Зошто да верувам во Бог/Алах

Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
777
Голема заблуда е да речиш дека некој што е верник и по дифолт е и добар.
Човекот можи да е добар по душа од раѓање, а никако од неговите верувања и учења.
Браво за донацијата ..
Никаде не реков верник = добар
Се сложувам со последното .
 
С

Само Човек

Гостин
Интересно .. се сложувам ..
Туку темава е поконкретно насочена кон 90% од верниците за кои баш идењето во црква, бакнување на рака на поп ги прави верници ... или пак спротивно .. ако тоа не го направиш тогаш си неверник ...
И кон оние за кои Библијата и Куранот се алфа и омега (во однос на верувањето во Бог) и ништо лево или десно од тоа не постои, никаква друга филозофија не прифаќаат ..

За да не ме етикетира некој како атеист .. јас не велам дека „Бог“ не постои но не велам ни дека постои :)
според ова твоево јас сум нверник, небитно баш сакам да видам мислења на темава
--- надополнето: 3 јуни 2012 во 13:56 ---
Затоа што знам дека има некоја сила,која има интелегенција и не ги така случајно врши работите...зар стварно има уште луѓе што мислат дека такви сложени системи како галаксии,планети,животни и човековата креација можат да се случајни,по грешка направени??
Кој верува ради традиција,или ради страв,тој не е верник.
Верувањето не е мода,традиција,верувањето е најинтимна ствар на човекот...идењето во црква,бакнување рака на поп не те прави верник,туку тоа е внатре,својата животна филозофија да ја насочиш кон тоа што веруваш...
браво за болдот
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Јас би на надополнил листата со бог/алах/Америка.

Зошто меѓу тие три ако веќе би се молел на "нешто" највеќе има смисла да се молиш на "Америка" .

Зошто Aмерика?

Затоа што ако веќе би се молел за нешто првите две ми немаат никаква смисла, а Америка ги има скоро сите особености што треба да постојат кај "бог". Америка решава како ќе се викаш, Америка решава што ќе правиш, Америка решава каде ќе живееш, Америка решава како ќе живееш, и Америка решава ДАЛИ ќе живееш.

Односно се во нашиот скуден живот и нашата "судбина" зависи од ... Америка.
Не верувам во господ, верувам само во себеси, но ако веќе би се молел на "нешто" највеќе ми има смисла да се молам на "Америка".
Ем ЗНАЕШ дека постои, ем дирекно ги гледаш последиците од неа. Плус место во црква да одиш би одел во Америчка амбасада. Знаеш дека некој барем буквално ќе те "слушне" .
 
S

Sagan

Гостин
Јас верувам во господ Исус Христос затоа што себе си се сметам за раба божја исполнета со Неговата мудрост, добрина и знаење и како таков не можам да прифатам дека после мојата телесна смрт, целата таа интелигенција и генијалност ќе ја снема.

:D
 
Ф

ФилипМакедон

Гостин
Интересно .. се сложувам ..
Туку темава е поконкретно насочена кон 90% од верниците за кои баш идењето во црква, бакнување на рака на поп ги прави верници ... или пак спротивно .. ако тоа не го направиш тогаш си неверник ...
И кон оние за кои Библијата и Куранот се алфа и омега (во однос на верувањето во Бог) и ништо лево или десно од тоа не постои, никаква друга филозофија не прифаќаат ..

За да не ме етикетира некој како атеист .. јас не велам дека „Бог“ не постои но не велам ни дека постои :)
И Библијата и Куранот вреди да се прочита неколку пати,и двете се слични во филозофијата,само со друг пакување...кој ги прочитал и ги протумачил внимателно ке сфати дека доколку сакаш да си верник не ти треба идење во црква,попови,оџи,џамии и сл.
Во Библија убаво си пишува :
Подигни камен,тука ке ме најдеш(се мисли на богот),расцепи дрво и тука ке ме најдеш...
што повеќе треба да се каже :)
А за официјалните претставници на Религиите,мислам дека се е јасно,се однесуваат како компании да се ,од ништо прават пари,подбуцнуваат народи на омраза и сл...создадени за контрола на крупни маси...
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Значи едноставна тема во која и муслиманите и христијаните би биле на една страна и би дебатирале со атеистите и останатите неверници (бу бу) зошто треба да веруваат во Бог или Алах
Нов џихад во религијата? Вклучете ги и православните да ги уништиме сите неверници.:eek:
Како може муслиманите и христијаните да бидат на една иста страна поготово во Македонија?:confused:
Иначе изјаснувањата на атеистите низ темиве нудат повербални информаци за човек да биде неверник одколку верник- така да залудно е да се дебатира ако е целта да еден атеист го убедуваме да верува, или еден верник да премине во атеист.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Зошто да верувам во Бог?
Затоа што бара неспоредливо помала вера од верата на атеистите во материјализмот и натурализмот како објаснувања за настанокот на Универзумот и животот.
Со други зборови, поразумно ми е да верувам дека екстремно сложените и комплексни созданија некој ги создал, отколку да верувам дека тие случајно настанале со самоорганизирање на материјата под водство на слепите сили на самонастанатиот Универзум.
 
M

Mr.InF3ction

Гостин
Ако ги нема атеистите на форумот воопшто нема да се дискутира околу религија на форумот :icon_lol:
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
И Библијата и Куранот вреди да се прочита неколку пати,и двете се слични во филозофијата,само со друг пакување...кој ги прочитал и ги протумачил внимателно ке сфати дека доколку сакаш да си верник не ти треба идење во црква,попови,оџи,џамии и сл.

Во Библија убаво си пишува :
Подигни камен,тука ке ме најдеш(се мисли на богот),расцепи дрво и тука ке ме најдеш...
што повеќе треба да се каже :)
Епа има нешто повеќе да се каже, како на пример дека тоа „убаво“ не го пишува никаде во Библијата :)
Јас сум ја прочитај и тумачел внимателно Библијата и ти велам дека таа има сосема различно учење од Кур'анот, тие немаат слична филозофија.
Се сложувам дека доколку си верник не мораш да одиш во црква, но доколку си верник-христијанин, тогаш ти ќе сакаш да си дел од Црквата која Христос ја создал, по примерот на апостолите и другите Христови ученици. Се разбира, библиски под терминот „црква“ не се подразбира храм (градба), најмалку пак храм полн со идоли и византиски фолклор (читај храм на МПЦ), туку библиски терминот црква значи собир на верните.
Исус рекол (ама навистина рекол):
„Зашто каде се двајца или тројца собрани во Мое Име, таму Сум и Јас посреде нив.”“ (ев. Матеј 18:20, Библијата)

Понатаму во Библијата пишува:
„Да не ги напуштаме своите собири (црквата е собир), како што некои имаат обичај, туку да се бодриме еден со друг“ (Евреите 10:25, Библијата)

Христијаните се повикани да се молат заедно (и еден за друг), да си ги исповедаат гревовите, да ја извршуваат Господовата спомен вечера (причест), да се поучуваат итн. Сето ова подразбира заедништво на верници, а не соло-верник.
Христовата Црква во Библијата е наречена Христово тело, а верниците се наречени органи кои се меѓусебно поврзани во тоа тело. Самата илустрација подразбира заедница.

Значи муабетот можеби ти држи за одредени типови на верници (од други вери), но не и за христијаните.
Поздрав.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Докажано е дека БОГ постои! (во фантазијата на верниците)
Тука е нивниот лимит. Не дека не сакаат да знаат што има понатака, туку се плашат од одговорите.
За нас неверниците, премногу мало чудо е да се верува во еден обичен поим - "Бог".
Менталната еволуција створила платформа врз која може да се одвива транзицијата од верник во истражувач.
Не е задолжителен апгрејд, некој си сака да фура на мс-дос, некој на виндоус 8. Секој си има избор.
Јас избрав да верувам во многу поголеми чуда, чии одговори се наоѓаат во времето што доаѓа, а не во историјата.
(ако воошто се прифаќа хронолошкото разбирање за поимот - време)
 
В

влијателен

Гостин
Зошто да верувам во Бог?
Затоа што бара неспоредливо помала вера од верата на атеистите во материјализмот и натурализмот како објаснувања за настанокот на Универзумот и животот.
Со други зборови, поразумно ми е да верувам дека екстремно сложените и комплексни созданија некој ги создал, отколку да верувам дека тие случајно настанале со самоорганизирање на материјата под водство на слепите сили на самонастанатиот Универзум.
Точно. Полесно е да веруваш во приказни, отколку да се сомневаш.
 
Член од
3 октомври 2008
Мислења
451
Поени од реакции
164
Па сите верници треба да знаат дека вербата во Бога не е само да веруваш дека Тој постои. Обожавањето на Бога се реализира преку практикување на заповедите кои Тој ни ги дал преку Неговите пророци. А се знае дека све што доаѓа од Бога е за наше добро и не учи и не упатува кон добри дела.

И обожавајте го Бога и немојте ништо да му здружите! И бидете добри кон вашите родители и блиски, истотака кон сираците и сиромашните, кон соседите и другарите, кон патниците и со тие што се под ваша грижа!

(Коран, Ен-Ниса, 36)

Еден од 5 столбови на исламот е да се даде зекатот. Тоа е се прави еднаш годишно и со тоа секој муслиман, кој има стекнато некое богатсвто мора да одвои 2% од тоа и да го даде на тие што е најпотребно.

Забранет алкоол, забрането пушење цигари, дрога, предбрачни односи, неверство, крадење, забрането свинско.

Исламот повикува на хуманост и на солидарност. Во Коран, Бога преку 100 пати повикува да им се помогне на сиромашните.

Истите овие работи ги имате и во Библија. Истите заповеди им се дадени и на Мојсеј и на Исус (нека е Божјиот мир и милост над нив).

Кој спасува човечки живот е исто како да го спасил целото човештво.

ПС

Вчера тоа што го видов на Сител беше премногу трогателно. Нека Семоќниот Бог му е напомош на нашиот другар и дај Боже да заздраве.

А Груевски нека продолжува да гради споменици, нека ги троши милионите на безвезе работи.

Е ова ти е парадокс, единствена држава во светот каде еден споменик вреди повеќе од човечки живот.

ГРУЕВСКИ, АЛАХ (БОГ) ВЕЛИ ДА ГО СПАСИШ ДЕТЕТО! ЌЕ ТИ СЕ СМЕТА КО ДА СИ ГО СПАСИЛ ЦЕЛИОТ СВЕТ!
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
За христијаните би било зошто да верувам во Бог
За муслиманите зошто да верувам во Алах

Значи едноставна тема во која и муслиманите и христијаните би биле на една страна и би дебатирале со атеистите и останатите неверници (бу бу) зошто треба да веруваат во Бог или Алах

За да одат во рајот после смртта (да избегнат пекол) ?
За да имаат 72 девици ?
Поради семејна, национална традиција ?
итн итн ...

Поради стравот дека после смртта ќе се оди во пекол?​
Поради неможноста да се свати смртта дека после тоа нема ништо ..​
Или пак надежта за живот/постоење после смртта? (надежта последна умира нели, па и на смртна постела се надеваме дека не е тука крајот)​
:)
Пред се’ поради Љубовта БОЖЈА во Која е единствената Совршена Вистина, темелот на нашето постоење и спасение!​
Баш Таа Љубов БОЖЈА - пред околу 2000 години - Единствениот Вистински и Совршен БОГ Ја отелотвори во Господа Исуса Христа!​
Зашто сигурно знам дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината, ни височината, ни длабочината, ниту, пак, кое било друго создание нема да може да не’ оддели од Љубовта Божја во Христос Исус, нашиот Господ!

(Еп. Римј. 8:38 ...)
... едно прашање до верниците ... дали сте хумани и донирате (еве последниот случај со детето на кое му откажува срцето и многуте такви примери во последно време)​
.

Подолу е цитат кој им укажува на верниците како треба да се однесуваат кога некој е во незгода, но те молам кажими за кое дете конкретно се работи тука во твоето спомнување?


Гледајте да не ја покажувате својата праведност пред луѓето само за да бидете забележани; инаку, нема да имате награда од вашиот Отец небесен.
И така, кога даваш милостина не разгласувај, како што прават лицемерите по синагогите и по улиците, за да ги фалат луѓето. Навистина ви велам, тие веќе ја добиле својата награда.
А ти, кога даваш милостина, да не знае твојата лева рака што прави десната,
за да биде твојата милостина тајна; и тогаш, твојот небесен Отец, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно.”

(Ев. Матеј 6)

п.с. Моето дете беше оперирано на срце од човек и екипа кои во своето слободно време со од БОГА дадените им таленти - и од луѓе донираните материјални средства - им помагаат на дечиња и фамилии во тешки услови!

БОГ да им плати - и надплати - на сите луѓе со добра волја и вера!

Амин!

.
 
Член од
16 април 2012
Мислења
333
Поени од реакции
217
Зошто да верувам во Бог?
Затоа што бара неспоредливо помала вера од верата на атеистите во материјализмот и натурализмот како објаснувања за настанокот на Универзумот и животот.
Со други зборови, поразумно ми е да верувам дека екстремно сложените и комплексни созданија некој ги создал, отколку да верувам дека тие случајно настанале со самоорганизирање на материјата под водство на слепите сили на самонастанатиот Универзум.
Терминот атеист строго значи само НЕ ВЕРУВАЊЕ во бог. Со болдираново ги мешаш работите.
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Па потребна е вербата во бог од едноставна причина. Човекот од секогаш барал цел/утеха за неговото постоење

Бог ? - за мене е само една добра утеха за да го оправдаме нашето постоење и да се осеќаме дека сме нешто повеќе од уште еден вид на еволуција на оваа мала планета.

Реалноста е дека јас и ти се разликуваме од едно куче во тоа што ние како доминантен вид на планетава почнавме да сме свесни за нашето постоење и со тек на време благодарение на нашето социјално однесување се оформи ова општество, и нормално дека две глави се подобри од една па и неколку милјарди се добредојдени, па така почна индустриската револуција и бумот во човековото постоење и тако далје да не одам оф топик

А кога би постоел бог тогаш би постоел и тој духовен свет ...... а како би изгледал ? .... можете ли да замислите некое место каде што милјарди,милјарди души уживаат во рајот или патат во пеколот ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom