормално, никогаш нереализиран, сутиацијата е невројатно спротивна и апсурдна: невозможно е сите да бидеме днакви, кога по раѓање под „дифолт„, сите ние, како поедници, сме уникатни и неповторливи па така, невозможно е да се псотигне таа „еднаквот„, неазвисно од тоа што се подразбира под тој поим. Во претходниот систем, под „еднаквост„ се подразбираше непостоњето на различни социјални класи во општеството, т.е. под „еднаквост„ не се подразбираше „истост„. Арно ама, и во социјализмот постоеше социјалната разлика, која идеолозите на социјализмот ја комепнзираа со идеолошки ( и нормално , нереалзирани ) пароли, во стилот: „да, социјално не сме еднакви, ама социјализмот е само преодна фаза кон комунзомот, ама во комунизмот, сигурно е дека сите ќе биде (социјално ) еднакви.
Кажи ми, како можеме да бидеме сите „еднакви„ кога по раѓање не сме еднакви? Како можеме да стамене „еднакви„ кога Божјата волја е да не бидеме еднакви ни по социјалната положба во општеството ни по своите индивидуални особини и способности? Како? Со генетски инжинеринг, каде од еден и ист калап ќе излеваме луѓе кои навистина би биле еднакви по било кој основ?
1, Бројот на свештеници и монаси низ светот значително се намалува.
2, Сигурен си? Природните, егзактните науки, немаат никаква врска со објективната реалност?!
3, Или го покажува давањето на право за слободен, вистински слободен избор...
4,....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom