Зошто МАНУ повторно молчи?

  • Креатор на темата Креатор на темата Vlatko_100
  • Време на започнување Време на започнување

Vlatko_100

DUKE
Член од
21 јануари 2008
Мислења
648
Поени од реакции
20


manu.jpg
Коментар ׃ Чкатроски Благоја
Многу несреќи овој народ поминал преку себе и својот грб наназад низ историјата. Сите ние чекаме “историјата ќе каже”, ама не е така, со оглед на се она што сега се отвори како процес со Егејското прашање, најнормално со актуелниот проблем со името што ни го наметнаа овие субсахарциве. Многу прашања се наметнаа за кои треба дебели и опсежни одговори :
- Никаде не сретнав до сега од МАНУ едно жестоко дебатирање за егјскиот егзодус, врзан со сите судбини што ги снајде тие луѓе избркани од сопствената земја, потпомогната од Европската политика. Зборувам за проблем врзан 70-ина години наназад. Каде беа до сега сите тие силни професори да ни објаснат што се се случуваше во тој период и покрај тоа што знам дека има заклучено купови литература (поверлива документација) која по мое лично мислење изгледа со заминување на ЈНА замина во некои темни зандани каде тешко дека ќе се најде.
- Бев пратеник во првиот Парламент и кога тогашниот претседател на Република Македонија г- динот Киро Глигоров не крсти со името ФИРОМ, пак привилегираните професори од МАНУ уста не отворија, еден збор на негодување не напишаа, а ние пратениците секако бевме безгласни и ограничени.
- Врз основа на што и кои критериуми се поставуваа МАНУ-истите и сеуште се поставуваат на тие места, кои научни трудови ги објавија освен некои хибридни и залажувачки текстови кои може и еден основец да ги напише. Доколку им поставите едноставно прашање на некои од нив тие нема да знаат да ви одговорат ниту која ја измислил топлата вода?
- Нека ми објаснат кои се: Панко Брашнаров, Јордан Чкатров, Кузман Јосифоски (нека не заборават татко му Цветан е закопан во нашите Чкатроски гробишта во Прилеп), кој е Борка Талески, каде е убиен и од кого, по чија наредба, нека им објаснат на младиве генерации колку народни херои има Прилеп и по чиј налог се убиени, а после тоа прогласени народни херои, другари МАНУ- исти.
- На МАНУ- истиве да им објаснам една работа што ја кријат години наназад со “борциве“ заедно: Плурализмот во Македонија е почнат многу од поодамна. За време на војната во Македонија имаше К.П.М, борци за суверена и самостојна Македонија- лева опција, борци за суверена самостојна Македонија В.М.Р.О- десна опција, а последната по доаѓањето на Светозар Вукамновиќ- Темпо некаде 43-та год и почнување на големиот колеж на Македонската интелегенција која трае 35-ина год. наваму тоа е партијата на избричените четници .
Е па сега, мои почитувани, ова го пишувам по не знам кој пат, само да им се внесе во главата на оние кои не знаат дека покрај Егејскиот егзодус, во Вардарска Мкедонија кој го има направено тој колеж СВ.Темпо, Л. Колишевски, а главен ментор тоа Хабзбуршкото копиле, Јосип Броз -ТИТО.
Да завршам, зошто за ова има да се пишува со денови:
Почитуван Премиер да ја распуштите МАНУ, објавете конкурс од било која област и внесете веќе еднаш за секогаш свежа крв во тој сегмент на постоење како институција во нашево општество.
Ние имаме бескрајно голем број млади и учени луѓе кои не користат инвалидски (ментални) колички кои треба да се најдат во МАНУ и кои не ќе пишуваат како овие батки чии докторски теми ми заликуваат на позната изрека Ако на слива се накалеми краставица што ќе излезе, или тиквите кога цветаат има најмногу самоубиства.
Чкатроски Благоја Пратеник во Првиот Парламент на Република Македонија


Извор
 
Зошто молчат... не ни научиле да зборуваат, освем кога треба да порачаат кафе и да и побараат на секретарката :toe:
 
Чекај да изумрат Удбашите уште малку им остана, па тогаш можда ке проговорат
 
Постојат бе тие уште???Знам дека му е мака да живеат ама барем нека не земат плати толкави пошто се useless
 
Чим прозборат,кинат зелени,затоа најдобро е да молчат.:toe:
 
МАНУ, МАНУ, МАНУ...
Абре знаат дека голем дел од интелегенцијата е на интернет... тука се зборува... затоа молчат. :toe:
 
Се извинувам ми текна... чекаат дозвола од ТИТО да прозборат.:pos2:
 
Греота со такво чкарт презиме. Ама си кажува како си е.
Јас ману ги мразам долго време единствено позитивно ми беше, кога Томе Бошевски имаше говор за потреба од нуклеарна централа.
 
Академици на МАНУ се незаслужно и ротационо припадници на 2-3 фамилии кој цицаат од Македонскиот народ,се разбира секоја чест на исклучоци кој мора да ги има,оти ептен ќе се сети работава,нешто како Италијанската мафија само со други ингеренции,впрочем така е и со Македонската паразитска администрација.:toe:
 
Najdobra varijanta e vladata da go raspusti MANU. I da si raspise nov konkurs, za nova MANU.:toe:
 
Manu izdade kniga jasna koncizna uste `93 mislam bese.Na 2 jazici.Nasive ja delea po ambasadi.
Za pojce nitu nekoj barase od nimi nitu tie se prekrsija.Na kraj to ionaka ne go pisat tie ami drugi profi od soodvetna oblast samo pod nivna kapa.
A tocno deka barem 1/3 od clenovi se kodosi...
 
4/5.......tradicionalno...iako stanuva mnogu relativen poimot : KODOS... :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom