Во Бугарија (и во многу земји низ светов) има социјални центри кои едуцираат и згрижуваат бесплатно. Верувале или не, таму има голем број на Роми кои доаѓаат да учат. Јеби га, нема секој да ги плаќа оние партиципации и трошоци што се по школите. Нема „секој своето“, твоето е цела планета, грижи се за него без разлика во која форма е!
Јас строго го осудувам чинов, доколку е вистина, и верувам дека вината, пред сѐ, лежи во самите луѓе што го прават тоа. Но да не заборавиме дека многу од нив се ментално неразвиени, луѓе со умствен хендикеп и не можеш тек така да ги истепаш поради тоа... Почовечно би било доколку го прибереш во болница и го стерилиизираш, отколку да го тепаш и убиваш, само затоа што ги немал/а истите услови за живот како и ти.
Во Велес има една жена со неколку деца. Се влечка по улиците и ги раѓа како кутриња. Еднаш, изреволтирана и згрозена од една глетка, со целиот памет ѝ се развикав затоа што ги раѓа, а не може да ги гледа... До ден денес очајно се каам поради мојата постапка. Жената очигледно е ментално заостаната, освен тоа, постои огромна веројатност да била силувана... Кој е овде монструм и нечовек, таа или јас? Кој треба во овакква ситуација да биде осуден? Истото важи и за шитхедиве што протестираат, тепаат и убиваат.
--- надополнето: 25 август 2013 во 23:07 ---
Like i said, потребно е да се најде начин како да ги едуцираш. Ај да речеме дека овие генерации се осудени на пропаст, нивните деца барем можеш да ги спасиш. Знам за многу будалештини што ги прават со парите... Јасно ми е.