Zar е потребен коментар (со црвено го означив)
Поентата е дека црквата кога ќе намириса дека се загрозени нејзините темели одма реагира.
Види ти тоа некој се осмелил да меша човек и животно?!....а како и зошто , црквата тоа не ја интересира.
Ај вака.
На времето, на едно предавање, мојот почитуван професор ги наведе „врвните домети„ од класичната медицина, а тие се:
1. Вадење расипан (а може и здрав) заб и „слепо„ црево и
2. Спојување и зараснување на скршена коска.
Јаки домети-признавам.
Затоа и го барав твојот коментар, а мојот е следниот:
Очигледна е тенденцијата од класичната медицина, која од петни жили се напрега да ни најде решение-лек за нештата кои во Црквата под „дифолт„ се речиси нерешливи. Таков е и овој случај. А во контекст од темата која се занимаваше со „децата од епрувета„, и овде се работи за „класично„ убиство на зачнатиот емрбрион, кој во случајов е комбинација од човек и животно, (чувај Боже), кое библиски, асоцира на содомија (недај Боже).
Не ми е јасно, со што се потресени темелите на Црквата? Со ваква забеганост под фирмата „наука„? Тешко. И Црквата и Писмото се напаѓани од кога постојат, но , како што е очигледно, сеуште постојат, од проста причина што не се човечка туку Божја креација.
Понатаму:
Како почетник, читав една богословска книга,издадена во времето од кралството Југославија, од 1936 г. во која еден српоски богослов ги критикуваше, во тоа време, новите социјалистичко-комунистички идеи, кои тогаш надирале во Кралството. Меѓу другото, богословот (не му го паматам името, одамна беше) вели вака: „Дали во комунизмот луѓето ќе се раѓаат? Да. А дали ќе умираат? Да. Дали ќе страдаат од болести? Да. Дали во лето ќе им биде жешко а во зима ќе им биде студено? Да. Па што тогаш ќе промени комунизмот?„
Ништо-е мојот одговор. Ни комиунизмо, и свети комунозмот нема ама баш ништо да променат. Основното прашање во Црквата-прашањето на животот и смртта, нема да го реши никаков комунизам.
А во контеткст на новинската вест, јас би поставил слично прашање: што ќе реши овој најнов„ научен ексхибиционизам? Оваа или онаа болест? Од каде сигурноста дека таа надеж ќе се исполни токму така како што научниците наумиле?
И воопшто земено, што сака да постигне медицината-бесмртност, отпорност на сите болести? Како тоа ќе го посигне-со додавање и одземање делови на човековото тело, џоа се работе за модуларно склопена машина?
Смррта ни е однапред предодредена, а очилгедна е залудоста од вакви експерименти. Сега засега, ембрионот ќе биде уништен во одредемн момент од неговиот живот (што за Црквата е убиство!) но сугурен сум дека со тек од времето, отпорот на јавноста кон таквите експерименти ќе слабеее, па прашање е на моментот кога ембрионот ќе биде допуштен да се развие целосно-до раѓање. А сигурен сум дека и тоа ќе биде „врвно достугнување„ на медицината-скраја да е!