Зонско-револтирани граѓани (ваши искуства со Зонското паркирање)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Џабе ветувања за паркинзиве кога досега требаше нешто да направат за ем да добијат задоволни граѓани ем да добијат гласови, вака пробуваат да ловат нешто во матно. Жално е, многу е жално.
 
На денешната седница на Уставниот суд е донесена одлука да не се поведе постапка за Законот за комунални дејности, според кој се „ озаконува стопанисувањето “.
За ова извести Курир овака:
На седницата не беше поведена постапка за одредба за Законот за комуналните дејности, донесен 2012 година, со која се предвидува во комунални дејности покрај другото да спаѓа и изградба и користење на јавниот простор за паркирање и на објектите кои се наоѓаат на тој простор. Одредбата беше оспорена во смисла дека користењето на јавниот простор за паркирање и на објектите кои се наоѓаат на тој простор не можеле да се сметаат за комунална дејност. Судот одлучи да не поведе постапка затоа што право е на законодавецот да ја уреди материјата во врска со јавните простори па и јавните простори за паркирање поради што не се доведува во прашање сопственоста, ниту владеењето на правото.

http://kurir.mk/makedonija/vesti/10...za-dvata-clena-od-Zakon-za-obligacioni-odnosi
 
Голем преокрет за судбината на зонско во Центар!
Сега и вториот кандидат за градоначалник нуди бесплатно паркирање во Центар.
Тој вели:
О. Центар направи сондажа, испитување и анкета за потребите на граѓаните за паркирање. Откако детектиравме кои се проблемите, ние донесовме одлука заедно со Ј.П “Паркинзи” да понудиме бесплатно паркирање
На сите ви е јасно, каква сондажа, испитување и анкета направил...
Кога ја читав оваа изјава се прпелкав од смеење
За ова јавија телевизиите Алфа и Телма.
Погледнете и насмејте се:
http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=53563#.UVXRgBeG0rA
http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=15&item=25620
 
Попладнево поминав покрај депоата на општинските и градските пајаци кај железничката станица.
Двата општински пајака се таму паркирани, во депото нема никој и е заклучено
Градските пајаци сите се паркирани, видов двајца вработени, рампата е спуштена и нема никаква активност во врска „ стопанисување и поштено заработување ’
Очигледно пајаците се во „ предизборен молк “
Ако вечерва излегувате, чувствувајте се комотно....
Штета што локални избори нема секој 4 месеци....
 
Што комплицира Тодоровиќ, бесплатно во еден сектор во друг плаќаш, да најавиш гости, баби и дедовци..... бла бла. Направи бесплатно за сите, само во строг центар да се наплаќа 10 денари саат, толку е реално според нашиот стандард
http://www.plusinfo.mk/vest/86871/T...vski---od-deneska-besplaten-parking-vo-Centar
 
Што комплицира Тодоровиќ, бесплатно во еден сектор во друг плаќаш, да најавиш гости, баби и дедовци..... бла бла. Направи бесплатно за сите, само во строг центар да се наплаќа 10 денари саат, толку е реално според нашиот стандард
http://www.plusinfo.mk/vest/86871/T...vski---od-deneska-besplaten-parking-vo-Centar

Timeo Danaos et dona ferentes.
 
Picture 139.jpgПрегледај го приврзокот 61300Picture 141.jpg
Влезот во центарот на Скопје - погледот на градот и првите впечатоци.
Автокоманда - ова е далеку за пајаците на Јавното претпријатие за дерење на граѓаните,тие оперираат околу железничка станица и зелениот пазар и клиниките.
 
Од вчера наводно започнала да функционира новата „ концепција “, на ЈП паркинзи на Општина Центар. Според оваа нова концепција, „резидентите “ по телефон ќе пријавуваат каде ќе се движат и паркираат. Секаде ќе им биде дозволено безплатно паркирање, но мораат претходно, по телефон да ја пријават промената. Истото важи за гостите на „ резидентите “. И тие треба да бидат пријавени за добијат безплатно паркирање.
Еве како за ова известија Дневник и Сител
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=CDD006E1E442DE4FA61A1D0CA3211DBE
http://www.sitel.com.mk/besplaten-p...-i-za-chlenovite-na-nivnoto-potesno-semejstvo
 
Постојано тврдам дека „ стопанисувањето и поштеното заработување “ со зонско и пајак возила е срамно и гнасно.
Еве пример:
Претпријатието Венекс по пат на јавно-приватно партнерство „ стопанисува “ со пајаците во Општина Центар. Ова претпријатие претходно „ стопанисуваше “ со паркинзите во Клиничкиот Центар.
Сега ова претпријатие е предмет на истрага на Антикорупциската комисија.
За оваа известија Утрински и Дневник. Погледнајте за двата написа објавен е и мој коментар.
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=892732A2132D1E478D84692E00AB6816
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=358670A98D72B7479F09C85E442E45AA
 
Picture 159.jpgОгин да ги изгори.
Аир да не сторите во очите да даде господ златен.
А бре за пари нека биде работата,дробовите да му се попарат.
Краста господ и орлово=и нокти да ти даде,едепц“зу ниеден.
Орлите месата да ви тргат на белото видело,да рече господ златен.
Повелете каснете,срце ве јало,напите се - веда ве испила да испукате од неа.
Слепци да водите што го зедоте народот на душа,аир да не сторите да рече господ.
Ај да рече господ до век да се носите вака кркач.
Амин,амин што ми сакаш мене господ нека ти умножи тебе.
Од дрво нога да си направите - газди,закупци и сопственици на овие пајаци.
----------------------
Клетво во делата на Стале Попов
 

Attachments

  • Picture 160.jpg
    Picture 160.jpg
    195,2 KB · Прегледи: 20
Вчера, на 08.04., околу 17часот поминав покрај депоата на пајаците ка Железничка станица. Двете депоа беа отворени и полни со зонаши, но пајаците не „ работеа “. Во општиското депо беа паркирани двата пајака, а во градското пет пајака. Многу се изненадив, што пајаците се во депоата, бидејќи очекував дека после „ предизборниот молк “ ќе почнат засилено да „ стопанисуваат и поштено заработуваат “, за да го надоместат изгубеното.
Да видиме како во наредните денови ќе се одвиваат работите.
 
Во Утрински и Вечер, се објавени написи за изборите во Центар. Во овие написи јас напишав коментари и прашав:
Кој сака рампа или зона пред врата?
Овие мои коментари можете да ги погледате:
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=3F37BC8CE5BA2B4FA28CADBBD00C384F
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=C5575FCD2F70D84F87C1EEF2FDB1BDB9
Инаку смената на администрацијата во Центар, ни дава нова надеж, да издејствуваме укинување на зонско. Зонско има само во Центар и Аеродром и ако зонското се укине во Центар, автоматски ќе пропадне и во Аеродром.
Затоа е потребно да бараме и молиме за укинување на зонско во Центар.
 
Во Бриф е објавена многу смешен сатиричен текст, во врска со зонско паркирање - Тинекс воведува зонско наплаќање за стоење во ред на каса . Додека го читав мислев дека е сериозен но дури на крајот прочитав дека се работи за сатира.
Погледнете:
http://brif.mk/rakurs/tineks-voveduva-zonsko-naplakanje-za-stoenje-vo-red-na-kasa/
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom