Зошто играме? Што научивме, добивме и изгубивме?

  • Креатор на темата Креатор на темата zlxlclvlbln
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Овде многумина имате двоцифрена бројка на стаж на играње комјутерски игри било редовно или нередовно играње.
Но сте се запрашали ли некогаш зошто играме и зошто олку долго? Имаме ли потреба да го правиме тоа? Дали е тоа од потребада да работиме и да наулиме нешто ново? Или е само некоја банална причина како пополнување на време или... ЗАБАВА? Или е пак зависност и губење на време?

И при цел тој процес кои и да биле условите дали игрите ви сменале нешто во животот, било како па и безначајно нешто. Можеби во помогнале да се оттгнете од некој влијателен настан, можеби сте научиле нешто и дали сте свесни дека тоа нешто всушност некако ви искористило некогаш?

Многу прашања. Обидете се да одговорите на некои, било кои.

Јас мислам дека знам некои поклинички, понаучни одговори на (некои од) овие прашања, ама да не откриваме се наеднаш. А тие не се 100% целосни оти човечкиот, па и животинскиот ум се широки области за проучување.
 
Во главно играм поради забава,незнам дали сум заразен и дали би можел да престанам да играм, но не сум се ни обидел :D Дали имам корист? -Нема корист, едноставно губење на време...иако незнам како тоа го оправдува некогаш седењето до сабајле и играње :tapp:
 
Желбата да свртиш некоја игра :D

Не играм многу често ама ако симнам некоја нова игра ја вртам за 3-4 дена, и после пак следи еден период од никакво играње.
Понекогаш знам да се уклучам кантер да попукам две мапи или Дирт3 да извозам на мултиплејер неколку стази и тоа е тоа.
Значи заклучок, за мене е забава не е никакво губење на време, ништо во животов не е губење на време освен спиењето.
 
Видео игрите го подобруваат видот

Видео игрите кои содржат високи нивоа на акција како Unreal Tournament, можат да го подобрат вашиот вид.

Истражувачите на Рочестер Универзитетот докажале дека луѓето што играат акциони видео игри по неколку часа дневно неколку месеци, го подобриле својот вид за 20% што било потврдено преку визуелни тестови слични на оние во офталмолошките клиники.

„Играњето акциони видео игри го менува начинот на кој нашиот мозок ги процесира визуелните инфомации“ - вели Дафне Бавалиер, професор на универзитетот. По само 30 часа играње, играчите можеле да видат фигури на таблата, кои претходно не ги перципирале толку јасно.

„Овие игри го туркаат човечкиот визуелен систем до границите, а мозокот се привикнува на тоа. Тоа знаење се пренесува до останатите активности и најверојатно - секојдневното живеење“.

Ова сугерира дека луѓето со визуелен дефицит наскоро ќе можат брзо да го подобрат својот вид преку некој вид на рехабилитационен софтвер.

Ете, тоа е...Се утепавте јадење моркови за џабе, кога има и далеку позабавен начин да го подобрите својот вид. Закажете место во некоја локална играчница уште веднаш!
 
Од многуте работи во секојдневниов живот кои мора да ги правам.. играњето е работа што САКАМ да ја правам...значи тоа што јас нешто правам без да морам или да треба... ми прави задоволство и ме исполнува па макар и тоа да е 15 мин... ете ти причина.
дали имаме потреба? ... итекако.. пр.. ја сакам коли.. ама да извиниш доле не ме чека ферарито паркирано за да си праам nfs низ улициве.. затоа си седнувам на пц и си го правам тоа..
дали учиме нешто?... од се имаш поука.. буквално од се.. само треба да размислуваш..
губење на време... вој збор многу го мразам.. затоа што кај секој човек е различно... ако за мене е играта губење на време.. може за тебе не е.. може читањето на книги некој го смета за губење на време.. затоа не можеш да го поставуваш тоа прашање
 
Корист ? Можеби, доколку играш on line и шириш познанства.
А се останато е тепање на време...
Има многу други работи, за кои можеш да го искористиш тоа време. Но се зависи од индивидуата, даку сака времето да го троши на читање книги(пример) или да игра.
 
Според мои сознаниа видео игрите се доволно добри и лоши во исто време.
Па ајде да видиме зошто добри.
Што да речиме ако некој неможе да се отргни од лоши навики? да сум доктор или негов психијатар, ќе го сместам во соба каде што ќе биид изолиран од надворешниот свет се додека не се опорави. До дека ќе му бидат доделени работи како и компјутер и интеренет и секоја видео игра што ќе ја посака. Можеби ќе се заинтересира повеќе на игрите па ќе почни да игра што повеќе и повеќе, и ќе се отргни од лошите работи. Зошто баш така? Па види, кога ќе нема што да прави ќе пробува на нет да бара работи, да се информира, да игра..сепак некои игри го подобруваат и мозокот, видот , рефклеските па и менталитетот во зависност од каква игра играте.Јас искрено па и на сите тука, доволно му е денеска да седни 1 сат на нет да прочита што има ново и да дојде до сознанија. Денешно време сите така прават, Old school се весниците но нема да речам дека тие прекинаа, само кажувам дека повеќе се користи нетот во денешно време за здобивање со информации.

А ако сме околу мене, за мене игрите се задоволство, губење време или можеби нешто слично во зависност од периодот во кој се наоѓам. Задоволството ми е тоа, кога ќе постигнам одредената цел на играта, или можеби ќе добијам нешто од неа. Повеќето игри денеска се прават и за заработка на реални пари.
И кога имам време за трошење, го трансформирам во гејмерско време.
 
па за мене тоа е забава, исто и кога бркаш некоја риба тоа е забава и сеа ако идеш по таа логика и бркање риби е губење време, коа ке видиш све е губење време ако така мислиш, ама уствари ништо не е губење време додека го правиш тоа што сакаш и спиењето не е губење време ако сакаш да спиеш, понекогаш подобро да играм некој игра што ја иам свртено него да слушам некој другари кој ми кажуваат колку и каде пиеле пиво вино ракија и слично а јас сум спортист не пијам алкохол и не ме занима пошто јас како спортист исто ке се изморам од спортот кој го спортувам и послем одмарам и додека играм игра на конзола која е уствари спортотт која јас го практикувам тоа за мене е одмарање и забава 2 во 1 уствари е и 3во1 ама тоа неможат сите да го сватат кој си знае си знае јас само ке ги поздравам тие а на тие што неможат да сватат неможам сеа да им објаснувам
 
кога прв пат почнав да играм игри, беше забава и тепање на време. како станувам повозрасна станувам свесна дека игрите се уште еден медиум покрај книгите и филмовите, значи секоја игра има приказна и порака што сака да ја пренесе. најинтересно е што во играта си главниот лик, носител на приказната. точно, примарната одлика на игрите е забавата, но сепак, неможе една игра да е добра ако нема добра приказна.
 
Како и се друго и овде можат да се влечат и позитивни и негативни заклучоци.
Ево еден прост пример: јас.

Играв WoW (што друго?). Колку што запознав нови луѓе од скоро цел свет, толку познанства загубив од оние што си ги знам од мојот свет.

Колку што имав задоволство од играње со тие виртуелни пријатели, толку имав фрустрации од домашните кои ми кукаа за запоставување на факултетот.

Листата е прилично долга, ама доста е за искажување на поентата. :)

Се што предизвикува чувство на задоволство кај човек, за мене, автоматски значи дека е нешто што носи и негативни последици. Па игрите не се ништо различно од тоа.
 
Игрите ја подобруваат логиката. Може да се каже дека играм често, заради забава или губење на време посебно сега кога преку денот има 40+ степени.
 
Секоја работа или настан си има свои предности и лоши страни, конкретно ќе зборувам за игрите.
Игрите пред све се обична забава која може да прерасне во страст и во одредени игри да дојде до прилично сериозно сфаќање на самата игра занемарувајќи други работи во животот и се фокусирате само на тоа и сакате да биде најдобар, доброто од ова е тоа што уште од мали нозе игрите не учат да се докажуваме и секогаш да биде подобри и подобри.
Истотака игрите се добар начин да се отргнеш од лошо друштво, да заборавиш некој немил настан, ова го зборувам поради лично искуство, односно пред 3ипол години јас го повредив коленото и докторите ми забранија да спортувам било што, бев во голема депресија затоа што за мене фудбалот претставува огромно задоволство, пасија која секогаш ќе гори во мене, и 3ипол години ниеден доктор не знаеше да ми даде конкретна дијагноза, а забрана за спортување имав. Паднав во голема депресија, почна се да ме нервира, неможев ни школо да учам како треба, неможев да се сконцентрирам, и после некое време сосема случајно инсталирав кантер страјк, играв и играв и се повеќе уживав играјќи, играв со тимови, по лан и онлајн турнири, повторно почнав да се чувствувам како жив човек кој во нешто може да се докаже. Кантерот за мене претставуваше одлично бегство од реалност и од болките кои ги имав во коленото и затоа неможам да кажам дека беше лошо.
Лошото во сето ова е тоа што станав зависен од самата игра, и неможам да пројдам повеќе од 1 месец а да не пуштам кантер и да изиграм 2-3 мапи.
Истотака кантерот ми помогна со концентрацијата многу, ми помогна да се научам да играм и работам тимски, ми ги подобри многу рефлекси и секако стекнав познанства од цела МКД и од Србија.
И така, порано го сфаќав премногу сериозно поради здравствени причини, но сега е само обично тепање на време и отргнување од лошо друштво, значи идемо опет исто, само овој пат со научени лекции многу :))
 
Па играм ради забава и тепање време, а преку игрите учиме како да се справиме со разни ситуации во реалноста на пр. со Кантер Страјк учиме како да се бориме против терористи и дека најпаметно е да ги пуцаме у глава за да умрат од прва додека пак со Need for Speed учиме како да се тркаме со стил и притоа да победиме и со Судоку, Солитаре, Шах и таквите ментални игри си го вежбаме мозокот и му го зголемуваме капацитетот. И то..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom