Уствари те разбирам шо сакаш да кажеш. Само тоа што сакаш да го кажеш или доживееш неможеш. Треба да се претвориш во КиМи да се шеташ по соседството и да пропагираш глобализам и слично. А тоа знаеш дека неможе да се случи. Барем не во блиска иднина.
Од друга страна кога некој ти удира шлаканица... хммм, :raz: мислам дека нема да бидеш баш многу христијанин нели, па да свртиш и друг.
Јас одбирам да тепам кога некој ми мава шамар. А за да го докажам мојот хуманизам, тепам само кога дома некој ми продава локал патриотизам кој директно ме навредува. Ако морам да одам на гости се воздржувам, се додека домаќинот не стане его-нацистичка свиња и почне да ми кажува што всушност сум јас по потекло. Тогаш тепам и надвор од дома...
Значи има разлика од тоа што ти не обвинуваш и тоа што навистина е...
Значи, кога те нервира некој тепаш а! Браво! Вистински патриот, троа со тоталитаристички моменти, ама нема веза.
И јас инаку би бил христијанин, ако христијаните ко тебе беа христијани 24 саата на ден.
Јас не ти забранувам да се изјаснуваш како сакаш, тоа никако, со тоа и самиот себеси се негирам. Оти живеам меѓу народ кој ме негира поради тоа што самиот одбивам да се претопам во масата, соодветно и од вас не очекувам ништо поинаков пристап.
„Не прави некому тоа што не сакаш да ти го прават тебе“ - нешто зар`ѓавело тоа а!