Зошто алкохолот е легален?

  • Креатор на темата Креатор на темата sneui
  • Време на започнување Време на започнување
Мене ми е многу интересно како членот што ја отвори темава постојано споредува користење на дроги со ЗЛОУПОТРЕБА на алкохол. Значи има разлика од користење на алкохол и негова злоупотреба. Разликата е во тоа што алкохолот во умерени количини не ја менува моја свест. Ќе се напијам јас 2 чашки ракија и ќе седнам ќе возам, нема проблем. Но што се случува кога ти ќе земеш една "доза" ЛСД да речеме и ќе седнеш да возиш?
Ти велиш дека ќе го правиш тоа во контролирани услови така, епа јебига некој ќе земе и ќе направи триста глупости. Сеа ќе речеш па некој ќе земе ќе се изнапие и ќе го направи истото. Да, точно, ама тој го злоупотербил алкохолот. Тоа е вистинската разлика. Финтата е што ти ако конзумираш одредени дози на алкохол, тогаш нема проблем, не ти се нарушува можноста за расудување, функционираш нормално. Значи кај алкохолот постојат две можности, ќе си конзумираш во одредени количини и ќе си функционираш нормално, или ќе се изнапиеш и ќе бидеш нешто као "дрогиран". Финтата е што кај дрогата има само една можност.
Се знае кои се последиците на нејзиното користење.
Ова е исто како да речеш, зошто поседувањето на оружје е легално. Некој човек може да земе пиштолот и да излезе на улица и да утепа 10 луѓе. Ама што направил тој тогаш? Го злоупотребил своето право на чување оружје. Не може заради некои нерационални однесувања да се забрани нешто.
Ај да го забраниме и лепакот,боите и што ти ја знам таму. Има луѓе што ги злоупотребуваат.
На крајот, луѓето не ги интересира дали дрогата е штетна или здрава. Нема тоа никаква врска со "легализацијата". Проблемот е во тоа што дрогите влијаат на твојата свест. Ти го менуваат рачинот на размислување, ти ги намалуваат моторните функции итн... Никому не му е проблем ако ти си се дрогираш дома, проблемот доаѓа кога "high"/нафиксани луѓе ќе излезат на улица и претставуваат опасност не само за себе, туку и за другите луѓе.
А да ќе заборавев, многу ми е интересно кога луѓето ми споредуваат алкохол и ете ти што имаше речено (екстаза беше мислам) во стилот : "Абе брат ќе пиеш алкохол другиот ден мамурлак,повраќање,главоболка, а јас ќе си земам ова и другиот ден како нов". Да другиот ден си како нов, ама ти споредуваш конзумирање на дрога со злоупотреба на алкохол. Земи ти 10тина екстази наеднаш, па ќе ми кажеш како ќе се чувствуваш од сабајле, ако воопшто се разбудиш...
Се што кажа дека важи за алкохолот важи и за дрогата и нејзината злоупотреба. Прочитај сам наведов линкови за индексот harm to others кај лсд и алкохолот и ќе видиш која е разликата и која дрога од овие двете предизвикува поголеми штети.
 
Абе хејтер, човекот си доручкува успат, си работи, си пивнува. Мало шишенце цело го полни цело го празни. Сум се чудел и ја, седнете пиете ќе видеш. :D
Ама тоа не вика дека на долги стази нема да закачи некој рак, или да умре од инфаркт. :D Шо значи дека алкохолот си носи опасности исто ко шо носи пример хорсот, само шо едното е поскапо од другото, и нелегално.
 
Проблемот во твоето излагање е колку е препорачливата доза на ЛСД ?
Сите знаеме колку е препорачливата доза на алкохол, ама не и на дрогите, можеби таа "доза" на ЛСД е 4-5 пати повеќе од препорачано. Разликата меѓу алкохолот и ЛСД е кај алкохолот можеш пополека да дозираш, кај ЛСД (најчесто тоа што го нарекуваш "доза" ти е од дилерите и не е медицински направено, туку е економски направено) го земаш цело. Можеби кога ЦИА би ги објавила извештаите за колку е правилното дозирањето не би имале проблеми. Сите знаеме колку била лошата дрогата, па не баш ни фалат информации за дозирањата, за чистината и ред други работи, што би биле достапни за сите, како што е во случај со алкохолот
Знаеме, тоа што многу на фпрумов и надвор од него незнаат тоа незначи дека незнаеме. Прагот над кој има ефект е 25 микрограма. Погледни ги видеата на претходните страни, конкретно во едно од истражувањата се користи 100 микрограма. Дилерот знае што продава и може да ти каже која е јачинината. Ти можеш после да ја поделиш дозата како што сакаш. Има луѓе што претеруваат и земаат над 300 микрограма затоа и настануваат проблеми и немаат контрола над трипот значи се работи за класична злоупотреба.[DOUBLEPOST=1414931688][/DOUBLEPOST]
koi vi se tie muabeti be ako ispies 20 aspirina i on ke bide steten....ne mi e jasno....od 20 aspirina nekoj ubil li use 4 dusi so se nego?
Има луѓе кои умреле од еден аспирин[DOUBLEPOST=1414931822][/DOUBLEPOST]
Ама тоа не вика дека на долги стази нема да закачи некој рак, или да умре од инфаркт. :D Шо значи дека алкохолот си носи опасности исто ко шо носи пример хорсот, само шо едното е поскапо од другото, и нелегално.
Па не би рекол баш дека хорсот е нешто многу поскап од алкохолот, посебно од квалитетно виски на пример.
 
Последно уредено:
Ама тоа не вика дека на долги стази нема да закачи некој рак, или да умре од инфаркт. :D Шо значи дека алкохолот си носи опасности исто ко шо носи пример хорсот, само шо едното е поскапо од другото, и нелегално.
Какви црни долги стази бре, човекот има 80+, цел живот е така. Природно си ја прави, ја мислам дека освен шо организмот и јетрата му се обгорени и со вкус на ракија нема никакви последици. Зборот ми е, не дека нема апсолутно никакви последици, али не ни можеш да ги споредиш со последиците од некоја посериозна дрога. Крај краева, иди дрогирај се, ја ќе пијам. :D
 
Се што кажа дека важи за алкохолот важи и за дрогата и нејзината злоупотреба. Прочитај сам наведов линкови за индексот harm to others кај лсд и алкохолот и ќе видиш која е разликата и која дрога од овие двете предизвикува поголеми штети.
Значи како што кажав и под дејство на алкохол можеш да направиш глупости исто како под дејство на дрога. Разликата е во тоа што алкохолот можеш да го пијуцкаш од мерак, онака ете една ракија со салата, или една чаша вино на ручек. Е сеа кажи ми, дали некој се дрогира така по малце, колку за ќеиф, онака ич да не те фати? Која е тогаш поентата на "дрогирањето"? Тоа сакам да го кажам, дека алкохолот има повеќе намени за разлика од дрогата, која се користи за исклучиво една цел. Не е битно дали ЛСД-то е штетно или полезно за твоето здравје, не е битно дали си агресивен или мирен, тажен или среќен, битно е дека твоето свесно размислување е нарушено. Ако твоето свесно размислување е нарушено, ти не можеш да ги извршуваш секојдневните обврски, работата, итн...
Не е битно колку линкови ќе постираш за тоа дали нешто е штетно или не, факт е дека ако земеш една "доза" на ЛСД, ти можеш да станеш закана за општеството.
ЧОВЕК1 + ЛСД != ЧОВЕК1
ЧОВЕК1 + ЕДНА РАКИЈА = ЧОВЕК1

Еве ме интересира, дали има некој начин на кој јас би го користел ЛСД-то, да биде полезен за мене а да не ми влијае на свесната состојба?
 
Еве ме интересира, дали има некој начин на кој јас би го користел ЛСД-то, да биде полезен за мене а да не ми влијае на свесната состојба?

Да го дилаш.
 
http://www.drugwarfacts.org/cms/Addictive_Properties#sthash.tZ41B3ba.dpbs

comparecht.gif
[DOUBLEPOST=1414933889][/DOUBLEPOST]
Е сеа кажи ми, дали некој се дрогира така по малце, колку за ќеиф, онака ич да не те фати?

Да. Иста е поентата, од ќеиф.

Тоа сакам да го кажам, дека алкохолот има повеќе намени за разлика од дрогата, која се користи за исклучиво една цел.

Не е точно. Се користат и како pain killers, стимуланти, седативи.

Не е битно дали ЛСД-то е штетно или полезно за твоето здравје, не е битно дали си агресивен или мирен, тажен или среќен, битно е дека твоето свесно размислување е нарушено. Ако твоето свесно размислување е нарушено, ти не можеш да ги извршуваш секојдневните обврски, работата, итн...
Не е битно колку линкови ќе постираш за тоа дали нешто е штетно или не, факт е дека ако земеш една "доза" на ЛСД, ти можеш да станеш закана за општеството.

Ни ова не е точно. Гледај каде е алкохолот а каде ЛСД.
http://en.wikipedia.org/wiki/Alcohol_abuse
HarmCausedByDrugsTable.svg
 
Последно уредено:
Значи како што кажав и под дејство на алкохол можеш да направиш глупости исто како под дејство на дрога. Разликата е во тоа што алкохолот можеш да го пијуцкаш од мерак, онака ете една ракија со салата, или една чаша вино на ручек. Е сеа кажи ми, дали некој се дрогира така по малце, колку за ќеиф, онака ич да не те фати? Која е тогаш поентата на "дрогирањето"? Тоа сакам да го кажам, дека алкохолот има повеќе намени за разлика од дрогата, која се користи за исклучиво една цел. Не е битно дали ЛСД-то е штетно или полезно за твоето здравје, не е битно дали си агресивен или мирен, тажен или среќен, битно е дека твоето свесно размислување е нарушено. Ако твоето свесно размислување е нарушено, ти не можеш да ги извршуваш секојдневните обврски, работата, итн...
Не е битно колку линкови ќе постираш за тоа дали нешто е штетно или не, факт е дека ако земеш една "доза" на ЛСД, ти можеш да станеш закана за општеството.
ЧОВЕК1 + ЛСД != ЧОВЕК1
ЧОВЕК1 + ЕДНА РАКИЈА = ЧОВЕК1

Еве ме интересира, дали има некој начин на кој јас би го користел ЛСД-то, да биде полезен за мене а да не ми влијае на свесната состојба?
Многу неточно рамислуваш. Има многу луѓе кои се дрогираат од ќејф, по малце како што викаш ти, рекреативно и со контрола. Тоа што ти имаш претстава за дрогата како нешто што неможе да се користи со усул тое е само од твое незнаење. Колку само е битно како се чувствуваш кога зимаш лсд немаш ти претстава. Тоа е најбитно нешто од кое зависи каков трип ќе имаш, bad or good.
 
Сакаш да ми кажеш дека ако еве, ти кој имаш искуство, земеш ЛСД со усул, можеш без проблем да возиш кола после тоа?
 
Сакаш да ми кажеш дека ако еве, ти кој имаш искуство, земеш ЛСД со усул, можеш без проблем да возиш кола?
Исто како што не е препорачливо да возиш кола на алкохол така и на ЛСД не е препорачливо. Да влезеш во кола и да возиш алкохолизиран или дрогиран е злоупотреба, тоа може да го направат само истите оние идиоти за кои збориш дека се без осет и усул. Тоа се идиоти и кога се трезни и кога се пијани и кога се издрогирани, до нив е, не е до алкохолот и дрогата. Инаку да, можеш, ако имаш претходно искуство со ЛСД и ако земеш мала доза, како и што можеш да возиш со две чаши вино а неможеш со две флаши вино. Моториката на ЛСД ти е многу подобра од моториката која ја имаш на алкохол. Моториката при алкохол е ужасно бавна и затоа најчести се сообраќајки под дејство на алкохол. Си чул ли ти некогаш за сообраќајка предизвикана од ЛСД? Пак ќе повторам зависи од дозата, има дози при кои немаш халуцинации и можеш да управаш со кола, али пак ќе повторам не е препорачливо.
Ти човек имаш многу погрешни информации и немаш искуство, затоа вака збориш. Доколку имаше искуство ќе сфатеше зошто јас упорно се чудам како тоа алкохолот е легален а другите изменувачи на свеста се нелегални и ги викаат дроги. Дистинкција меѓу нив не најдов. Ти се обидуваш да ја направиш таа дистинкција али разбери дека не успеваш во тоа, затоа што кажуваш неточни, општопознати, општонародно прифатени тешки дезинформации.
1. Не се станува зависен од едно пробување! Ова е најголемата глупост што се шири низ народот. Многу луѓе користат дроги рекреативно и водат сосем нормален живот. Мал е бројот на забегани наркомани кои завршуваат со смрт, исто како што има многу луѓе кои совесно користат алккохол и не се зависни, односно не пијат од сабајле до вечер.
2. Дозата може да се контролира. Можеш да земеш доза при која ќе се чувствуваш супер и ќе имаш потполна контрола врз се што правиш, никој нема да може да те познае дека си користел дрога. Алкохолот смрди посебно ракијата и една чашка да се напиеш цел свет ќе знае дека си пиел. Немора да ја зголемуваш дозата доколку направиш пауза од недела или две. Исто како и кај алкохолот што немора да опнеш 10 чаши за да те фати ако не го пиеш секој ден. Ако го пиеш секој ден и литро малку ќе ти биде, исто е и со дрогата ако ја зимаш секој ден се поголема доза ќе ти треба. Повеќето луѓе не конзумираат секојдневно и немаат вакви проблеми со алкохолот ниту со дрогата. Мал е бројот на тешки зависници, тоа се луѓе со порочен карактер кои ако не станат алкохоличари, ќе станат коцкари, ако не станат коцкари ќе станат наркомани, ако не станат наркомани ќе извршат самоубиство итн, тие се самодеструктивни без самоконтрола и ќе наебат и вака и така, прашање е само на време.
 
Легален е ами како, шо ќе се напијет мајсториве тогај ами?
 
Никогаш не сум можел да разберам зошто од сите супстанци кои ја менуваат свеста баш алкохолот е дозволен и легализиран со што секое полнолетно лице може да го конзумира колку што душа му сака?
Дали доколку алкохолот беше откриен денес, ќе станеше легален?
Затоа што од многу одамна алкохолот е легален и се консумира во поголем дел од државите во светот. Човек у принцип тешко прифаќа нови производи секогаш е скептичен, а водачите на светот поготово фармацевтските гиганти не им одговара да се легализира марихуаната пошто од неа ке се создадат многу лекови ама вистински лекови а не продолжувачи на животот какви што баш тие фармацефтски компании произведуваат само за профит, а не за некој да биде излечен, пошто кога ке биде некој излечен веќе не купува "лекови" односно не им прави промет и тоа не им иде у прилог.
Лугето кога го пушат тоа растение се чувствуваат подобро него кога пијат алкохол, помалку штетни ефекти има и затоа во главите ни набиваат негативни информации за тоа растение. Претерано користење е штетно но исто така е штетно и се друго ако се консумира во преголеми количини.
Замислете алкохолот да беше нелегален, знаете колку ке беше скап и помалку квалитетен? Истото се дешава и со дрогите, конкретно за марихуаната. Ако се легализира, ке поефтини и ке биде контролиран квантитетот и квалитетот, а тоа значи намален профит за некого.
Целта е народот да се држи во мизерија, глад, паника, за некој да контролира и профитира од таа ситуација. Образован, свесен и богат народ не се контролира баш така лесно.
 
Со поголеми букви последниот дел , да се читат поубо. Тој е муабетот другар , браво ! :cuc:
 
Да е до мене алкохолот строго би го забранил. Но никој не ме прашува мене.
 
За инат на муслиманите :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom