Зошто Економскиот факултет не е просперитетен ?!

  • Креатор на темата Креатор на темата UrbanSamurai
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
19 јуни 2012
Мислења
404
Поени од реакции
417
На темата за најпросперитетен факултет, читам дека викате најмногу просперитет се има со технички факултет, зошто ?!
Економскиот и правниот факултет се сметаат за едни од нај-НЕ-просперитетни во Македонија. Поради која причина е ова ? Можеби пренатрупаноста од економисти и правници или има влијание и на други фактори ?! Што мислите вие ? Фала :)
 
Сам си одговори.
 
правници и економисти има со лопата да ги ринеш :cautious: колку само не вработени има, колку студенти во моментов студираат и уште колку планираат да се запишат ехееее...
ја кога требаше да се запишувам на факултет сите ми викаа кај сакаш оди само на економски и правен не оди.
па и педагошки е тука некаде. колку познавам со педагошки што возат такси, продаваат в трафика или седат дома.
редно време е да ги стават во мирување овие факултети
 
З‘ш сите с(м)е со желби за газди и директори.Грешка е да веруваш на муабети од типот заврши економски/правен, дипломата вака-така-онака.И да си со работа по струка, ќе одиш со некоја минимална или максимум просечна според ДЗС плата цел живот скоро без опции за напредок, пошо не сНе странство.Дури и во јаки со име фирми.И пракса имаме нула на факултет.Од досадните теории на факс до реална ситуација разлика е 360 степени.
И дел други факултети исто.За сообраќаен - не се градат патишта, аеродроми, пруги.За политички науки или новинарство - квалитетните нема да се пробијат покрај ѓубрето.За медицински - ако планираш да работиш во странство, ако е ретка специјализација или во 3-4 приватни клиники овде.
А најдобра опција е моментално Факултет за уметност, отсек скулптори.
 
Има многу студенти и второ сите тие завршени чекаат друг да ги вработи, кога ќе ми текне само на статистиката колку магистри во Македонија се невработени ми се лоши.. па нели изучиле и знаат што не вработуваат они други луѓе наместо да чекаат ? Или битно е титулата да ја имаат а тоа што во пракса не знаат ни 1% да применат од изученото нема врска.
 
Кои црни магистри гледам фирмата на братучед ми вработуваат човек преку оглас, тоа CVата ко деца со посебни потреби да ги правеле. Магистри со правописни грешки, несредени цв-а , фалат информации итн. Полни сме со проста раја.
 
Паметните бегаат од МК.
 
Паметните бегаат од МК.
Така де јасно ми е, не ќе патат ради неписмените. Ама човек со титула магистер да не знае цв да напише е срамота
 
Една и главна причина за неперспективност на економистите е тоа што било кој со било кое школо може да им влезе во струката. Па така гледаме медицински сестри кои водат сметководство, ветеринари работат со извозно-увозна документација, правници вршат материјално работење и сл.
Од друга страна економистите не можат да бидат ни правници ни лекари ниту па ветеринари. Ете затоа оваа професија е неперспективна.
 
Клишето-“Абе нас не ебе системот“.

Пренатрупаноста е најголемиот проблем. Не знам и јас со кој памет се запишав на правен, еве здравје боже ке дипломирам до Јуни и ке бројам дома парчиња паркет или плочки во кујна после. Се сеќавам уште средно кога се запишав следев по колку студенти примаат секоја година на правен, само на правни студии 300 во државна и 300 со кофинансирање, 7 години поминаа 4200 студенти се тоа, 70% од нив да се завршени пак е многу, плус да не ги сметаме тие од '70 и 80' генерацијата и тие што завршуваат по приватните факултети. И што е најстрашно, никако да го стават на мирување, што е многу-многу е.

И економски не е нешто поарен. Таму пак има повеќе смерови и повеќе студенти се запишуваат. :facepalm:
 
Кои црни магистри гледам фирмата на братучед ми вработуваат човек преку оглас, тоа CVата ко деца со посебни потреби да ги правеле. Магистри со правописни грешки, несредени цв-а , фалат информации итн. Полни сме со проста раја.
Колку е само ова точно. Не е проблемот (само) во бројноста на магистрите или дипломираните економисти/правници итн. туку во квалитетот на тие кадри.
 
Кои црни магистри гледам фирмата на братучед ми вработуваат човек преку оглас, тоа CVата ко деца со посебни потреби да ги правеле. Магистри со правописни грешки, несредени цв-а , фалат информации итн. Полни сме со проста раја.

Баш тоа и ми е поентата џабе дипломирале, магистрирале со просеци 9-10 кога немаат допирна точка со реалноста мислат дека ако набубаат нешто и добијат добри оценки тоа значи дека ќе најдат и одма работа или ќе бидат успешни во бизнисот. Младите не се трудат да научат, да волонтираат и сами да наоѓаат пракса макар и денар да не им даваат, сепак ќе научат нешто иако и образовниот систем не ни е баш добар праксата е најважното нешто а кај нас на факултетиве скоро и како да ја нема. Она што се учи на факултет и работата што ги следува има огромна разлика и нема ептен многу да им помогне..

А ова со правен е уште по-смешно, уште малце ќе имаме по 1 правник на секој 3 жители во државава :D
 
Ова е интересна тема што го мачи секој млад човек не само економскиот никој не е просперитетен... Некој ке праша зашто,а одговорот е едноставен СЕ Е ПРЉАВО И СМРДИ ДИРЕКНО ОД ВРВОТ,ТРУЛО ОПШТЕСТВО ИЗЕДЕНО ОД ЦРВОТ.
Убаво им викаат запишувајте се на технички факултети можеби некогаш ке ви се најде:) а овааа децата слушнале дека ке седат у канцеларија и се лажат па сега од како оваа власт пушти кампања и 94,9% се запишуваат на факултет незнам што ке не чека во иднина кога во секое мало гратче што едвај има по 2 до 3 компаниии ке дојадт 20 економисти,50 правници и преку 100 филозофи:tapp:.
Така да економскиот може да се каже дека спаѓа во групата на средно жалосно потрошено време има и полоши тешете се со:Педагошки,одбрана,филозофија,социјологија итн итн.
 
Абе у принцип колку повише имаш од нешто толку повеќе му паѓа цената и помалку имаш шанса да се вработиш ако си тоа.
Од друга страна струки како електричар или слично се многу барани и платени во Македонија, баш поради дефицитот на луѓе кои ја познаваат таа струка. Сеа сите се запишуваат на факултети, што не е лошо, но сепак потребни се и занаетчии за некои ствари. Економски и правен факултет си се супер, али исто и ја мислам дека причината поради која нема толкава побарувачка е што можеш да ринеш правници и економисти со лопата. Е сеа, економски факултет може да ти овозможи почетни знаења да си отвориш бизнис, а колку ќе бидеш успешен у истиот тоа е питање на снаодливост, познанства и почетен капитал. Така да со завршен економски, до човекот е повише неголи до струката која ја завршил.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom