Зошто никој не ја посетува православната црква во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Sheep
  • Време на започнување Време на започнување
Одам на секој празник. :icon_lol: Не се осиромашувам ако оставам 10 ден. Ми е гајле понатаму како ќе ги трошат тие пари. :D A и не мора да ставите пари на иконите. Никаде не пишува дека е задолжително. Ако не сакате да ги слушате поповите запалите свеќа надвор има место и одма патот накај дома. :свиркам:
 
se kladam deka koa ke ti pobara nekoj so prosi nema da mu dades ni denar...ili koa im trebaat pari za doniranje...ne doniras ni denar.....ali bitno na crkvata ostavas... ;)
 
Апсурдно е што истите тие што не идат во црква,утре не дај боже во некоја несреќа ќе го колнат истиот тој господ за тоа што ќе ги снајде како он да има нешто лично против нив, а не го молеле за здравје и среќа... колку е само точна онаа реченица.. ЕХ ОВАА МОЈА ЧУДЕСНА ЗЕМЈА...

Уште по апсурдно е што истите тие што црква (единствен контакт со црква е на поголем празник а прашање е дали и тогаш одат) немаат видено со очи а се декларираат како верници први ќе се истепаат кога некој ќе каже нешто против претераното градење на цркви низ цела држава. Е тогаш се најголеми верници.
Колку е само точнаа оваа реченица, ех овие мои чудесни сонародници верници. Лицемерие за извоз.
 
Са паре Те чинеше Твојата последна посета на некој црковен храм?
Са паре Те чинеше Твојата последна посета у некој кафич?...

Исто, нели? :confused:
Кафич е место за социјализирање, дружење и забава, а црква ти е повеќе како психијатриско место каде го бараш одговорот на твоите проблеми и место каде поповите тоа го правеле на доброволна основа, сега тоа го прават со тарифник, исто како да е трговски центар. Па кога луѓето (а најчесто тие што немаат пари и одат во црква) избегнуваат места каде треба да се плати освен кога тоа е неопходно.
И како што гледаш, се помалку одат во црква бидејќи сфаќаат дека и без тоа може да преживеат.
Ама без социјализирање, дружење и забава човек не може да преживее. Незнам колку ти е познато, ама најстрогата казна на Голи Оток, била никој да не ти прави муабет, да не можеш ни маката да си ја кажеш.
 
Ги читам коментарите и гледам колку е зголемен цинозмот кај луѓето не си ја познаваат основата на своето постоење и цел.
има одговор на тоа за вашите ставови кон храмовите и свештенството кој сака да си прочита кликни тука.
Основата на моето постоење и цел е религијата? Уф тешки муабети паѓаат на подфорумов.

На свештенството би му одговорила: Затнете си ја муцката и оправете ја вербата која ја губиме. Ќе ви дадам јас и муви и гомна вас, апаши.
 
Ретко се посетува цркваата од скапите такси.
Самите верски водачи се антипатични да ги гледаш кога ќе го паркираат црното БМВ пред црквата.
И верник не се станува од одење редовно во црква.
 
мене па ме интересира различниот тарифник на помени за на гробишта, пеење по куќи... кој го прави тарифникот, зошто цените се различни секоја година и зошто цените се да земеш кредит ако сакаш да умреш?
И зошто црквиве не се грижат за сиромавите? На пример, има две деца за кои се грижи католичката црква кај нас, без родители се, во сообраќајка загинати. Кај нас има вака?
 
Кафич е место за социјализирање, дружење и забава, а црква ти е повеќе како психијатриско место каде го бараш одговорот на твоите проблеми и место каде поповите тоа го правеле на доброволна основа, сега тоа го прават со тарифник, исто како да е трговски центар.

Срцка,

очигледно е дека мешаш баби и жаби. „Кафичите„ ни оддалеку не се место за социјализирање, туку за сосема друга намена, а Црквата не е место за барањето решение за личните проблеми, ниту пак поповите наплаќаат за понудените решенија по прашањата од духовната природа од верниците во Црквата.

Тарифникот во црковните храмови се однесува на требите кои ги врши свештенството, а не на советите кои свештенството го дава до верниците.
--- надополнето: 13 септември 2013 во 08:19 ---
И како што гледаш, се помалку одат во црква бидејќи сфаќаат дека и без тоа може да преживеат.
.

Ма секако дека можат да прежиеват и без одење во Црква, но животот и вака и така ќе им заврши со присуство од поп...:icon_lol:
--- надополнето: 13 септември 2013 во 08:22 ---
Ама без социјализирање, дружење и забава човек не може да преживее.

Ајде де...:icon_lol:

Црковните храмови се местата во кои се социјализираат верните во Црквата. Ти текнува? Се разбира, Црквата не нуди забава, ниту пак забавата е дел од животот од верните.
 
мене па ме интересира различниот тарифник на помени за на гробишта, пеење по куќи... кој го прави тарифникот, зошто цените се различни секоја година и зошто цените се да земеш кредит ако сакаш да умреш?
И зошто црквиве не се грижат за сиромавите? На пример, има две деца за кои се грижи католичката црква кај нас, без родители се, во сообраќајка загинати. Кај нас има вака?
Има сигурно, ако земаат детски дотаток можеш да ги информираш МПЦ да ги згрижат за дел од парите. Без пари гз не мрдаат од стол, плус и политички се активни последниве години, абе да се згрози човек. И после ние нелуѓе, они свети луѓе. Очи несакам да им видам.
 
И верник не се станува од одење редовно во црква.

Туку?...
Како, на кој начин се станува верник?
--- надополнето: 13 септември 2013 во 08:26 ---
На свештенството би му одговорила: Затнете си ја муцката и оправете ја вербата која ја губиме. Ќе ви дадам јас и муви и гомна вас, апаши.

Бреее...Свештенството е виновно за губењето на верата, нели?...
А за што друго е виновно свештенството? За климатските промени? :sneaky:
 
Туку?...
Како, на кој начин се станува верник?
--- надополнето: 13 септември 2013 во 08:26 ---

Бреее...Свештенството е виновно за губењето на верата, нели?...
А за што друго е виновно свештенството? За климатските промени? :sneaky:

Тогаш дај објаснение зошто се повеќе има конвертити од православие во протестанизам и во ислам,а не обратно.Има ли барем еден случај каде што иноверец станал православен верник во Македонија за последниве 100 години?
 
Одам на секој празник. :icon_lol: Не се осиромашувам ако оставам 10 ден. Ми е гајле понатаму како ќе ги трошат тие пари. :D A и не мора да ставите пари на иконите. Никаде не пишува дека е задолжително. Ако не сакате да ги слушате поповите запалите свеќа надвор има место и одма патот накај дома. :свиркам:

Годинава ќе треба сите навивачи на Милан еден куп пари да остават по цркви......а и тоа дали ќе биде од помош е дискутабилно:(
 
Бреее...Свештенството е виновно за губењето на верата, нели?...
А за што друго е виновно свештенството? За климатските промени? :sneaky:

За вакви фаци како тебе што произвеле, дополнително да ствараат омраза кон религијата.
 
Тогаш дај објаснение зошто се повеќе има конвертити од православие во протестанизам и во ислам,а не обратно.Има ли барем еден случај каде што иноверец станал православен верник во Македонија за последниве 100 години?

Murugan,

изгледа дека не живееме во иста Македонија: ако нешто самиот на знаеш., боље прашај за да дознаеш а не на изнесуваш произволни ставови „за по дома„.

Тоа што некој прешол од православие во иноверство, тоа е негов личен избор и одлука, која таквиот „конвертит“ најчесто ја носи затоа што „оние другите„ му понудиле „повеќе„ од она кое Црквата може да му понуди. Ова осоебно се однесува на протестантизмот, кој игра на социјална карта.

Тоа што никој во последните 100 г. во Македонија не прешол од иноверец во православие, е само Твоја произволност: доволно е да видиме колку исламизирани македонци се покрстени во бигорскиот манастир, и тоа тековно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom