Зошто Економскиот факултет не е просперитетен ?!

  • Креатор на темата Креатор на темата UrbanSamurai
  • Време на започнување Време на започнување
Среќа што сум по новиот систем, има 10x повеќе труд, и повеќе знаење имаш, башка учиш како да се изразуваш, и немоеш да се провлечеш со прашања, бидејќи на крај све се сведува на завршен испит на кој мораш све да знаеш за да положиш.
Факт е дека правен со новиот систем е каде-каде потежок од економски, си признаваат дечкиве по читална. Поздрав и до тебе, и ти посакувам среќа околу студии/работа.
Толку од мене на оваа тема.
Ќе се докажете на дело, остај ти школо ;) Со среќа и на тебе...
 
Кој мисли дека е лесно на правен незнае што збори.За да дојдеш на испит треба да положиш два колоквиума на заокружување кои по некои предмети не се нималку наивни.Имаш болни професори што првен полагаш писмено,па после и на усно те викаат као демек меѓу оценка,те тормозат пола саат со цел да ти најдат нешо што незнаеш од таа книга од 700 страни и да те бутнат.Уште полагаш испити а тебе ти почнал летен семестар,што беше тоа зимски распуст у пм.Јунска сесија ти трае до 10 јули,треба да одиш 25 работни дена на пракса,и ти остануваат месец дена одмор у случај да ги имаш положено сите предмети,ако не учи и у август за поправни.А за просперитет ако не ти збори устата,ако не те бива да се упикаш,ако сакаш заврши и со 10-ки на медицина ќе свириш виолина на камени мост.Не заборавајте кај живеете.
 
Ти викам, имав цимери кои КУПУВАА оцени, лани имав еден од машински на кој лично ја му го форматирав компјутерот, а сум правник.

Погрешно мислење ти цитирам ама не можам сега да барам. Тука треба да стои мислењето во кое велиш дека твој другар кој бил мн слаб во средно сега терал на ФИНКИ.

Јас вакви примери имам многу, знам кој се се испозапиша и заврши на Економски и на Правен, па и магистратура, земаат стипендија или кредит, а у средно имало каде-каде подобри од нив, подоцна запишани на Информатика со индекси полни 6, и тоа за тие 6 колку се имаат мачено...

А знам и деца кои навистина врска немале од математика па се запишале на ФИНКИ па студираат 6 години со уште 10 неположени предмети, па се префрлааат на Штулов. Пази, вработени.

Ова ти кажувам од лично искуство како е.
--- надополнето: 21 јули 2013 во 08:43 ---
Ако имате книга над 300 страни јави ми се. Ма незнам колку сака задачи нека има, колку милиметри, формули нека има, под 300 страни материјал немате. На вас факултетот ви е сведен на задачи,цртежи и незнам што.

Ај сеа ела во Тетово да ти го покажам Калкулусот.
--- надополнето: 21 јули 2013 во 08:46 ---
Кој мисли дека е лесно на правен незнае што збори.За да дојдеш на испит треба да положиш два колоквиума на заокружување кои по некои предмети не се нималку наивни.Имаш болни професори што првен полагаш писмено,па после и на усно те викаат као демек меѓу оценка,те тормозат пола саат со цел да ти најдат нешо што незнаеш од таа книга од 700 страни и да те бутнат.Уште полагаш испити а тебе ти почнал летен семестар,што беше тоа зимски распуст у пм.Јунска сесија ти трае до 10 јули,треба да одиш 25 работни дена на пракса,и ти остануваат месец дена одмор у случај да ги имаш положено сите предмети,ако не учи и у август за поправни.А за просперитет ако не ти збори устата,ако не те бива да се упикаш,ако сакаш заврши и со 10-ки на медицина ќе свириш виолина на камени мост.Не заборавајте кај живеете.

Ама имате колоквиумска недела, нели? Епа ние сме имале 5 испити во една недела, а предавањата не биле стопирани.
 
На економски факултет не се стекнува никакво опипливо,практично знаење кое би се уновчило. Сигурен сум дека човек сам да седне дома и да го инвестира истото време во сопствена едукација е поисплатлива варијанта, а тоа кажува многу.
 
Погрешно мислење ти цитирам ама не можам сега да барам. Тука треба да стои мислењето во кое велиш дека твој другар кој бил мн слаб во средно сега терал на ФИНКИ.

А знам и деца кои навистина врска немале од математика па се запишале на ФИНКИ па студираат 6 години со уште 10 неположени предмети, па се префрлааат на Штулов. Пази, вработени.

Ама имате колоквиумска недела, нели? Епа ние сме имале 5 испити во една недела, а предавањата не биле стопирани.

Финки е отворен пред две години. Најстарите финкаши сеа ќе бидат 3та година.

Да не мислеше на заглавени електраши кои за да се спасат се префрлија на финки, ама пак им останаа неположени предмети од електро?
 
На ПМФ мислам.
 
Единствена работа за која се согласувам дека Економски не е просперитетен е дека многу завршуваат. Не запишуваат, туку завршуваат, има голема разлика. ;)
Професор има кажано дека просечно 365 годишно дипломираат. Голема бројка машала.

За другото, врска немате, само глупости трескате.

Заокружувањето бил проблем, ни ги тупел мозоците. :pos:
Ццц, ме мрзи да го барам типот што го пиша ова, нека се пронајде сам ако прочита.
Јас научив до четврто да раскажувам, прераскажувам и да се изразувам како што треба. Ако си научил тогаш, ќе знаеш и сега, многу нормално. Ако те испуштиле тогаш и сега ќе си бидеш теле.
Се молам да ни дозволат некој предмет да ни биде на раскажување, на мојов смер скоро се е на заокружување. Да не ме зафркава ова шифрарникот во здрав мозок бе.
Многу е лесно ти да си научиш некоја точка со твои зборови, да знаеш да си ја напишеш како што треба, а ужасно е тешко кога и ја знаеш таа точка од материјалот, ти даваат прашање со 5 понудени, од кои можат едно, а можат и сите да бидат точни, никој не ти кажува. Ако заокружиш две, а требало три, нормално цело прашање не ти е точно. А тросмислени се одговорите по некој предмет, маме им ебем.
Ај реално, ова полесно е од пишување на мои зборови? :unsure:
Ако некој каже да, имате проблеми со мозокот дефинитивно. (y)

Искрено, кога се запишував, не мислев дека факултетов ја има оваа тежина, после првиот семестар ме удри во глава.
Од оваа година е сменет принципот, т.е овие што сега ќе бидат втора, и тие после нив, мислам оти во градинка се одени кога гледам колку предмети им скратиле. Абе буквално најтешките, оние што те тераат да се пцуеш што си се запишал.
Повеќе изборни, помалку задолжителни, ниеден потежок задолжителен, абе милина.
Освен Сметководството, што сега е дефинитивно најтежок смер, другиве се олеснети доста.

Споредбата со Правен ви нема врска.
Овие од Правен што се моја генерација, сега што завршија, го немаа тој систем на полагање што го имаат после нив. Пишување есеи, еден точен на заокружување, без усен испит. Ај теле на Економски ќе помине без да знае да состави проста-проширена реченица, али секако е побитно телето на Правен да знае како правилно да се изразува.
Плус цела недела пред колоквиумска слободна за учење, повторување, додека ние мораме да трчаме по професорите баш тогаш за потпис, да дремеме на студентски во таа гужвата за пријавување испити.
Потешко е од Економски бе, каде-каде. ;)
Уште еднаш, не трескајте зелени кога не ги знаете ни едниот, ни другиот факултет.

Ако ги споредуваме сегашните предмети на Економски и овие од Правен, тогаш Правен е веројатно потежок, тоа да.

Слободно тие што сакаат нека си се запишуваат на Економски, и до 1500 ќе ве примат само пари да соберат, а како што тргнало се полесно и полесно ќе ви биде. Лошо за вас, али супер за факултетот.
 
Ок... очигледно нема докажување на такви ко тебе.
80% од постот ти се ствари кои уопште не сум ги ни рекол. Веќе немам намера да се карам со заслепени луѓе како тебе. Искрено не очекував толку многу ароганција и нереспектирање у еден пост, посебно не на овој подфорум :
Фурај си, мисли си што си мислиш, нема веќе да те убедувам, да се карам, и едноставно да си трошам време, пошто бесцелно е, ти си почитуваш едно, ја друго, ти имаш различно мислење и ја го почитувам, само што ти не го почитуваш. Ти посакувам среќа со факултетот и животот, терај си озбилно како што си тераш и се ќе си дојде на свое место. Поздрав.
п.с нигде не реков дека економика е тежок предмет.
нигде не реков дека се лесни тие факултети или гола вода, туку реков дека се каде-каде ОЛЕСНЕТИ у споредба со порано за да привлечат студенти.
Пак ќе речам, со среќа на секое поле, фурајте си филм, учете, трудете се и после се ќе дојде на свое место. Не те цитирам, нема да се карам безвезе, пошто има миљон други работи од тоа да се докажуваме. Fuck it, лето е и неќам да праам муабет за факултет.
Поздрав.
--- надополнето: 6 јули 2013 во 17:26 ---

Среќа што сум по новиот систем, има 10x повеќе труд, и повеќе знаење имаш, башка учиш како да се изразуваш, и немоеш да се провлечеш со прашања, бидејќи на крај све се сведува на завршен испит на кој мораш све да знаеш за да положиш.
Факт е дека правен со новиот систем е каде-каде потежок од економски, си признаваат дечкиве по читална. Поздрав и до тебе, и ти посакувам среќа околу студии/работа.
Толку од мене на оваа тема.

Кога ке има предмети на правен и со задачи а не само теорија може ке биде потежок. Колку што знам правен го направија со 3год. а економски е уште 4год. Па види сега кај повеќе се вложува труд.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom