Зошто на луѓето им е толку тешко да ја дофатат среќата?

  • Креатор на темата Креатор на темата Dreamer_32
  • Време на започнување Време на започнување

Dreamer_32

Unstopable
Член од
23 октомври 2008
Мислења
79
Поени од реакции
1
Зошто нас на луѓето ни е тешко да ја дофатиме вистинската среќа и работите кои од дното на душата ќе не направат среќни во животот:icon_ques
:raz:И зошто честопати во животот се однесуваме како „пеперутки на свеќа“ трчајќи по богатство ,моќ, пари, слава.... притоа пропуштајќи безброј шанси за среќа кои можеби нема да не направат толку славни или богати ама затоа ќе ни подарат вистинска среќа и задоволство во животот?
:raz:
 
На луѓето им е тешко да ја дофатат среќата, затоа што секогаш ја бараат околу себе, наместо да ја побараат внатре во себе.
Шансите за среќа не ги пропуштаме трчајќи по слава и моќ, туку едноставно не си даваме можност да ја спознаеме среќата која е секогаш тука со нас.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VeS
Токму затоа, самите не си ја дозволуваме среќата додека не го постигнеме тоа тоа и тоа. Зошто? Е тоа ти е суета, важно ни е што ќе рече за нас ова наше друштво. А се извира од сексуалноста, вешто се крие зад секоја амбиција, желба за заработка, друштвен статус... од неа не е поштеден никој, не „помага’’ ни импотенцијата, бидејќи таа сепак извира од горе, а долу е само нејзино поконкретно изразување. Кој е толку возрасен па се воздигнал над неа, кој сака да биде толку возрасен, па да биде безусловно среќен, доколку самото наше постоење не го сметаме за услов, а го имаме?
 
Па мислам дека тоа е така зошто ние не знаеме прво од себе да почниме да се цениме како личности.Неможи ако не се цениш доволно себе си да бараш среќа и да си сакан од други.
Сепак среќата е релативна работа, не ја има секој..но,ако се потруди можда ќе ја има. За се ако се потрудиш во животот ќе успејш,но многу малце го прават тоа.. сите гледаат све на готово да им дојт,зато ваљда неможиме да ја дофатиме вистинската среќа.
А зошто трчаме по слава,пари и сето то? Па нели парите го вртат светот(иако јас со ова не се сложувам). Мислејќи дека парите се се во животот,често се залажуваме и на крај ќе сфатиме дека и тие се само пролазна работа.. ги имаш-ги немаш.
Среќен можат да те направат и најситни нешта, и една насмевка или да помогнеш на некого, среќен за себе барем ќе бидеш тогаш кога ќе сфатиш дека вредиш нешто.
А што е среќата ако имаш најуба кола или носиш брендирана облека? Не си среќен ,само сакаш да се покажиш пред другите.
Тоа сепак не е во ред, живееш за да ги задоволиш другите или другите да ти се восхитуваат,а ти дали себе си се восхитуваш то последно го оставаме..
 
Зошто нас на луѓето ни е тешко да ја дофатиме вистинската среќа и работите кои од дното на душата ќе не направат среќни во животот:icon_ques
:raz:И зошто честопати во животот се однесуваме како „пеперутки на свеќа“ трчајќи по богатство ,моќ, пари, слава.... притоа пропуштајќи безброј шанси за среќа кои можеби нема да не направат толку славни или богати ама затоа ќе ни подарат вистинска среќа и задоволство во животот?
:raz:


Затоа што повеќето,во болдираното и ја бараат вистинската среќа...

Со парите мислат дека ќе купат се,со славата и со моќта мислат дека ќе ја добијат љубовта,но за жал се лажат...Наместо да се ослободат и да ја почуствуваат среќата,се врзуваат за работи како предходните,кои не им дозволуваат на луѓето да дојдат до својата среќа..
Живееме во такво општество,каде што мислиме дака без богатство моќ и слава не можеме да успееме,и кога не би имале барем дел од тие услови,за нас би бил пеколен овој живот..Поточно стравот од загубата на престижот во ова општество не чува оковани за излузијата во која живееме и ја нарекуваме среќа...
 
Зошто нас на луѓето ни е тешко да ја дофатиме вистинската среќа и работите кои од дното на душата ќе не направат среќни во животот:icon_ques
Види вака...среќата е релативна работа која не зависи лично само од нас. Не се пронајдува така случајно на патот :-). Треба малку да се потрудиме. Ако сам не си ги средиш или „наредиш“ некои работи, никој друг нема да ти помогне.
:raz:И зошто честопати во животот се однесуваме како „пеперутки на свеќа“ трчајќи по богатство ,моќ, пари, слава.... притоа пропуштајќи безброј шанси за среќа кои можеби нема да не направат толку славни или богати ама затоа ќе ни подарат вистинска среќа и задоволство во животот?
:raz:
Парите, моќта и славата се минлива работа. Денес ги имаш-утре не. И да, парите навистина ни` требаат, но во умерени количини. А тие безброј шанси или ситни и малечки работи кои се некогаш толку очајно потребни за да не направат среќни не треба да се занемаруваат. На пример мене лично повеќе ми значи за роденден да добијам некој текст напишан од срце, отколку пари. Значи, среќата не е во парите.
За болдот: самиот си кажа, понекогаш ги пропуштаме тие ситни работи кои не` прават среќни. Дел од одговорот на прашањето кое го постави на почетокот треба да го пронајдеш во твојот пост, кажав веќе во кој дел:smir:.
 
затоа што луѓето понекогаш несвесно среќата ја поврзуваат со материјални работи....да имав ова, да имав она, да беше вака или онака ќе бев среќен. луѓето ја замислуваат среќата како нешто што е ретко и брзо одминува, а всушност не сфаќаат дека секој ден е преполн со моменти кои ја сочинуваат нашата среќа. само треба да се ужива во тие моменти.... тогаш ќе бидеме среќни секој ден :ojea:
 
Зошто нас на луѓето ни е тешко да ја дофатиме вистинската среќа и работите кои од дното на душата ќе не направат среќни во животот:icon_ques
:raz:И зошто честопати во животот се однесуваме како „пеперутки на свеќа“ трчајќи по богатство ,моќ, пари, слава.... притоа пропуштајќи безброј шанси за среќа кои можеби нема да не направат толку славни или богати ама затоа ќе ни подарат вистинска среќа и задоволство во животот?
:raz:
Затоа што среќата не може да се дофати...Потрагата по среќата може да е залудна. Ако само за момент во таа потрага застанеш и ја прекинеш, може да се случи да сфтиш дека залудно бараш, затоа што таа обично сама си доаѓа непоканета. А за тоа дека сите трчаат по пари и слава, не може да се каже во глобала затоа што секој на различен начин ја доживува среќата, така да ако за некој тоа се парите и славата сосема е во ред штом трчаат по нив, иако секако дека на повеќето или барем така мислам, би требало духовното да им е поважно, затоа што ако не сме исполнети во срцето, ни најголемото богатство не може да ја пополни таа празнина.. А зошто? Едноставно, затоа што токму најважните работи во животот не се купуваат со пари, па ни самата среќа ..ЈАс би рекла со пари се купува задоволството, но среќата е такво чувство кое доаѓа само по себе, и ретко кој успеал на тој начин да ја достигне.. А потрагата е во ред, секој има право и треба да си ја пронајде својата среќа затоа што само така животот би ја добил својата смисла :smir::)
 
Мислам дека премногу се повторувам за среќата. Добро во ред е. Среќата не е физички предмет за некој да ја дофати или испушти, поседува или не, таа е емоционална состојба. Исполнување и задоволство во животот, за некои значи едно, а за некои друго нешто, ама воглавно е едно исто нешто, а тоа е задоволство во живеење на животот со сите негови тешкотии и мааани.
 
Па мислам дека тоа е така зошто ние не знаеме прво од себе да почниме да се цениме како личности.Неможи ако не се цениш доволно себе си да бараш среќа и да си сакан од други.
Одлично. Потребна е голема самопочит, нарцизам не.
 
Затоа што се концентрираат на работите кои што ги немаат, а не на работите кои што ги имаат. Место да го цени човек она што го има, он пати по тоа што го нема. Кога човек ќе знае што има, кога човек ќе го цени она што го има, без оглед дали е тоа материјално или духовно, ќе ја зграби и среќата. Среќата на човекот му е пред нос, само сите се премногу далековиди, па не гледаат пред себе.
 
Затоа што луѓето по природа се алчни. Не се задоволуваат со малку, туку секогаш сакат повеќе и повеќе. Факт е дека во глобала може да се заклучи дека едноставно не знаат да го ценат она што го имаат и наспроти тоа целат кон нештата кои ги немаат. Ама шо да се праи , човековата психологија е измрдана работа и не се ни нафаќам да барам логика.
 
Зтоа што имаме поставено грешни стандарди за гледање на нештата. Среќата не се бара и не се ни наоѓа.... Тие што бараат среќа најчесто не ни наоѓаат....
Не цениме ништо што имаме, бараме замерки за се, целите сме суетни... секогаш нешто ни фали... со такви ставови нема среќа.
Сме заборавиле да се радуваме на животот, на внатрешното, на нематеријалното....
А има ли материјалист кој е вистински среќен....:toe:
 
затоа што животот е страдање
Тоа е првата цвета вистина во Будисмот
и оној кој е богат
ништо нема да понесе со себе
и се ќе остави на овој свет
смртта е конечен крај
и сите сме на губиток
ко што рекол Иво Андриќ...
 
Уф па кај сите е различно неможеме сите у исти кош да се ставаме. Зашто неможеме да ја дофатиме среќата? Сите ние сме среќни на овој или оној начин. Премногу бараме од животот и од луѓето и со тоа се губи се останато што е поврзано со нас. Треба да знаеме дека нашата среќа не зависи од другите, туку само од нас. Обично лошите сопомени од минатото кои се толку силни и болни ни го нарушуваат внатрешниот мир и нема простор за среќа, зборам за целосна среќа. Многу често се случува да си среќен и таа среќа едноставно ја одбегнуваш гледајќи да постигнеш што е можно повеќе, ненаситност и желба за достигнување кое веќе го имаш ама не го гледаш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom