Зошто луѓето ја поврзуваат црната боја со се лошо?

  • Креатор на темата Креатор на темата stefi
  • Време на започнување Време на започнување
S

stefi

Гостин
Незнаев каде да ја ставам темава ама веријатно тука и е правото место. Сакав да го слушнам вашето мислење пошто јас и немам некое. Прашањето е зошто луѓето ја поврзуваат црната боја со се лошо? На пример со смрт итн.
Чекам солидни одговори :)
 
Од проста логика. Доброто и лошото, секогаш биле метафори за белото и црното.Како две екстремности..
 
Незнаев каде да ја ставам темава ама веријатно тука и е правото место. Сакав да го слушнам вашето мислење пошто јас и немам некое. Прашањето е зошто луѓето ја поврзуваат црната боја со се лошо? На пример со смрт итн.
Чекам солидни одговори :)
Црната боја кај нас се носи во знак на жалост, но во никој случај не може заради тоа да се поврзе како симбол со смртта..напротив,црната боја е многу елегантна кога станува збор за облека но е и многу неутрална.. Тоа што е темна не значи дека е морничава или поврзана со нешто лошо..Ако мислиш пак на фразите од типот каде се спомнува црно како метафора за нешто лошо, претпоставувам дека тоа е заради тоа што таа е најтемна боја, значи се поистоветува со црнина, темнина па токму поради тоа и асоцира на темни,мрачни и лоши нешта. . .
 
Таквото поврзување е типично за само некои простори, нели на Индијците таква боја со која изразуваат тага и жалење е белата боја.
Црната боја уште нели и ја поврзуваат со темнината, ноќта, што го упатува просечниот ум да мисли од таму произлегува лошото.
А црната е како и секоја друга, само боја и ништо повеќе. Јасно дека се прават секакви анализи на основа на тоа каква боја на пример носи човекот најчесто, што значи дека за мене ќе речат дека сум дете на ѓаволот :vozbud:
 
Зависи каде...
Кај нас се зацрнуваме кога ќе ни умре некој... Црната боја ни е боја на жал и на смрт.
Во Египет е симбол на црната кал од реката Нил и за нив е симбол на животот.
 
Абе ја за кај нас мислев зш е баш црната боја на жалост и зашо кај муслиманите е белата. Пошо не приметв други разлики освен во религијата може ли тоа да е?
 
Значи поради тоа што асоцира на нешто темно и мрачно, нешто од кое се плашиме иако црната боја не мора да асоцира само на тоа како што погоре има напишано GorGeOuS асоцира и на нешто елегантно и префинето.
 
crnata boja vo oblekata kaj nas e znak na zalost no vo Kina e belata taka da nema vrska toa, toa zavisi od kultura do kultura.Na primer kaj eskimite mu pravis cest ako spies so negovata zena a kaj nas nekoj ke te ubie za toa.Taka i so boite.Crnata boja vo nekoi kulturi ko sto rekov e znak na radost i sreka.
 
Па вака е се обидам да дефинирам ошто.
Луѓето знаеме дека на почетокот се молеле на многу богови. Кај нас на пример верувале во сонцето( тоа било добриот бог)а грмотемиците, градот и слични појави лош бог. Теминината. Темнната ги предизвикаувала( и сега предизвикува ) да бидат љубопитни но и старв пр. Леонардо кога бил мал видел една пештера и сакал да влезе, но било многу темно и не влегол, подоцна таа пештера ке биде инспирација за тој да ја создаде основата за фотоапарат. и како што знаемее господ ги осудил на Адам и на Ева заради љубопитството (ги избркал од рајот). Зарем вие не сте се запрашале зошто е темно(љубопитство), или пак не сте биле во ситуација кога сте се плашеле од темнината(страв). Епа Тогаш сте се зарашале каква е смртта( стебиле љубопитни) и сигурно ви е било став( старв).
зНАЧИ Темнината или црната боја е Симбол на смртта бидејки вие сте љубопитни и страшливи( чуства кои ги буди ТЕМНИНАТА)
 
Мене црната боја ми е боја на елеганција и префинетост...Ни најмалку боја на жалост и лоши работи...Сепак тоа си е мое лично согледување...А зашто ја поврзуваат со тоа...Хмммм...Ваљда се е тоа продукт на традицијата на македонскиот народ...Како што nihilista напомена...се е до културите на народите...
 
Јас ја обожавам црната боја. Елеганција, како и асоцијација на нешто мрачно и страшно, а баш тоа и сакам. Али македонска работа, пошто кај нас нели се носи црно за жалост, обично постариве веднаш таму им оди умот, јебига, такви се :)
И ете тоа останало, луѓево се научени секогаш на сите работи да гледаат кон негативното, доколку има две страни. За разлика пак, кај муслиманите боја на жалост е белата :toe:
 
Ја обожавам црната боја. Ме потсетува на елегантност, а воедно и на нешто миситчно, мисетриозно, тајно... и да, мрачно. Зависи како ја носиш. Мислам дека можеби луѓето ја поврзуваат црната боја со нешто лошо, зошто таа е единствената боја во спектарот која ја впива светлината, која би можела да се претолкува како живот, за разлика од белата. Ги потестува на нешто тажно, мрачно, непознато...
 
Од проста логика. Доброто и лошото, секогаш биле метафори за белото и црното.Како две екстремности..



Само заради тоа?Но,од каде пак дошло до тој сининим за доброто-бело,за лошото-црно..Јесте дека се работи за сининими,и за проста логика,ама и јас мислам дека простатa логика се крие зад културата,како што некој и предходно спомена...
 
Незнам дали ја поврзуваат со лошо -ама знам едно - мене ми е омилена боја.
 
Веројтано првично заради темнината (ништо не е видливо во мрак), заради ноќта (black night како што пееја Deep Purple) и најголемата моќ за апсорпција во споредба со другите бои...
Како и да е, ја сакам црната, има посебен шарм заради мистичноста. Во врска со оваа боја единствено ме нервира фактот што рокерите/металците почнаа да се идентификуваат токму преку неа, сакам да кажам, почнаа целосно од глава до пети да се облекуваат во црно...не знам која е поентата тука.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom