Зошто Македонците (Балканците) се зависни од пиратерија?

  • Креатор на темата Креатор на темата dace@mkd
  • Време на започнување Време на започнување
си купив оригинал фотошоп и сега ќе одам со скинати панталони и три месеци ќе јадам само леб и маргарин
 
1. Низок стандард.
2. Дури и да си фирма и да решиш да купиш лиценциран софтвер, ако тоа што го работиш е наменето за тукашен пазар си наебал, слаба платежна моќ. Еве ако ти требаат софтвери како на пример Adobe Premiere, AutoCad Civil 3d, CGS Plateia, Solid Works и сл софтвери што веќе се „потешка артилерија“ и реално требаат за покомплексни работи, ти не можеш со години да ги извадиш само сотфтверите со цената на работата во Македонија. Реално на овој стандард и платежна моќ треба да работиме само за софтвер.
3. Дури се можи на гага зошто па и да го купиме, од гледна точка на корисник и јас сакам да фатам кривина, иако ако се работи за мој софтвер би ми било криво кога би ми го злоупотребувале :) Има доволно богат народ во светот кој плаќа и софтверските компании имаат добар профит, ако им падне профитот тие ќе стегнат и во сивиот свет тука да се плаќа, не му се секирај ;)

Во суштина тоа е тоа, дури се може ќе тераме, сполајму на тие со добра душа што ставаат на торенти и ете прават кракови, генератори на клучеви и слични „корисни“ алатки за сиромашнава класа :)
 
кога една кинга, викенд одмор...треба да го платиш на 1 место, а на друго би ти го понудиле бесплатно, ти би го купил? Не те разбирам.

Да имаат 100к плата, пак ќе симнуваат гага, се друго е рационализација и барање на оправдување
 
Јеп, точно е тоа, еве еден добар пример, испаѓа Фифа 17 на Ориџин Акцес во Април мислам за 4€, а луѓе прашуваат дали има добар крак на замунда. Да ме извинете но 4€ не се ништо, повеќе ќе дадеш за една кутија цигари и едно кафе да отидеш да испиеш. До менталитетот е, иако има добри примери, еве еден мој братучет уште на негови 12 години си купуваше игри на стим/ориџин (преку моја картица секако), и еве ден денес си игра Овервач, ЦС:ГО, ГТА5,ТФ2 итн. Значи се е прашање на менталитетот и карактерот на личноста. За среќа добро е што цел свет не размислува вака како повеќето Македонци и вложува во производите што ги сакаат.
 
Да имаат 100к плата, пак ќе симнуваат гага, се друго е рационализација и барање на оправдување
Не си во право.
Коа имаш пари доволно да си приуштиш софтвер и времето ти е пари, нема да трошам време да барам приватни тракери инвајти и срања па кракови па сериал намбери па вируси да фаќам и глупости за што? Коа можам да платам и да работи и да не се умарам да трошам време, башка што и да не ми чини сапорт си има а не комшијата шо го бивало со компјутери да го викаш.
 
Има исклучоци, зборувам за просек
 
Како Македонија ја загуби својата софтверска невиност - клик !

Белешки за Владата на Република Македонија и Мајкрософт, и за договорот кои тие го потпишаа.

..,,цитат
што ако договорот на Владата со Мајкрософт беше планиран да биде големиот успех на оваа наша 15 септемвриска власт?
Навистина, не звучи лошо – повеќе милионски договор со најголемата корпорација на светот, најави за инвестиции и за крај на пиратеријата. Секако на оваа слика и фали малку реалност. Во Македонија, во времето кога Владата можеби ја добила оваа идеја, веќе постоеше организација која активно работи на полето на софтверот – и тоа на полето на слободниот софтвер. Што е тоа се прашувате? Тоа е реалноста.
...Сепак во овој месец Владата конечно се одзва на ОССМ. Состанокот со г-ѓицата Шекеринска беше закажан за 28-ми ноември 2003-тата. Она што се знаеше во тој момент беше дека договорот неизбежно ќе се потпише. Претставниците на ОССМ со добри намери отидоа во Владата. Беа конструктивни и дадоа илјадници предлози. Ништо не беше прифатено и покрај добрите зборови. После состанокот ОССМ излезе со писмо со препораки до Владата. Владата излезе со соопштение дека договорот ќе биде потпишан.
Договорот се потпиша на 3-ти декември 2003-тата. Мајкрософт изигра стандардно подари лиценци во образованието. Владата велеше дека направила одлична зделка. Истиот ден, претставници на ОССМ и на други НВО-а од Македонија разговараа со г-динот Горан Радман, регионален директор во Мајкрософт. Набрзо потоа договорот исчезна од јавниот простор. Излегоа поважни теми. ОССМ се обидуваше да го добие целиот текст од договорот, во што не успеа во целост. Медиумите заборавија што беше договорот, и Мајкрософт, и компјутерите, и софтверот...
Конечно на сцената се појави и Анти-корупциската комисија. Таа го оцени договорот како нетранспарентен и штетен Владата одговори дека не е така. Ова се случува деновиве – март, 2004-тата..,, затворен цитат !

© Авторско право 2004, Новица Наков, Првпат е објавен на 30 март 2004 година !
 
Фала богу, и плус легалниот софтвер е многу побезбеден.[DOUBLEPOST=1502188902][/DOUBLEPOST]

Постот нема врска со темава.
 
Последно уредено:
Не било до парите?
Епа затоа ти тука ќе возиш голф 2ка а некој шваба мерцедес C300 или шо ти знам.
 
Постот нема врска со темава.
зашто? ... ЕУ се труди да нема пиратерија меѓу нејзините членки, а ние како држава иако не сме во ЕУ случивме договор за лиценциран оперативен систем, за да може и законски да се казнуваат тие што не ќе го купаат? зарем до тоа дошло тогаш за да се склучи таков договор? при што ние обичниот народ мора да го купиме додека Владата тогаш ја доби фрај како бенифит од склучениот договор !
... све што не е лиценцирано е пиратерија нели? и штом коментирам за лиценциран оперативен систем на микрософт значи не сум офф топик,
со склучување на ваквиот договор за обавезителен лиценциран оперативен систем ниеден компјутер не би требало да функционира без купување на истиот, а доколку не се купи со една инспекциска контрола и те како ќе платиме казна и кога ќе се види дека и целиот офис ни е исто нелиценциран посебно ексел и вордот, т.е. целиот компјутер ни е чиста пиратерија...и се чудам како сите кои водат бизнис „купуваат“ лиценцирана програма за работење на тој бизнис и ќе се потресат доколку им заглави ќе трчат како луди за поправка, а тоа што целиот оперативен систем не му е лиценциран (многу ретко ги има лиценцирани) не го секира??? па што ако има лиценцирана програма за работа кога оперативниот систем , офисот му е чиста пиратерија ... ќе купи некој лиценциран, корел, ворд, ексел мало сутра...или пак аутокад 5 000 евра ќе даде некој....а може све тоа да му биде лиценцирано? кој има линцециран антивирус на компјутер? никој (ретко некој)....така да не е тоа во прашање „зависност“ туку потреба за напредок, но малата парична моќ да све тоа се купи „легално“тогаш владата требаше да „помогне“ на народот со сопствени сили за софтвер, а не да склучи договор за истиот да не „бричи“ и казнат... и затоа секој се снаоѓа како може, а не дека сме зависни од пиратерија....нема врска !
 
Последно уредено:
... све што не е лиценцирано е пиратерија нели? и штом коментирам за лиценциран оперативен систем на микрософт значи не сум офф топик,
Лиценциран софтвер не е пиратерија, нели за пиратерија збориме. ;)
Не сум го читал законот, но мислам дека се однесува на правни лица, бар не сум слушнал инспекции да одат по куќи да проверуваат дали ти е лиценциран офисот.
Секако дека куповната моќе е проблемот, ако можев да си дозволам ќе купев лиценциран фотошоп немаше да косистам пиратски.
 
Што убаво вака во сиромашна земја, нема нешто за кое не можеш да се оправдаш, hehe nema pari mala plata.... ;(
Tocno, realno ako praime muabet e zatoa sto ima slaba ISP kontrola i mi se moze.

Inace jas nemam ni eden piratiran softver vo kompjuterot, najcesto piratiram knigi...[DOUBLEPOST=1502228971][/DOUBLEPOST]
Лиценциран софтвер не е пиратерија, нели за пиратерија збориме. ;)
Не сум го читал законот, но мислам дека се однесува на правни лица, бар не сум слушнал инспекции да одат по куќи да проверуваат дали ти е лиценциран офисот.
Секако дека куповната моќе е проблемот, ако можев да си дозволам ќе купев лиценциран фотошоп немаше да косистам пиратски.
Zaso, so mu fali na gimp?
 
Tocno, realno ako praime muabet e zatoa sto ima slaba ISP kontrola i mi se moze.

Inace jas nemam ni eden piratiran softver vo kompjuterot, najcesto piratiram knigi...[DOUBLEPOST=1502228971][/DOUBLEPOST]
Zaso, so mu fali na gimp?
Не дека му фали, пробав со гимп ама некако не ми иде, навикнат сум на фотошоп, инаку само фотошопот ми е пиратски, се друго ми е легално.
 
Софтвер - пиратски или free/open license
Игри - купувам (т.е само 1 игра имам купено и таа ја играм, ја начекав на 15 евра попуст што не е премногу)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom